Ознака: навивачите

Навивачите во Англија бесни, Вест Хeм прв попушти

Post Views: 5 Вест Хем го направи првиот чекор за помирување со лутите англиски фудбалски навивачи. Клубовите се сѐ побогати, а цените на билетите поскапи. Затоа мнозинството навивачи се огорчени и разочарани во модерниот англиски фудбал. Причината е големиот прилив на пари од ТВ правата. Sky и BT Sport палатиле преку 5 милијарди фунти за три сезони што на клубовите ќе им донесе неверојатно големи суми на пари. Во источен Лондон, клубот на работничката класа одлучи да го направи единственото логично, а тоа е дека во сезоната 2016/2017 годишните влезници ќе бидат поевтини. Најевтиниот...

Continue reading

Светот вечерва ќе биде парализиран

Post Views: 8 Меси и Роналдо уште еднаш ќе понудат одговор на прашањето кој во овој момент е најдобар фудбалер на светот. Аргентинскиот генијалец дефинитивно во оваа средба влегува во подобра форма, но и подобра психичка состојба. Меси во натпреварот влегува по неверојатната партија против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, кога ги остави навивачите без здив со својата игра. Меси повторно се врати на неверојатно фудбалско ниво по неодамнешните критики дека неговата кариера ја започна надолната линија. Но, Аргентинецот моментално го игра најдобриот фудбал во својата кариера. Од...

Continue reading

Претседателот на Реал лут на Роналдо и соиграчите

Post Views: 8 Поразот на Реал Мадрид, во осминафиналето на Купот на кралот, од градскиот ривал Атлетико опасно го налутило претседателот  Флорентино Перез, пишуваат сите угледни шпански медиуми. Односот на силите во глвниот град радикално се сменети во последно време. Реал не е повеќе неприкосновен владател на Мадрид што не е далеку од вистината по испаѓањето од купот од Атлетико. Реал не ја почуствувале сласта на победата во меѓусебните натпревари од финалето на Лигата на шампионите, додека Атлетико забележаа дури три победи над ривалот. Атлетико под водство на Диего Симеоне фантастично...

Continue reading

Видео: Вака изгледа кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух

Post Views: 7 Не така одамна во 2003 година неколку навивачи на Унион, клуб од негогашниот источен Берлин, се разделиле без да си честитаат Божик. Повторно се собрале по неколку години и одлучиле да испеат божиќни песни на стадионот. По неколку години на An der Alten Forsterai стадионот пееле преку 20.000 навивачи со фамилиите, а така било и минатата вечер. Германскиот второлигаш е еден од оние клубови кои го носат навивачите и кој му пркоси на модерниот фудбал. Навивачите веќе еднаш го спасија клубот со масовно продавање на крв, а потоа собирале пари па сами го изградиле и обновиле...

Continue reading

За Албанците еден милион евра

Post Views: 6 Бизнисменот од Косово, Бесник Бенц, им ветил еден милион евра на фудбалерите на репрезентацијата на Албанија доколку ја совладаат Србија во квалификациите за Еуро 2016. Бенц бил разочаран што на албанските навивачи не им било овозможено да дојдат во Белград, со закани за нивно апсење. “Длабоко сум разочаран со реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не дозволува ниту навивачи да присуствуваат на спортски настан, односно тие нѐ ограничуваат”, рекол Бенц. “Поради тоа, ветувам, дека во случај на наша победа, ќе уплатам премија...

Continue reading

Хулигани дивеат по Европа

Post Views: 4 Сезоната на европските натпреварувања, помеѓу другото, е одбележана со хулигански пресметки и испади. Сѐ почна веќе во првото коло од Лигата на шампиони кога хулиганите на Рома со ножеви избодеја двајца навивачи на московска ЦСКА, а овие возвратија со дивеење на Олимпико за време на натпреварот. Ракети летаа од сите страни, а полицијата со крајни напори ја спречила пресметката на домашните и гостинските навивачи. Но, Уефа немаше милост туку брутално ја казни ЦСКА со три натпревари играње без гледачи. Рускоит клуб е казнет и со 200.000 евра глоба. Освен за дивеењето,...

Continue reading

Стартува една од најдобрите лиги на светот

Post Views: 4 Отворен е ловот на титулата која лани ја освои Манчестер Сити, а конкуренцијата е просто неверојатна. Во лигата чии клубови трошат далеку најмногу за засилувања, дури пет клубови имаат реални надежи за конечен триумф. Оваа година се очекува чудесна трка со дури пет ловци на трофејот, а обложувалниците најмногу му веруваат на Челзи. Ако ставите пари на четата на Мурињо, очекувајте добивка од три пати повеќе од тоа што сте вложиле. На Сити кеоефициентот е 3,5, на Манчестер Јунајтед и Арсенал е 6, односно 7, додека најмногу ќе заработите на триумф на Ливерпул. Фрапантен...

Continue reading

Ѕвездата на Бразил со предупредување до навивачите

Post Views: 3 Одбранбениот играч на бразилската репрезентација, Дани Алвес, ги повикал своите соиграчи да не допуштат на нив да влијаат големите очекувања од навивачите. Во последниот контролен тест, пред почетокот на Светското првенство, многу потешко од очекувањата Бразил ја совлада Србија со 1-0, а Мундијалот ќе го отворат во четврток против Хрватска. Навивачите во тој меч против Србија не покажале многу разбирање спрема своите миленици. На полувремето кое завршило 0-0, ги испратија со свирежи. “Не смееме да се потпреме само на навивачката поддршка. Навивачите размислуваат со срце,...

Continue reading

Италија шокирана од новите детали

Post Views: 6 Да се потсетиме, воочи финалето на купот на Италија, хулиганите на Наполи и Фиорентина меѓусебно се степале на улиците на Рим, а ја напаѓале и полицијата која безуспешно се обидувала тоа да го спречи. Паниката настанала кога се појавила информација дека четворица навивачи на Наполи се застрелани. Поради тоа е уапсен екс лидерот на навивачите на Рома, Данеле Де Сантис, кого полицијата го обвини и објави дека било дело на осамен лудак и во тоа не учествувале навивачите на Рома. Еднакво внимание за италијанскат јавност првлече и Џенаро Ди Томазо и фактот дека токму тој...

Continue reading

Кога син на мафијаш командува, државата молчи и гледа

Post Views: 2 Веќе неколку години финалето на купот во Италија се игра во Рим. Сме виделе двобои помеѓу Јувентус и Наполи, дури и градско дерби помеѓу Рома и Лацио, но ниту едно од тие финалиња не предизвика хаос како она саботното. Едноставно, во Рим се најдоја четири групи кои меѓусебно, најблаго речено, не можат да се поднесат. Посебно е изразен анимозитетот, па дури и омраза, во триаголникот Рома-Наполи-Лацио, или воопштено на релацијата Рим – Неапол. Но да се разбереме, ниту виолетовите од Фиренца не се „цвеќе“. Имено, се започнало со тепачката помеѓу навивачите на Фиорентина...

Continue reading

Солзите на Стивен Жерар беа поради датумот

Post Views: 7 Откако судијата отсвири крај на Енфилд, а стадионот падна во масовна еуфорија поради победата над Манчестер Сити, пет кола пред крајот на првенството, Стивен Жерар не можеше да ги задржи солзите. Ливерпул е на прагот за освојување на титулата по 1990 година кога беше уверливо најголем клуб во Англија. Само една година пред тоа (1989) се случи најголемата трагедија во историјата на фудбалот во Англија и затоа тие години се важни за овој клуб. 96 навивачи на црвените загинаа на стадионот Хилсборо во Шефилд на 15 април 1989 година во полуфиналето на ФА купот со Нотингем...

Continue reading

Акција на навивачите

Post Views: 3 Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед изнајмиле авион кој во сабота, 15 минути, пред почетокот на натпреварот со Астон Вила од 32-коло од Премиер лигата, ќе го надлетува Олд Трафорд, пренесуваат англиските медиуми. За авионот ќе биде закачен транспарент со кој навивачите на црвените ѓаволи сакат да му порачаат на Дејвид Мојс дека времето му е истечено, односно да го напушти клубот. На транспарентот ќе пишува „Wrong one, Moyes out”. Шкотскиот експерт истакнал дека слушнал за акцијата на навивачите, но и дека е поспрен од кога и да било да истрае во својата битка. Екипата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top