Ознака: овој

sv.sofija

Нема веќе паркинг пред црквата „Св.Софија“

Post Views: 0 Во рамки на разубавувањето на стариот дел од Охрид, денес ЈП “Градски гробишта“ започна со средување на просторот пред црквата Св. Софија и истоимениот ресторан, каде долг период несовесни возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период од годинава. Денес на овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден со што охриѓани ќе добијат привлечно катче за одмор и уживање во срцето...

Continue reading

vmro dpmne

Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 9 Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност  ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува...

Continue reading

sdsm

СДСM: Физибилити студијата за пазарот лошо изработена

Post Views: 5 Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на  Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. Советниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот истата...

Continue reading

april

Слевете го денот на шегата

Post Views: 3 Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале. Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април. Наскоро овие луѓе...

Continue reading

predupreduvanje

Националниот парк „Галичица“ опожарен

Post Views: 8 Националниот парк „Галичица“ опожарен. Само за четири дена овој месец во паркот се случиле два пожари. Првиот, кој зафатил површина од два хектари се случил на 20-ти март, кажа Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“ . Направен е увид на лице место и веќе се претпоставува  кои се сторителите на овие казнени дела, велат од  управата на паркот. Целокупната документација е испратена до органите на прогонот. –Според првите индиции од терен и разгледувањето на местото на пожарот се гледа дека станува збор за намерно палење. Според наши искуства,...

Continue reading

sednica

Содржаен дневен ред на 22-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 3 За овој вторник, 1-ви април, во 12 часот е најавена 22-та седница на советот на општина Охрид. На оваа седница охридските советници покрај 30-те точки од урбанистичката сфера,поточно точки кои се однесуваат на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Охрид, ќе расправаат и за висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија. Потоа на дневниот ред ќе се најде и  постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски...

Continue reading

kurs

УИНТ „Св.Апостол Павле“ за лицата од социјално загрозените семејства

Post Views: 6 Во рамките на активностите за општествена одговорност на  Универзитетот “Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно...

Continue reading

patokaz

Срушен уште еден уличен патоказ во Охрид

Post Views: 7 Овој пат настрада еден од уличните патокази на улицата „Марко Нестороски“. Уште во текот на вчерашниот ден патоказот беше срушен, но некој од совесните минувачи го тргнал од коловозот и го оставил пред дворот на една од станбените згради на оваа улица. Дали патоказот бил несoодветно поставен или едноставно станува збор за вандалски чин, не знаеме, но случувањата од минатотo и односот на охриѓани кон овие знаци оди во „полза“ на нашата негрижа. {loadposition content9}

Continue reading

futki

Уткаџии

Post Views: 6 Сопругата на премиерот се појави без шапка на кралската венчавка и покрај тоа што кралицата нареди сите дами да го носат овој моден детаљ. Хајлајт за моден невкус по правило се: принцезата Еугенија од Јорк во модел на  Vivienne Westwood и принцезата Беатриче од Јорк во Valentino. Сепак, тоа не е ни малку страшно колку фактот што британскиот фудбалер Дејвид Бекам направи гаф со тоа што го носеше на погрешна страна одликувањето кое го доби од британската кралица Елизабета II.Наместо да го постави одликувањето на левата страна, Дејвид гордо парадираше со споменатиот детаљ...

Continue reading

nivo na ezero

Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода

Post Views: 1 Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите  од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија. „Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација...

Continue reading

Летната сцена Долни Сарај хортикултурно се оплеменува

Post Views: 16 Долни Сарај една од најатрактивните летни сцени хортикултурно ќе се оплеменува. Со засадување на рози ќе се враќа нејзиниот некогашен сјај. Трајче Нумоски, сценско технички организатор во НУ „ Фестивалот Охридско лето“, во своето 4 децениско работење во оваа институција, го памети овој простор како цветна градина опкружена со безброј цвеќиња и зеленило. Тој е задоволен што после долго време се уредува овој простор.„ Од секогаш кога паметам се засадувале рози, цвеќе. Но, последните години ја запоставивме сцената која се користеше и беше сцена број еден на фестивалот...

Continue reading

opstina Ohrid

Нов долг на товар на општина Охрид

Post Views: 1 Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top