Ознака: овој

bazen

Пуштен во употреба отворениот базен

Post Views: 7 Пливачите на ПК Делфина го сефтосаа големиот пливачки базен кој работи во рамките на ЈП „Билјанини извори“. Од денес и официјално започна со работа отворениот базен за рекреативна и професионална употреба. Првиот човек на Билјанини Извори Ристе Мише, рече дека после месец дена континуирана подготовка за пуштање во употреба на малиот и големиот пливачки базен успеале да ги обезбедат најбитните услови. „Во изминатиот периот ги направивме сите потребни санации припреми и проверки и системот за третирање на водата што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање во...

Continue reading

kryoman

Гета и во Охрид со роботите Kryoman

Post Views: 10 Мегапопуларниот ди-џеј Дејвид Гета и на настапот во Охрид ќе биде придружуван со визуелните ефекти на добро познатите Kryoman Robots. Како што се ближи 1-ви август, привршуваат подготовките за настапот на најдобриот ди-џеј и продуцент на денешницата, Дејвид Гета. Гета во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ пристигнува со десетчлена техничарска екипа, која ќе се грижи за аудиовизуелниот дел, а плус најавен е и еден од најбараните аниматорски тимови – Kryoman Robots, тимот кој што повторно е собран специјално за турнејата на Гета „David Guetta Summer Tour 2011“....

Continue reading

car free day

Автомобили, не!

Post Views: 0 Денешен 22 септември е по традиција „Ден без автомобили“ во цела Европа. Сите граѓани на ЕУ се повикани да ги остават автомобилите и барем на овој ден да се движат со велосипед, или со средствата на јавниот сообраќај.Во Скопје, „Ден без автомобили“ беше одбележан со велосипедски карван.Велосипедската парада која стартуваше пред фонтаната во Градски парк, се движеше по булеварот „Илинденска“, улиците „Даме Груев“, „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, а заврши пред ЕУ Инфо центарот. Карванот го предводеше евроамбасадорот Ерван Фуере кој по пристигнувањето...

Continue reading

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова. „Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Continue reading

med

Во Прилеп за првпат ќе се одржи фестивал на медот

Post Views: 1 Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот. Пчеларите...

Continue reading

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 2 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален...

Continue reading

Uranija

Завршен концерт на летната музичка работилница

Post Views: 5 Еден од значајните настани за македонската наука и уметност, како и за високото образование стана потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Македонската Академија на науките и уметностите и Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје – најстариот универзитет во Република Македонија. Како резултат на овој договор интензивирана е соработката со факултетите на Универзитетот од која произлегуваат проекти значајни за сите нивни чинители и учесници. Во овој процес е вклучен и Факултетот за музичка уметност – Скопје. Во периодот 28 јуни – 3 јули 2014...

Continue reading

parking Kapetanija

Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи

Post Views: 12 Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест. „Апсолутно поведени од нивната иницијатива,...

Continue reading

leten rezim

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Post Views: 5 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...

Continue reading

баскер

Уметничко шоу под отворено небо со Баскерфест

Post Views: 2 Љубителите на перформанси под отворено небо два дена ќе уживаат во  уличниот театар Баскерфест. Голтачи на пламен, музичари,  танцувачи, жонглери и останати уметници ќе ги покажат своите вештини и ќе ги анимираат посетителите. Ваков вид на забава  два дена ќе има на  на трите охридски плоштади како дел од уличниот театар Баскерфест.   Охриѓани и гостите  ќе имаат можност да ги проследат случувањата во сабота и недела од 19 часот па се доцните  вечерни часови. Организаторите на Баскерфест 2014 , за овој викенд во Охрид ветуваат добра забава со интересни и разновидни...

Continue reading

Сите полуделе по овој телефон

Post Views: 2 Во продажба биле пуштени 40.000 апарати кои биле распродадени за 4,2 секунди, а вкупната побарувачка за овој Redmi 1S на Xiaomi била околу 250.000 апарати. Xiaomi за кратко време премина пат од “само една од многуте кинески компании” до еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во светот. Поради копирањето на апаратите од Apple оваа компанија е наречена кинески Apple, а нејзиниот шеф, кој новите производи ги претставува во сини фармерки и црна маичка, го нарекуваат кинески Steve Jobs. Нивните телефони наголемо се популарни во Кина а следниот чекор на Xiaomi...

Continue reading

BG tablicki

Утре протести против пререгистрацијата на возилата со бугарски таблички

Post Views: 5 Поттикнати од успехот во Србија, Бугарската ВМРО на Каракачанов за утре најавува протести на бугарско – македонската граница како револт против македонските власти, за како што велат проблемите што им ги создавале на граѓаните кои поседуваат бугарски возила. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, во партиското соопштение се вели дека протестот е против македонската влада затоа што ги терала сопствениците на вакви возила да ги променат бугарските со македонски регистарски таблички.Паралелен протест утре ќе се одржува на пладне и во Скопје, прво пред Владата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top