Ознака: митинг

Joside Kirju

Најбрзиот човек на светот не е Болт

Post Views: 1 Јапонскиот атлетичар Јошиде Кирју (17 години) на неодамнешниот митинг во Хирошима во трката на 100 метри истрча со време од 10,01 секунди. Јапонскиот атлетичар Јошиде Кирју (17 години) на неодамнешниот митинг во Хирошима во трката на 100 метри истрча со време од 10,01 секунди, со што го изедначи светскиот јуниорски рекорд, но и го постави најдоброто време во 2013 година, со оглед на тоа што годинава никој, па дури ни најдобриот спринтер Усеин Болт не ја истрчал оваа делница побрзо од десет секунди. Факт е дека апсолутниот светски рекордер од Јамајка годинава се уште...

Continue reading

Заев ја посетил градинката во Штип, но не држел митинг

Post Views: 8 Пишува: Билјана Димко На сајтот „24инфо“ на 28.06.2020 е објавена вест: „Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме“. Текстот е всушност партиско соопштение од ВМРО ДПМНЕ, со кое се тврди дека Заев држел митинг во градинка и ја ,,злоупотребил институцијата каде одат дечиња, во изборна кампања”. Не е направена јасна дистинкција во текстот, односно дистанца меѓу партиското соопштение и новинарскиот производ. Едноставно, соопштението од партијата е прекопирано на порталот интегрално и сместено...

Continue reading

Прв Меморијален атлетски митинг во чест на проф. Влатко Димитров

Post Views: 11 Прв Меморијален атлетски митинг во чест на проф. Влатко Димитров, познат тренер и селектор на репрезентација на Македонија кој почина пред две години. Денес на СРЦ „Билјанини извори“ се одржа овој спортски хепениниг. На митингот учествуваа над 120 атлетичари од земјава, како и од соседните земји, Србија, Бугарија, Албанија и Косово. Овој спортски настан го отвори градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски кој кажа дека општината е секогаш подготвена да поддржи се што е во интерес на градот и развојот на туризмот. Ние ќе го поддржиме овој атлетски митинг, а од...

Continue reading

Меморијален Атлетски Митинг во чест на проф. Влатко Димитров

Post Views: 1 Во чест на врвниот атлетичар и истакнат проф. Влатко Димитров, утре, 28ми април ќе се одржи првиот Меморијален Атлетски Митинг. Основната цел за организација на овој настан е да се отпочне со уште една нова традиција со која барем малку ќе му се оддолжиме на професорот Димитров за неговите дела и неговата посветеност на атлетиката, рече претседателот на охридскиот атлетски клуб Пецо Неданов. „Нашата иницијатива наиде на големо рабирање од страна на АФМ и со нивна значајна помош решивме да ја започниме оваа традиција. Настанот ќе започне утре околу 12 часот со поздравни...

Continue reading

Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров”

Post Views: 0 Атлетски Клуб “Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13,00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на  Атлетски Клуб “Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика. „Идејата за организација на ваков митинг е уште од минатата година а оваа година од скоро е официјално во календарот на натпревари на АФМ и понатака ќе биде традиционален во последната Сабота на...

Continue reading

logo

Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори

Post Views: 1 Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне утре со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, а ГРОМ во недела во Куманово...

Continue reading

Масовен одзив на Првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид опен 2021“

Post Views: 3 Одржан првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид опен 2021“. Пливачката манифестација се одржа по пауза од една деценија. Пливачките вештини ги одмерија 18 клубови од земјава и регионот. Учествуваа над 200 пливачи во машка и женска категорија. Организатор на Пливачката манифестација е ПК „Акваспирит“ од Охрид. Претседателот на ПК “Аква спирит” Миле Јовановски напоменува дека се презадоволни од тоа како протекол настанот, но и од постигнатите резултати на охридските пливачи. Локалните пливачи, за жал немаат услови за работење во текот на цела година, но правиме напори,...

Continue reading

СДСМ и коалицијата на митинг во Охрид

Post Views: 15 На Триумфалната капија во Скопје ќе ставиме бројчаник за секое украдено и вратено евро, за да останат споменик за паметење, секој што ќе украде пари да ги врати, порача Зоран Заев од синоќешниот митинг во Охрид.  Пред охриѓани кои во огромен број се собраа на градскиот плоштад лидерот на СДСМ вети дека ќе биде обелоденета и  целата вистина од прислушкуваните приватни разговори. „ Не може да бидеме држава, а да не знаеме што се случило со Никола Младенов и да не знаеме кој ги уби 4-те деца од Смилковско езеро. Не може да бидеме земја а  да се крие кој го уби Мартин Нешкоски....

Continue reading

Василески: СДСМ со митинг се враќа на местото на злосторот

Post Views: 7 Токму во градот Охрид во кој во нивно осумгодишно владеење оставија над 50 милиони евра долг, СДСМ преку нивниот митинг ќе даваат ветувања за подоборување на стандардот на нашето општество, кажа кандидатот за пратеник од ДПМНЕ, Сашо Василески. „Токму градот Охрид и она што тие го направија со него е пример за она што сакаат да направат во иднина доколку ја добијат власта со цела република Македонија.СДСМ е класичен пример за катинар партија. Во Охрид во најболната транзиција беа затворени 34 компании. Брутално беа избркани на улица наши родители, дедовци, 21.000 луѓе...

Continue reading

svr-ohrid

СВР со превентивни и оперативни мерки за успешно спроведени митинзи

Post Views: 6 Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план. Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот. СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со  предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други...

Continue reading

plivanje

Пливачки митинг

Post Views: 2 Пливачка еуфорија на СРЦ Билјанини извори. Околу стотина пливачи од 9 клубови од Македонија, денес на базенот на СРЦ Билјанини извори се натпреваруваа во машка и женска категорија, во сите пливачки стилови. Никола Маленко делегат на натпреварот истакна дека годинава најважна била масовноста а дека резултатите не биле толку важни, бидејќи митингот бил од промотивен карактер. „Посебна благодарност до директорот на ЈП Иван Цветкоски последните 10 дена самопрегорни со претставниците од Билјанини извори и претставниците од клубот и претседателот Кочо Паскали, заеднички успеавме...

Continue reading

miting VMRO DPMNE meseista

Завршен митинг на Игор Трајкоски

Post Views: 31 Синоќа во Мешеишта завршен митинг на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца од коалицијата „За Подобра Македнија“ Игор Трајкоски.  Тој обраќајќи се пред присутните рече дека овој  митинг треба да биде почеток на Нова Дебарца која ќе биде препознатлива по дела, при тоа потенцирајќи дека паток до успехот е само преку проектите на ВМРО ДПМНЕ. „Општина Дебрца мора да доживее подем искористувајќи ги природните ресурси со кои располага. Развојот на туризмот, земјоделството и сточарството.  Не сакам ни да замислам што значи 16 годишното заточеништво на овој регион...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top