Ознака: наназад

kuce skitnik

Стружанец искасан од кучиња скитници

Post Views: 4   Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај  Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило едно куче кое агресивно тргнало кон него.  „Јас во моментов станав и почнав да се враќам наназад демек земам камен да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа беше агресивно многу и ми се фрлаше во нозете да ме касни. И додека бев навален да земам камења секундарно се затрчаа 7-8 кучиња и му бувнаа и така сите почнаа да ме т6ргаат и касаат. Не дај Боже...

Continue reading

grozan

Десет места наназад казна за Ромен Грожан

Post Views: 6 Откако беше прогласен за виновен за инцидентот со Рикиардо, Ромен Грожан доби казна од 10 места наназад на стартот од следната трка во Канада. Возачот на Lotus F1 откако не успеа да влезе во третиот дел од квалификациите, денешната трка во Монако ја стартуваше од 13-тата позиција. Во 62-от круг, при неговиот обид да го претекне Даниел Рикиардо, Грожан буквално се заби во задниот дел на болидот на Toro Rosso. Инцидентот се случи на излезот од тунелот, при кочењето во шиканата Нувел. Откако стујардите ги прегледаа снимките од овој инцидент заклучија дека за него е виновен...

Continue reading

gimnazija struga

Дебата наместо насилство

Post Views: 9 Ден за дружба меѓу учениците од различни етникуми во Средното општинско училиште „Нико Нестор“, Струга. Под маска, добра забава и дружба учениците од ова училиште покажаа дека во училиштето владее соживот и сите немили настани остануваат во минатото, како што нагаси директорот Никола Затуроски. „Нико Нестор од 2008 година навака како училиште ги нема тие инциденти повеќе што се наназад. Затоа би сакал и вие лично како медиуми да се заложиме максимално да ја пренесуваме информацијата и позитивниот дух на нашево училиште дека владее разумот пред се толеранцијата и години...

Continue reading

pomosh za Duka

Хуманост на вистинско место

Post Views: 9 Хуманитарна помош за потребите на Дукадинка Рајчиноска. Дука е 15 годишно девојче кое живее во струшката приградска населба Мислешево. Таа покрај тоа што се соочува со пречки во телесниот развој, три пати во неделата оди и на дијализа поради отежната работа на бубрезите. Луѓето велат се кине каде што е најтанко па така и кај малата Дука здравствените проблеми не се единствените причини за нејзината мака. Нејзиното семејство е во тешка материјална состојба. Поради тоа НВО „Езерка“ од Струга, години наназад не ги заборава, редовно ги посетува и ги помага со хуманитарна...

Continue reading

Struga vo mrak

Струга во мрак

Post Views: 0 Внимавајте темница! Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен. Како дел од осветлувањето во градот...

Continue reading

zimsko smetanje

Започнува зимското сметање на времето

Post Views: 4 Вечерва завршува летното и почнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад. Летното сметање на времето во 2011 година завршува на 30 октомври во 3 часот со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад со што времето се смета како 2 часот. {loadposition content9}

Continue reading

ohrid

Со ефтини аранжмани, до домашни гости

Post Views: 2 Со ефтини аранжмани Охрид ќе ги враќа домашните гости кои годиниве наназад се се помалубројни. Секторот за ТЛЕР заедно со кластерот за туризам  кои оваа година од 7ми до 9ти мај се домаќини на петтиот по ред саем за туризам, „Скопје травел“, во својот концепт имаат зацртано да го вратат Охрид како туристичка дестинација на мапата на домашните туристи. Тоа ќе се прави со една поагресивна кампања и со зајакнување на туристичката понуда во месеците кои се вон главната туристичка сезона. Охрид да не биде како што беше изминативе години дестинација која домашните гости ја...

Continue reading

daljan

Репарација и надоградба на колекторот за спас од поплави

Post Views: 0 Жителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат  по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад.   „Алармирани се сите институции, запознати...

Continue reading

водици

Kој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година

Post Views: 0 Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот.  Охриѓани велат дека треба да се размислува...

Continue reading

bucava

Ќе се реши ли проблемот со бучавоста во градов

Post Views: 4 Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве интензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа потписи,...

Continue reading

daljan

Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Post Views: 47 Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет. „Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута...

Continue reading

ledina

Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен

Post Views: 3 Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи. –По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top