Ознака: медиум

Медиум Објектив: Штрајк со црн екран поради селективна уредба на Владата за помош на медиумите

Post Views: 25 Регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, членки на Здружението Медиум Објектив со црн екран ќе го изразат своето  незадоволство од oдлуката на Владата  со која им се доделува финансиска помош за справување со кризата од Ковид 19 само  на 5 национални и 6 регионални терестријални телевизии. Имено владата на 30ти мај донесе уредба за помош на национални и регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, со која  Владата  на овие телевизии  ќе им го покрие...

Continue reading

logo

Светски ден на радиото

Post Views: 7 Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО. Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку  брановите на овој медиум.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода  на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со...

Continue reading

Blazenko Lackovic

Лацковиќ доаѓа во Вардар?

Post Views: 5 Реномираниот медиум специјализиран за ракомет, Balkan Handball денес објави дека македонскиот ракометен шампион, Вардар преговара со хрватскиот репрезентативец, Блаженко Лацковиќ. 34-годишниот по 10 години поминати во Бундеслигата е во преговори да се пресели во Македонија, во редовите на Вардар. Од клубот не сакаа да ја демантираат или да ја потврдат оваа информација, но ако тврдењето на Balkan Handball е точно, Вардар ќе се засили со искусен ракометар. Лачковиќ беше дел од прославената селеција на Хрватска која освои злато на ЛОИ во Атина, а на последната Олимпијада...

Continue reading

лопата

Од денес нема сечење ленти, фрлање камен темелници и други јавни настапи

Post Views: 1 Според новиот Изборен законик и закажаните термини за претседателските избори од денеска па се до 27 април Владата на Република Македонија не смее да исплаќа субвенции, освен се разбира редовните месечни исплати, не смее да одржува јавни настапи при започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани од буџетот, од јавни фондови или од пари на јавни претпријатија. Според Билјана Бошковска, заменик министерката за правда изборните правила не им забрануваат на функционерите да се појавуваат во медиумите. „Под забрана за одржување на јавни настани не...

Continue reading

vmro-dpmne

Перо Петкоски претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга

Post Views: 1 ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга и официјално има претседател. Новото освежување е Перо Петкоски, активен партиски член, досега без ниту еден белег, како што кажа советничката Лилјана Затуроска. Како што ТВМ веќе информира претседателското место на ВМРО – ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај партиските членови и за оваа позиција се пријавија педесетина кандидати. Петкоски е еден од петмината фаворити, Стефан Томаноси, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски и Марко Стрезоски, кои што нашиот медиум неодамна ги објави. Петкоски подготвен за претседателската фотеља и во краткиот телефонски...

Continue reading

logo

ТелевизијА ТВМ стана регионален медиум

Post Views: 21 ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката  ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на  медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик.   ТелевизијА ТВМ продолжува да работи...

Continue reading

greshka

„Сам себе убијал“

Post Views: 10 Медиумите уште од 2007 год. имаат проблем со сличноста меѓу имињата Обама и Осама но изминативе два дена (дури и медиум како Би Би Си ) навистина ја закашкаа работата. Цели два дена медиумите го убиваа ОБАМА бин Ладен. {loadposition content9}

Continue reading

Mitrevi

Сиромаштија до гола кожа

Post Views: 3 Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top