Ознака: напад

Висок лидер на Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Post Views: 2 Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало.Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матара ќе ја наруши „способноста на Ал Каеда за понатамошно планирање и извршување на глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој додаде дека Ал Каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“. Нападот...

Continue reading

Физички напад врз лице од Франгово во Струга

Post Views: 10 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.И. од струшкото село Радолишта.На 3-ти август 2021 година, на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на дрвен предмет го нападнал 34-годишниот Б.И. од селото Франгово – информираат од МВР.

Continue reading

Терористички напад во Нов Зеланд

Post Views: 2 Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје.Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, изјави дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка...

Continue reading

Напад во близина на џамија во Лондон

Post Views: 5 Едно лице загинало, а десетина други биле повредени кога комбе удрило во пешаци во близина на една џамија во северниот дел на Лондон. Инцидентот кој се случил петанесетина минути по полноќ се истражува како можен терористички акт. „Едно лице загинало на самото место“, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека осум луѓе биле пренесени во три болници, додека две лица имале помали повреди. 48 годиниот возач на комбето, како што соопшти полицијата, бил задржан од луѓето кои биле таму за време на инцидентот, а потоа и приведен од полицајците. Британскиот муслимански совет...

Continue reading

Смртоносен расистички напад со возило во Канада

Post Views: 10 Четири члена од едно муслиманско семејство во јужен Онтарио настрадаа, додека петиот член,  9-годишно дете, е повредено во планиран напад со пикап-возило, мотивиран од омраза, соопшти денеска канадската полиција. Осомничениот, 20-годишник, е уапсен набрзо по нападот и е обвинет за убиство со предумисла и за обид за убиство.„Постојат докази дека станува збор за смислен и планиран чин, мотивиран од омраза. Веруваме дека жртвите биле цел затоа што се муслимани“, изјави портпаролот на полицијата во Лондон, Онтарио, Пол Вајт и додаде дека нападот се случил во неделата...

Continue reading

Самоубиствен бомбашки напад во џамија

Post Views: 3 Најмалку 45 луѓе загина, а најмалку 56 се ранети кога двајца бомбаши самоубијци со пукање влегле во џамија во градот Пешавар пред да се разнесат за време на редовната петочна молитва.Портпаролот на болницата во Пешавар изјави дека стравува бидејќи бројот на жртви може да порасне, со оглед на тоа што неколкумина од повредените се во критична состојба. Градската полиција соопшти дека двајцата напаѓачи отвориле оган кон полицијата, при што убиле еден полицаец пред да влезат во џамијата во пазарната област Киса Хани. Кога влегле во џамијата, го активирале експлозивот. Досега...

Continue reading

Се преиспитува нова теорија за исчезнатиот авион

Post Views: 9 Властите преиспитуваат нова теорија на исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, дека пилотот е можно да извршил самоубиство, соопштил Џон Бренан, шефот на Централната разузнувачка служба на САД (CIA). “Мислам дека не можеме да отфрлиме ниедна претпоставка”, рекол тој,одговарајќи на прашањето дали е можно дека пилотот намерно го срушил авионот Боинг 777. Во меѓувреме Малезиската полиција соопштила дека ги испитува психолошките профили на сите 239 патници и членови на екипажот на авионот, кој во саботата исчезна од радарите. Теоријата за самоубиство би можела да објасни...

Continue reading

Нови апсења во Британија, опасноста од нов терористички напад присутна

Post Views: 10 Британски војници ќе бидат распоредени за да ѝ помагаат на полицијата да ја одржи безбедноста, рече британската премиерка Тереза Меј по вториот итен состанок на одборот Кобра за реакција во кризни ситуации. Земјата го крена нивото на закана од тероризам на највисокиот, „критичен“ степен, по нападот на бомбашот-самоубиец во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, вклучувајќи и деца. Меј рече дека припадници на вооружените сили ќе бидат распоредени на клучни локации за да ја ослободат полицијата од патролирање, а војници би можело да бидат распоредени и на јавни настани како...

Continue reading

Boko Haram

Уште еден африкански масакр, овојпат во Нигерија

Post Views: 0 Најмалку 100 луѓе се убиени во вооружен напад на Христијаните на Североистокот во Нигерија, соопштија локалните официјални лица. Спрема последните податоци, убиени се 106 лица во државата Борно каде што е селото Изге, каде што живеат најголем број на Христијани кои се мата на нападот. Постои сомнеж дека напаѓачите припаѓаат на исламистичката група Боко Харам, која е активна во центарот и на северот на Нигерија од 2009 година. Борците на Боко Харам минатата недела убија 43 лица во две села во државата Борно, предизвикувајќи паника меѓу населението кое во голем број ги...

Continue reading

yahoo

Хакерски напад на „Yahoo“

Post Views: 6 Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки. Според соопштението на компанијата, овие податоци биле употребени за да се соберат лични информации за луѓе, со кои корисниците на „Јаху“ контактирале преку електронската пошта во последниот период. Компанијата не информира колку податоци со кориснички имиња и лозинки се украдени при хакерскиот напад, но соопшти дека моментно соработува со безбедносни органи со цел да бидат пронајдени...

Continue reading

trojlejbus

Бројот на жртвите од бомбашките напади во Русија се искачи на 33

Post Views: 2 Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот. Бројот на загинати во двата бомбашки напади во Волгоград се искачи на 33. Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот. Инцидентот предизвика голема безбедносна операција на повеќе од 4000 полицајци и распоредување на внатрешни трупи во земјата....

Continue reading

Volgograd

Втор терористички напад во Русија за 24 часа

Post Views: 2 Најмалку 14 лица погинале во експлозија која се случила утрово во тролејбус во центарот на Волгоград, во вториот бомбашки напад во овој град во последните два дена, јавува РТ. РИА Новости јавува дека најмалку 25 лица биле повредени, а сообраќајот е во колапс.Меѓу повредените има дете кое е во критична состојба и една трудница. Експлозијата се случила само еден ден откако жената самоубиец активирала експлозив на главната железничка станица во Волгоград, при што погинале најмалку 15 лица, а десетици биле повредени. Очевидците изјавиле дека пред експлозијата се’ било...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top