Post Views: 5
Вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“.
Со одлука на Кошаркарската федерација на Македонија, спортската арена „Биљанини извори“ од 6-ти до 9-ти февруари ќе биде домаќин на овој извонреден спортски настан за сите љубители на кошарката.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Овој древен пијалок преживеал до ден денес во својот изворен облик и со право покрај чајот е најраспространетиот пијалок на светот.
За производство на пиво се користат четири природни состојки – вода, слад, хмељ и квасец, што е во согласност со законот за чистота на пивото кој потекнува од далечната 1516 година. (германски Reinheitsgebot). Спрема тој закон, за производство на пиво е дозволено да се користат само слад, хмељ и вода, а подоцна тој список е дополнет и со пивскиот квасец, за кој во времето на Reinheitsgebot не се знаело.
Во последните 30 години научните...
Post Views: 2
Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро.
Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот...
Post Views: 2
Лесковчани добиваат фекална канализација до крајот на годинава. Локалната самоуправа најави конечно решавање на овој горлив проблем со кој лесковчани се соочуваат долги години наназад. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека веќе е завршена првата фаза од проектот за изградба на канализацијата која се однесувала на трасирање на канализационата мрежа и решавање на имотно-правните односи, а Министерството за транспорт и врски веќе го објавило тендерот за спроведување на клучните втора и трета фаза, односно самата изградба на мрежата.
„Се надеваме дека по...
Post Views: 2
Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват.
Таа студија покажа дека е изводливо...
Post Views: 4
Со црковна молитва, запалени свеќи и традиционалното сечење на светисавскиот колач, денес, припадниците на заедницата на србите во Охрид и Македонија го одбележаа својот светец-заштитник, Свети Сава. За организацијата и одбележувањето на овој најголем празник за српската заедница се погрижи српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид.
„Во различни градови различно го празнуваат, на пример во Скопје го одбележаа вчера, во Битола го прават неколку дена однапред како „Светисавски бал“, а ние со традиција, сите седум години го славиме како слава, Свети Сава, ние србите...
Post Views: 1
Само цврста гаранција на Градежната Фирма Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот.
„Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во...
Post Views: 1
Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци.
Според координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание.
„Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е најголемиот...
Post Views: 3
За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата.
„ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...
Post Views: 1
Apple долго време припрема нови модели на смарт телефони и можеби оваа компанија за два месеца би требало да го претстави iPhone6, а можеби и својот прв фаблет. Со оглед дека iPhone ќе донесе, толку очекуван, голем екран чија дијагонала би била 4,7 инчи, бројни аналитичари очекуваат огромна побарувачка и оборување на рекордот по продажба, а овој модел би можел да привлече и многу корисници на Android кои најголемата мана во iPhone ја гледаа во малиот екран.Во Samsung се свесни дека овој модел на iPhone ќе привлече милиони нови корисници и како што пренесува Tech Radar,...
Post Views: 0
Стариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво...
Post Views: 2
Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.
„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе...