Ознака: новини

Новини во активните мерки за вработување

Post Views: 2 Со цел зголемување на вработеноста, Агенцијата за вработување и оваа година излезе со новини во активните мерки. Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд нуди шанса за сите категории невработени лица како и можности за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите и други мерки. Директорката на Центар за вработување, Охрид Маја Ташева Биткоска посочи една од новите мерки која за прв пат годинава се спроведува како законско решение.  „Ќе се обучуваат персонални асистенти за лица со посебни потреби...

Continue reading

Новини од Центарот за јавно здравје Охрид

Post Views: 1 Центарот за Јавно здравје од Охрид воведува работни саботи. Оваа новина започна од вчера, 01 ноември а целта е подобрување на квалитетот на здравствената услуга која ја пружа овој центар во рамки на превентивната здравствена заштита на населението на општина Охрид, Дебрца и Струга, како што појасна директорот Сашо Точков. „Секоја сабота од 8 до 12 часот, 4 часа ќе работи медицинскиот персонал кој ќе прима пациенти и ќе ги обработува мартеријалите. Резултатите нема да се издаваат во сабота ќе се издаваат во понеделник од наредната недела, значи сабота ќе биде за таа намена Ова...

Continue reading

Ivan Cvetkovski

Ќе се монтира вештачка карпа во Охрид

Post Views: 2 На објектот „Биљанини извори“ се работи и на ентериерот на салата и терените околу неа. Новина во Охрид е монтирањето на вештачка карпа која ќе им пружи атрактивно спортување на жителите и посетителите во градот. Во соработка со Црвениот крст од Охрид ќе биде поставена вештачка карпа која се очекува перфектно да профункционора  и да биде максимално посетена како од Охриѓани, така и од посетителите во градот. Во соработка со локалната самоуправа и нејзина финанасиска помош се работи на заградување на северното фудбалско игралиште со надеж дека терените ќе овозможат отворање...

Continue reading

kombe

Новини во линискиот превоз

Post Views: 2 Ќе се користат само две комбиња осум плус еден и тоа во ридско планинските предели. За останатите линии еден од условите за добивање лиценца се комбиња за превоз на шеснаесет патници плус еден. Таа одлука согласно законот, има право да ја донесе Советот на општина Струга, вели секретарот на општината Зоран Гулицоски. Новините за линискиот превоз воглавно се однесуваат на условите кои што треба да се исполнат за добивање лиценца. Досега комбињата 8+1 возеа на редовните линии низ струшките села и приградски населби. Според проценка на стручните тимови на локалната самоуправа...

Continue reading

niskogradba

Две нови мерки за наплата на сметки

Post Views: 0 ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица....

Continue reading

ujp

УЈП на располагање на граѓаните

Post Views: 9 Граѓаните се повеќе се информираат за новините кои ги спроведува УЈП. Денес преставници на управата имаа средба со даночни обврзници од Охрид со цел да се дооразјаснат некои дилеми околу поднесувањето на ДДВ пријавите по електронски пат. Од 01.01 2013 год. Сите регистрирани даночни обврзници за ДДВ законски се обврзани ДДВ 04 пријавите да ги поднесуваат по електронски пат. Исто така по електронски пат треба да ги поднесуваат и месечните ДДВ обврзници, а и оние кои се регистрирани на годишно ниво. Во даночното одделение во Охрид има регистрирано над 1200 ДДВ обврзници...

Continue reading

logo

Многу новини од Охридско лето

Post Views: 1 Наградени, со нов Управен одбор, нова техничка опрема, ново товарно возило, и веќе во подготовки за јубилејното 50 годишно издание на фестивалот. Емоции и квалитет, карактеристики за претстојната 50 годишнина на Охридско лето. Активностите на овој фестивал не престануваат со неговото завршување на 20 август. Во  просториите на фестивалот напорно се работи на подготовките за јубилејното 50 то. Во тек е изработката на монографијата, за што веќе се создава тимот кој ќе ја работи вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски. Тој, се пофали со наградата на министерството...

Continue reading

Saso Alcev

ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона

Post Views: 5 Хигиената во градот на завидно ниво, а граѓаните со ситни замерки задоволни од  работата на ова претпријатие. Со почетокот на туристичката сезона јавната хигиена во Охрид ќе се одржува секојдневно, вклучувајќи ги и викендите. Сликите на преполни контејнери ќе се сретнуваат се поретко најавуваат од комуналното, а сведоци на истото ќе бидат граѓаните кои со мали замерки се се позадоволни од работата на ова претпријатие. Од ЈП Комуналец најавуваат низа новини со кои ќе се подобри чистотата во Охрид. Променети се навиките на вработените и максимално сме посветени на одржувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top