Ознака: Митаноски

Митаноски: Моќта на медиумот е голема, ако имаш што да кажеш, јасна мисла, концепт

Post Views: 0 Оваа година охридското Супер радио одбележува вреден јубилеј, четврт век од своето постоење. Менаџментот на ова радио вложи сериозен напор овој две и пол децениски период да се одржи, надгради, и во секое време да обезбеди навремена и точна информација, но и многу забава, култура и едукација. Сопственикот, Сашо Митаноски, се потсетува на почетоците во 1992 година, вели започнале скромно, но она што цело време се провлекувало низ овој 25 годишен период била иницијативата и ентузијазмот. „Се менуваа и екипите и поставите внатре но тој ентузијазам беше токму она што го...

Continue reading

Митаноски: Не треба да се партизира Сојузот на пензионери

Post Views: 7   Група охридски пензионери не се задоволни од начинот на кој што се води Сојузот на пензионерите на Македонија. Тие денес своето незадоволство и јавно го изразија. Веле Митаноски кажа дека се повеќе манифестации се приватизираат од централното раководство и оти видлива била и отворена партизација во име и интерес на одредена политичка партија. „Тоа оди дури до таму што се предлага и нова форма на организирање на некоаков алтернативен Сојуз на пензионери што и не мора да дојде до тоа, но во секој случај се неопходни промени во сојузот на пензионерите во Скопје, во раководството...

Continue reading

akvarium

Златната рипка Желба „одбра“ градоначалник

Post Views: 9 Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот. Рипката избираше помеѓу Александар Петрески и Никола Бакрачески, двајцата кандидати кои според  последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во престижната градоначалничка фотелја, вели организаторот на овој несекојдневен избор, главниот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски. Според законската регулатива,   изборот на Желба ќе се објави во недела после 19 часот, вели Митаноски. Тој ја појасни и нивната цел за овој несекојдневен настан. „Идејата...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

radio

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Post Views: 0 Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...

Continue reading

potpisi

Охриѓани се потпишуваат за спас на липите

Post Views: 3 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид беше поставен пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. „Целата акција потекна кога започна сечењето на липите. Супер радио како медиум не го оспорува проектот...

Continue reading

Vele Mitanoski

„Рани спомени“-хроника за Охрид и охриѓани

Post Views: 5 Сеќавања, творештво и документација. Понесен од потребата да се оддолжи кон градот, познатиот новинар, публицист и политички аналитичар, Веле Митаноски, ја напиша книгата „Рани спомени“. Оваа книга претставува хроника за Охрид и охриѓани, испишана на без малку 600 страни. Една од поентите на книгата е дека сите охриѓани треба да му се одолжат на градот на некаков начин, а посебно на новинарите. Авторот на книгата „Рани спомени“, Веле Митаноски си го исполни своето ветување, вели Тоде Илиески директорот на НБУ „Глигор Прличев“. Тој додава дека со материјалот на ова дело...

Continue reading

Vele Mitanoski

Веле Митаноски носител на советничката листата на СДУ

Post Views: 0 „Одлучивме натпреварот за градоначалници да им го препуштиме на другите, а ние да се фокусираме на Советот“, истакна на денешната прес – конференција  Веле Митаноски, носител  на советничката листа на  охридската социјал демократска унија. Нивната цел е преку советот да ја унапредуваат  локалната самоуправа и граѓанските интереси истакна Митаноски. Тој потсети на локалните изборни случувања од пред 4 и 8 години и потенцира дека не сакаат да бидат дел од можно, по трет пат спроведено сценарио. Сакаме фер и демократски избори пред се, од аспект на нашите евро- нато...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top