Ознака: најавил

Нема пречки за обединување

Post Views: 8 “За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека  национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер најавил...

Continue reading

„Нема да предизвикаме војна со Русија“

Post Views: 2 Американскиот претседател Барак Обама вчера ја исклучил можноста за американско вклучување во случувањата во Украина, заговарајќи дипломатско решение во спорот помеѓу Русија и Украина за Крим. „Нема да се вовлечеме во воен излет во Украина“, рекол Обама во интервју за една американска телевизиска станица. “Нема да предизвикаме војна со Русија“, нагласил американскиот претседател. Обама, кој претходно воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, рекол дека САД ќе ги поддржи дипломатските активности како би се направил притисок на Русија. „Постои подобар пат...

Continue reading

Зголемено воено присуство на САД

Post Views: 4 Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел најавил поголемо воено присуство во Полска и балтичките држави. Поголемото воено присуство ќе биде како поддршка на сојузниците, по интервенцијата на Русија на Крим, во Украина, најавил Хејгел. „Министерството за одбрана од утрово спроведува мерки за поддршка на нашите сојузници, вклучувајќи ширење на воздухопловната обука во Полска и зајакнување на улогата на САД во мисијата на надзор на НАТО над балтичките држави“, рекол Хејгел, а пренесла агенцијата AP. Хејгел говорел пред комитетот за вооружени сили во Сенатот, каде истакнал...

Continue reading

Knigata vo Turcija

Турција поседува Библија во која Исус го најавил доаѓањето на пророкот Мухамед

Post Views: 2 Турција тврди дека поседува Библија стара 1 500 години во која пишува дека Исус Христос го најавил доаѓањето на Мухамед. Папата Бенедикт 16 побарал дозвола да ја погледне книгата која била сокриена последниве 12 години. Книгата, чија вредност е проценета на 28 милиони долари, наводно содржи претскажување од Исус за доаѓањето на пророкот Мухамед, што е за Католичката црква неприфатливо, тврди турскиот министер за туризам Ертугрул Ѓунај. Министерот Ѓунај потврдил дека Ватикан ја побарал книгата на увид. Турските власти ја откриле оваа книга во 2000-тата год. во операција...

Continue reading

Бунт во формула 1

Post Views: 9 Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа. Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час. “Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше престрашно“,...

Continue reading

Руски олигарх ја купи германската енергетска компанија RWE

Post Views: 1 Руската групација со седиште во Луксембург, во сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман, ја купи германската гасна и нафтена компанија RWE Dea AG  за 5,1 милијарди евра, пренесува AJB. Германската компанија е една од петте водечки на подрачјето на енергетика и електрична енергија која снабдува 20 милиони корисници, а со гас околу 10 милиони. Велика Британија е загрижена поради оваа трговија, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека Лондон се обидел да ја спречи продажбата. Британските власти се загрижени поради фактот дека RWE продава нафта и гас во Германија, Велика...

Continue reading

Владимир Путин за прв пат јавно се обрати до сепаратистите во Украина

Post Views: 1 Во говорот кој може да се протолкува како прикриена објава за победа, Путин сепаратистите ги нарекува војска на Новорусија, историско име на Руското царство, кое сепаратистите го доделиле на самопрогласената држава, јавува Telegraph. Путин во синиќешното обраќање ги повикал борците да осигураат хуманитарен коридор на истокот од Украина за да можат опколените трупи на украинската војска да го напуштат бојното поле. Изјавил дека коридорот би спречил бесмислени жртви и би овозможил да го напуштат подрачјето на борбите и да им се придружат на фамилиите, а во исто време ќе...

Continue reading

Еве како Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден

Post Views: 2 Екс претседателот Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден со скок со падобран во близина на својата куќа во Мејн. Тој скокнал од хеликоптер од висина од околу 1850 метри, во тандем со пензионирани членови на падобранската единица на американската војска, пренесува АР. На Буш, кој боледува од паркинсонова болест и не може да ги користи нозете, ова му бил осми скок со падобран. “Денес е прекрасен ден во Мејн и доволно добар за скок со падобран”, најавил Буш на Твитер, кој на ист начин го прославил и 85 роденден. Стотина луѓе се собрале на карпестиот брег за да...

Continue reading

Ohrid navecer

Охрид ја изгуби трката, европскиот Лас Вегас ќе се гради во Хрватска

Post Views: 1 Во тесниот круг за избор на локација за новото мини издание на Лас Вегас на Стариот континент биле крајбрежјето на Охридското езеро во Македонија, Солун во Грција, Будва во Црна Гора, одредени локации во Албанија и Дубровник, Задар и Истра во Хрватска. Било одлучено новиот “светлечки“ град, за кој плановите се да се простира на околу 70 хектари површина, сепак да биде изграден во Хрватска. Желбата на американскиот инвеститор Мајкл Џенкинс е да вложи 1,5 милијарди долари и да го надгради хрватскиот туризам со многу забава. Тој најавил дека со овој проект ќе бидат отворени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top