Ознака: министерството

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на „Вест Поинт“

Post Views: 0 Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави. За оваа можност за првпат стана збор при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година, во чии рамки беше покренато и тоа прашање. Беше оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „West Point“...

Continue reading

Министерството за култура годинава додели многу повеќе средства за „Охридско лето“

Post Views: 1 Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 32 милиони денари што е значително повисока сума за разлика од изминатите две години кога финансиската поддршка изнесуваше околу 20 милиони денари.Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска...

Continue reading

Не е точно дека Министерството за здравство купило нула вакцини

Post Views: 0 Факт е и дека имаше голем број на донирани вакцини за Македонија. Меѓутоа, не е точно дека министерот за здравство и Владата купиле нула вакцини против ковид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Купените вакцини, едноставно, доцнеа, иако договорите беа потпишани Рецензираме пост кој беше споделен над 100 пати, иако е краток и неаргументиран. Всушност, преку споредба колку лубриканти и вазелин се купени, наспроти „нула купени ковид вакцини“, се прави спин. Постот гласи гласи:     Филипче со Министерството за здравство има нула купено вакцини. Колку има купено Филипче...

Continue reading

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш

Post Views: 1 Министерот Филипче информираше дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, дека ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник. „Сакам повторно да апелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано, на затворено и на отворено кога нема и не може да се држи физичка дистанца од два метра. Секако дека има граѓани кои оваа мерка ја почитуваат и сакам да се заблагодарам на сите тие коишто ја почитуваат, свесни дека...

Continue reading

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти, 26 нови случаи

Post Views: 5 Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г). Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти...

Continue reading

ДОНАЦИИ ВО ОПРЕМА, ДОБРА И ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА ВИРУСОТ

Post Views: 3 Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите...

Continue reading

Закана за безбедноста на цивилната авијација

Post Views: 5 Поради тоа што кабинскиот персонал останува во авионите, министерството за надворешни работи на Русија издало соопштение во кое стои дека украинските цариници им забрануваат на екипажите на Аерофлот да ги напуштаат авионите, пренесува агенцијата АР. Министерството истакнува дека таа одлука на властите во Киев претставува кршење на меѓународните закони и „закана за безбедноста на цивилната авијација“, затоа што на екипажите им е оневозможено да се одморат помеѓу летовите. Министерството за надворешни работи наведува дека Москва два пати пратила протестна нота до амбасадата...

Continue reading

1 премиер, 1 работен ден и 100 илјади евра

Post Views: 0 Медиумите тврдат дека бил вработен во министерството за надворешни работи на Франција само еден ден и на таа основа добил шестоцифрен бонус. Екс премиерот на Франција и шефот на дипломатијата Доминик Де Велпен наводно добил бонус од 100 илјади евра за пензија благодарејќи на само еден работен ден. Како што пишува Дејли телеграф, повикувајќи се на извори блиски од министерството за надворешни работи, Де Велпен во септември бил ангажиран на едно работно место на само еден ден, но тоа му било доволно за бонус. Тој ден му овозможил право на бонус од 100 илјади евра. Бонусот...

Continue reading

Свикан итен состанок на Советот на Европа

Post Views: 8 Австрија, моментално претседавач на Советот на Европа, свикала вонреден состанок на барање на Украина. Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц соопштил, преку својот фејсбук профил, дека званична Виена свикала вонреден состанок на Советот на Европа, со кој претседава. Тој оценил дека ЕУ, Советот на Европа, Организацијата за европска безбедност, како и Обединетите Нации, мораат заеднички да делуваат за пронаоѓање на мирољубиво решение и за смирување на ситуацијата во Украина. Имено, австриските банки, минатата недела, на барање на министерството за...

Continue reading

demonstrant Kiev

Полицијата во Киев не користи огнено оружје, сепак билансот од нередите 25 мртви

Post Views: 0 Соработниците на полицијата на Украина не користат огнено оружје, за да го спречат нередот во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштение на украинското Министерство за внатрешни работи. „За време на обезбедувањето на јавниот ред и локализирањето на масовните немири во центарот на Киев, соработниците на полицијата и војниците од внатрешните сили на Министерството за внатрешни работи на Украина, не користат огнено оружје“, се наведува во текстот на соопштението. Во него се додава дека земајќи ја предвид природата на повредите на загинатите цивили и карактеристиките...

Continue reading

Божиновски: Веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства за поправка на томографот

Post Views: 8 Дефектот на компјутерскиот томограф во охридската Општа болница тема и на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Како да не се доволни проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради пандемијата дополнително во болницата не е во употреба компјутерскиот томограф. Како може Директорот на болницата во ваква ситуација да изјави дека нема средства, истакна портпаролот Перчо Божиновски. Од таму прашуваат дали за министерот Филипче и за директорот на општата болница е прифатливо пациентите да се препраќаат по приватни болници каде снимање чини повеќе од 100 евра. „Зошто...

Continue reading

logo

Украдени залихи „воена“ Вијагра

Post Views: 1 Таблети Вијагра вредни 5.800 фунти украдени се од воени залихи, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија. Тие лекови за потенција, армијата ианаку ги користи за лекување висинска болест. Меѓу украдените работи во изминатите седум години се и 100 бајонети, делови за пушки и неколку илјади шаржери со боева муниција, камион, труп на авион како и пулсен оксиметар за мерење заситеност со кислород во крвта кој е украден од нуклеарната подрморница Ембуш. Вкупната вредност на украдените работи исчезнати од депоа на МО на Велика Британија во изминатите седум години,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top