Ознака: мицкоски

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација

Post Views: 3 Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот...

Continue reading

Мицкоски од Охрид: 60 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата се реалност

Post Views: 4 Убеден сум во мудроста и поддршката на народот која што ќе ја добиеме на 15ти јули.  Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност, порача синоќа од Охрид,  Христијан Мицкоски. „Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова. Сакам да живеам во модерна Европска Македонија. Македонија која што ќе биде мајка за секого каде што нема да...

Continue reading

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 6 Христијан Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од 492 присутни за него гласаа 489 делегати, а три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017-та година на Валандовскиот конгрес и го наследи Никола Груевски. Благодарам на сите што ми дадоа поддршка на овој Конгрес. Благодарам за секоја дланка која ја стегнав овој ден – Вака го почна своето обраќање старо новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по официјализирањето на резултатите од гласањето...

Continue reading

Дали Заев и Мицкоски се обединети против идејата „премиер Албанец“?

Post Views: 11 Пишува: Шефкије Аласани На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”. На прв поглед насловот остава впечаток дека се работи за една бомбастична вест. Во овој случај, иако изгледа невозможно, насловот нè тера да поверуваме дека двајцата најголеми политички ривали во македонскиот политички блок ги надминале сите недоразбирања и се обединиле за да не дозволат да има Албанец за премиер. Сите оние што нема да ја прочитаат веста, туку само насловот, стануваат жртви на...

Continue reading

fakac na krst

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Post Views: 3 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила. „Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно,...

Continue reading

vlez biljahnini

Како еден турист да стигне до Билјанини извори

Post Views: 0 Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно. –Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка. –Ова е уште еден...

Continue reading

Kuratica

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Post Views: 8 Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани. „Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top