Ознака: Михаил

Mihail Hodorkovski

Ходорковски ќе добие 10.000 евра оштета

Post Views: 7 Русија ќе му плати на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски надомест од 10. 000 евра по силата на пресуда на Европскиот суд за правата на човекот , соопшти руското Министерство за правда. ”Во извршувањето на пресудата на ЕСЧП од Ходорковски е побарана информација за банкарска сметка и кога таа ќе биде обезбедена , во неа ќе биде преведен износот на предметното надомест ” , изјави за новинската агенција Интерфакс портпаролот на Министерството за правда. На 25 јули , судот во Стразбур ја осуди Русија да му плати на поранешниот магнат 10 000 евра за серија прекршувања...

Continue reading

Литургија по повод празникот „Св. Архангел Михаил“

Post Views: 1 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (четврток) 2019 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ Охрид, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

logo

Русите против допингот во спортот

Post Views: 4 Руската антидопинг агенција (РУСАДА), супендирала осум спортисти на период од три месеци до 10 години. Петмина од суспендираните се кревачи на товар, а две се велосипедистките. Најзвучно има меѓу суспендираните е 22-годишниот Евгениј Коломјец, кој пред две години беше светски јуниорски првак, во категоријата до 94 килограми. Коломјец и Јуриј Сељутиј, по втор пат биле позитивни на допинг тестовите, па поради тоа РУСАДА им изрече 10-годишна суспензија. Михаил Резниченко, Тејмур Алексеров и Дмитриј Срибњи се суспендирани на две години, додека тримесечна суспензија добил...

Continue reading

Минарето на Али Пашината џамија продолжува да се гради, а Михаил Трендафилов Нанче , претседателот на ЗГ „Совест“ поднесе оставка од функцијата

Post Views: 3 Во знак на морална одговорност заради фактот што и понатака нелегално се гради минарето на Али Пашината џамија, Михаил Трендафилов Нанче поднесе оставка од функцијата претседател на ЗГ „Совест“. На прес конференција Нанче кажа дека се разочарани од непостапувањето на институциите од кои бараат спроведување на законот за нелегалната градба. „ Згрешивме сметајќи дека тие се оние кои кочат. За жал доцна сфативмe дека не е проблемот во непостапување на институциите туку во замешанноста на политиката. Бевме наивни го откажавме масовниот протест со цел мирно да поминат изборите....

Continue reading

Михаил Трендафилов Нанче : Јас сум љубопитен, вреден и непокорлив

Post Views: 5 Амбициозен, непокорлив , неуморен трагач  по вистината. Вака оние кои добро го познаваат  го опишуваат  Михаил Трендафилов Нанче, кандидатот за градоначалник од Граѓанско демократската унија. Роден во Охрид во 1954 година, основно завршил во „Свети Климент Охридски“,   а средно образование во истоимената  гимназија. Дипломирал на градежниот факултет во Скопје. Среќно е оженет татко на  две деца , а круна на семејната радост е  едногодишниот  внук од синот. Себе си се опишува како бурен карактер, љубопитен човек,  кој не умее да мирува. „Работев во ЕМО, потоа во Трудбеник...

Continue reading

Поддршка за Михаил Трендафилов Нанче од поранешното раководство на Обединети за Македонија Охрид

Post Views: 8 Владимир Каневчев поранешниот претседател на охридскиот огранок на Обединети за Македонија, која пред неполн месец се распушти, го повика поранешното членство и симпатизерите како и сите незадоволни и изманипулирани членови и гласачи од големите партии, да го поддржат Михаил Трендафилов Нанче за Градоначалник на Охрид.  На Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек а не неми извршители на ситнопартиските интереси, кажа Каневчев. „Сигурни сме дека Нанче може да ги обедини сите прогресивни, висококвалитетни кадри, целокупната интелигенција во Охрид...

Continue reading

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта

Post Views: 1 Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на...

Continue reading

Раздолжувањето на општината, тема на прес конференцијата на Михаил Трендафилов – Нанче

Post Views: 1 „Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот“, кажа денес на прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче. Во своето излагање Георгиески вели: „Со помош на Владата почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на Општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус.Општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за 948 милиони...

Continue reading

На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче

Post Views: 2 Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се амнестираат,...

Continue reading

Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче

Post Views: 2 Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. „Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги....

Continue reading

strelci

Нов државен рекорд во стрелање низ нишанот на Михаил Шишкоски

Post Views: 2 Михаил Шишкоски е  трикратниот државен првак и репрезентативец од стрелачкиот клуб „Охрид“ кој деновиве постигна одличен успех. Со 594,5 погодени круга, Шишкоски успеа да го собори државниот рекорд во стрелање со воздушна пушка, и не само да го собори туку и да го подобри за цели 6,2 поени. Тој вели дека е навистина среќен што успеал да го постигне ова големо достигнување особено што тоа е остварено во сериозна конкуренција. „На овој натпревар учествуваа сите клубови што се натпреваруваат во меѓународна програма од Република Македонија. Конкуренцијата беше голема, но...

Continue reading

Промовиран Михаил Трендафилов- Нанче како кандидат на ГДУ за градоначалник на локалните избори

Post Views: 1 Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник на Охрид од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ). Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во локалниот клуб на партијата. Михаил Трендафилов во своето обраќање меѓу другото рече дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчеливата согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“-...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top