Ознака: ну

Над 12 милиони денари за реализација на проекти на НУ „Завод и музеј“ Охрид

Post Views: 25 Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски. Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за...

Continue reading

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Post Views: 28 Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор. “Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”. Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му...

Continue reading

НЕДЕЛНА АГЕНДА НА АКТИВНОСТИ ВО НУ БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 2 Во понеделник на 13 мај во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „ГРЕХ ЈЕДНЕ РОМКИНЈЕ “ од Златомир Јовановиќ од Обреновац. – Србија. Јовановиќ е познат културолог , книжевник, естетичар и публицист. Тоје прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија. За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.

Continue reading

Претставата „Сопружници“ во петок пред охридската публика

Post Views: 1 Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу...

Continue reading

Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“

Post Views: 1 Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите, како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид...

Continue reading

м-р Милчо Јованоски нов директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Post Views: 0 На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа. Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа...

Continue reading

Од денес нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид

Post Views: 12 Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело. Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон. Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт. Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед...

Continue reading

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Post Views: 2 Овој ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. Цена на карта 100 денари. По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.Оригинален наслов: СТЕЛА Траење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2019Жанр: Драма, СемеенГлумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ Режија: Стојан ВујичиќДистрибутер:...

Continue reading

Нови книги и родендени во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 5 Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“. Еве ги насловите: „Таблета против стравот“ од Андреј Курпатов, двата дела од хит романот „Сестрата на сонцето“од Лусинда Рајли, „Белата хризантема“ од Мери Лин Бракт, „ И тогаш таа исчезна“, Лиса Џул, „Сакам да те држам за рака“ од Форс Мари, „Париз за еден и други приказни“ Џоџо Мојес, „Јоргованот секогаш цвета по зимата“ од Марта Хол Кели и илустрираната книга за деца „Магичната ноќ на џуџињата “ од Стилтон Џеронимо. Посочените книги уште од денес...

Continue reading

Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид

Post Views: 11 Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева. Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите. Оригинален наслов:Господ постои, името ѝ е Петрунија Траење...

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја издаде книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“

Post Views: 14 Книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“, од Вера Стојчевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски, со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ  се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во...

Continue reading

„Брат ми брка диносауруси“ на кино репертоарот при Центар за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари. Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top