Ознака: ноќ

Руска ноќ на пијаното на „Охридско лето“

Post Views: 5 Родена во Краснобар, Виолета Егорова започнала да свири пијано на четири годишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов.Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари меѓу кои „Алесандро Казагранде“ во Терни, Италија, „Џина Бахауер“ во Солт Лејк Сити, „Џан Батиста Виоти“ во Верчели во Италија и др. Настапува во некои од најпознатите концертни сали во...

Continue reading

Проблемот со дивите депонии не може да се реши преку ноќ

Post Views: 2 Решавањето на проблемот со дивите депонии во земјава, не може да се случи преку ноќ. Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга. „Дивите депонии не се од оваа година, тие диви депонии постојат во Македонија веќе триесет години. Ние заедно со Владата на РМ и нашите пријатели и ИПА програмите, ќе изнајдеме постојано решение за проблемот со дивите депонии“ додаде Садула Дураку – Министер за животна...

Continue reading

Видео: Вака изгледа кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух

Post Views: 7 Не така одамна во 2003 година неколку навивачи на Унион, клуб од негогашниот источен Берлин, се разделиле без да си честитаат Божик. Повторно се собрале по неколку години и одлучиле да испеат божиќни песни на стадионот. По неколку години на An der Alten Forsterai стадионот пееле преку 20.000 навивачи со фамилиите, а така било и минатата вечер. Германскиот второлигаш е еден од оние клубови кои го носат навивачите и кој му пркоси на модерниот фудбал. Навивачите веќе еднаш го спасија клубот со масовно продавање на крв, а потоа собирале пари па сами го изградиле и обновиле...

Continue reading

Мирна новогодишна ноќ во Охрид

Post Views: 5 Дочекот на Новата Година протекол мирно во Охрид и околината. Тоа го потврдуваат и малиот број интервенции кои ги имале лекарите од Итната медицинска помош за разлика од досегашните искуства кои ги имале при рабоата во текот на новогодишната ноќ. Д-р Рената Иваноска од службата 194, информира како протекла изминатата ноќ. „Имавме околу 10 тина повици за разлика од лани и изминатите години и се поминало во најдобар ред. За разлика од очекувањата сме поминале супер. Повиците се однесувале на хипертензија и пациенти со пијанство, но со помал број на интервенции за разлика...

Continue reading

На повидок нов скандал во шпанска Примера

Post Views: 1 Повеќе од 20 фудбалери на протагонистите на натпреварот Леванте-Сарагоса од  јуни 2011 година се повикани на разговор во шпанската канцеларија за борба против организиран криминал, поради сомнение за местење натпревар. Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми постои основно сомнение дека натпреварот кој завршил со победа на Сарагоса од 2-1 е наместен гостите да ги освојат важните бодови за опстанок во Примера. Таа ноќ во Валенсија допатувале илјадници навивачи на Сарагоса кои го славеле останувањето во лигата. Канцеларијата за корупција, за време на истрагата, ги...

Continue reading

protesti

Протестите во Турција стануваат помасовни

Post Views: 0 Стотина приведени демонстранти и жестоки судири со полицијата ја одбележаа минатата ноќ во Турција. Локалните медиуми пренесуваат дека бројот на демонстранти станува сè помасовен. Ноќеска најрадикално расположените демонстранти во Анкара се обиделе да се втурнат кон канцеларијата на премиерот Ердоган, но полицијата го спречила обидот. Демонстрантите го обвинуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган за злоупотреба на моќта и обид да ја исламизира земјата. Од изутринава територијата околу зградата на владата и министерствата се опокружени од силите на редот. Турскиот премиер...

Continue reading

Киев помина релативно мирна ноќ

Post Views: 1 Во украинската престолнина утрово во 8 часот заврши полицискиот час кој траеше цел викенд. Стотици илјади луѓе ги поминаа последните два дена под земја. Полицискиот час беше укинат и тие конечно можат да го напуштат своето засолниште. Но, половина час подоцна се огласија сирените за воздушен напад и тие мора да брзаат назад, известуваат репортерите на големите светски медиуми куќи кои се во Киев. Периодот кога нема ниту полициски час ниту, пак се слушаат сирени, ќе го искористат набрзина да набават храна, вода, да излезат на свеж воздух и да видат како изгледа градот. Се...

Continue reading

Седум нови потреси во Охрид во текот на изминатата ноќ

Post Views: 4 Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ. Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од  2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер. Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина...

Continue reading

Дивите депонии се прават преку ноќ, инспекторите пишуваат пријави против непознати сторители

Post Views: 3 Инспекторите и редарите при Одделението за инспекциски надзор немоќни да се справат со граѓаните кои одлагаат разни видови отпад и прават диви депонии. Во Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има вработено еден Комунален инспектор и 9-мина редари. Тие постојано постапуваат по пријави на граѓани или состојби кои се создваат на терен со депонирање на градежен шут, кабаст отпад и отпад од домаќинства на несоодветни локации, информираат од ЛС. Додаваат, во најголем број од случаите редарите не може да ги откријат сторителите бидејќи истите речиси секогаш го...

Continue reading

Реализиран проектот „Ноќ со Андерсен“

Post Views: 3 Идејата потекнува од 2000 година од Чешка библиотека.Оваа година за првпат се вклучија и училишта од Македонија ,благодарение на Весела Богдановиќ светскиот учител и амбасадор. Цел на проектот:запознавање со голем број бајки,поттикнување желба и интерес за читање,унапредување вештини за читање,користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин. OУ-Кочо Рацин-Охрид се вклучи со свои оригинални,креативни активности. Реализатори Виолета Петковска,Ивана Рилкова Томоска,Наташа Неданоска. На крај беше засадено Дрво на бајките во училишниот двор.

Continue reading

Волшебна ноќ на „Охридско лето“ -домашна џез музика и публика од сите генерации

Post Views: 0 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи. Премиерниот концерт под ѕвезденото небо над сцената „Долни Сарај“ и пред публиката која го исполни и последното место од гледалиштето го изведоа 23 врвни македонски музички уметници под диригентската палка на маестро Емин Џијан. -Ова е втор настап на Здружението на џез музичари на „Охридско лето“. Претходниот пат одржавме целовечерен концерт во 2017 година со „Биг бенд“, бендот на Здружението. Годинава...

Continue reading

32. ИЗДАНИЕ НА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Post Views: 6 Со стиховите на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, во петок на 21-ви август 2020 година ќе започне 32. издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“. Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top