Ознака: обуки

Започна вториот циклус обуки за раководители на училиштата, во Охрид и Штип, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“

Post Views: 7 Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници. „Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје. Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен...

Continue reading

Обуки на наставници од Охрид и Дебрца за работа со ученици со лесна попреченост

Post Views: 9 Обуки на наставници за работа со ученици со лесна попреченост за целосна инклузија на тие деца и полесно совладување на наставниот материјал се спроведуваат деновиве во Охрид и Дебрца. Обуките ги реализира НО Ресурсен центар од Скопје во рамки на проектот „Include me in“ од Еразмус + програмата. Носител на проектот е ОУ„ Дебрца“, а партнери се училишта од Кападокија Турција и Романија. Фокусот на активностите е врз децата со лесна попреченост во развојот и деца од социјално ранливи семејства да се овозможи нивна максимална вклученост во училишната средина, вели  Далиборка...

Continue reading

Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација

Post Views: 0 Три мали бизниси од Охрид во сопственост на жени, за филигранство, изработка на дизајнерски накит и рачни изработки од бакар добиваат помош преку обуки за унапредување на работењето преку дигитализација, воведување онлајн продажба и маркетинг. Менторската програма е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени. Целта е да им се помогне на женските бизниси во онлајн трговијата во услови на пандемија кога се соочуваат со намалување на продажбата. Сузана Наумоска од Охрид, која 30 години...

Continue reading

Струшкиот клуб Снегар организира обуки за едрење

Post Views: 8 Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини. „Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има...

Continue reading

ОБУКИ ЗА ОХРИЃАНИ КАКО ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА

Post Views: 3 Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид започнаа активностите за практични обуки на тема вклучување на локалните жители во креирање на туристичката понуда и сегментот на агротуризам и стандарди во агротуризмот. Обуките се дел од годишната Програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2020 година и истите се прилагодени за давателите на услуги во алтернативниот туризам, туристичките водичи и туроператори. Според предвиденото, обуките ќе се реализираат во термините 5-6 март и 9-10 март во периоднот од 10 часот до 15 часот...

Continue reading

Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери

Post Views: 0 Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска. Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови кандидати...

Continue reading

LAR Struga

Заврши проектот-Жените преминуваат граници за промени, следат анализите

Post Views: 5 Градовите Струга и Поградец си подадоа рака и заеднички пристапија кон решавање на проблемот околу вработувањето на жените од овој регион. Користејќи ги европските средства од ИПА програмaта на Европската Унија, оваа иницијатива во пракса ја спроведе Локалната агенција за развој од Струга. Катерина Василеска од Локалната агенција за развој вели дека овој проект „Жените преминуваат граници за промени“ ги доведе жените од Струга и Поградец на едно место, со заедничка цел. „Проектот се имплементираше од Април 2011 до Април 2012 година. Проектот се викаше „Жените преминуваат...

Continue reading

На ФТУ започнаа обуки по готварство

Post Views: 3 На ФТУ стартуваше циклусот курсеви за готвачи, пекари, бармени и баристи за невработени лица од охридско преспанскиот регион. Интерес пројавиле околу 30-тина кандидати од регионов и Албанија кои ќе се доедуцираат за да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Но има и такви кои биле на работа во странство, но се вратиле во државава. Циклусот обуки се состои од 3 курсеви по готварство во трење од 18 дена, бармени и баристи по 14 дена и по пекарство. Интересот беше голем и за обуки за келнери , но заради недосток од финансиски средства тие ќе бидат дополнително организирани,...

Continue reading

vrabotuvanje

Одлична можност за невработените жени од Струга

Post Views: 3 Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“. „Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат,...

Continue reading

taksi

Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик

Post Views: 6 275 охридски такси возачи поседуваат уверенија и  сертификати за вршење на такси превоз. Таксистите  полагаат како физички лица и за овие уверениа треба да издвојат 4500 денари, согласно законските измени во превозот  во патниот сообраќај во 2015 година. Сертификатот го добиваат по полагање пред  општинска комисија која ги проверува нивните општи знаења од историјата и градот, па дури потоа ги добиваат овие  општински дозволи, информира Љупчо Танески портпарол на Секторoт за комунални дејнсоти. „ Треба да се разликува уверение и сертификат. По добивање на уверението...

Continue reading

granicar

Обуки за гранична контрола во Охрид

Post Views: 2 Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици. Целта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ. Обуките ќе бидат...

Continue reading

Бесплатни обуки за 20 невработени од Охрид

Post Views: 3 20 бесплатни обуки за заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти. Локалната самоуправа во рамките на нивната програма за помош на социјално ранливите категории денес го објави огласот за доделување бесплатни курсеви за 20 невработени лица. Како што истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески целта е стимулирање на социјалната интеграција на невработените на ниво на општина Охрид и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Со курсевите ќе бидат опфатени по пет лица од секоја од наведените стручни профили. „Право на пријавување на овие курсеви имаат...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top