Ознака: машко

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата Година во Охрид

Post Views: 49 Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски. Првороденото охриѓанче во новата година  денеска го даруваше Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и посака добро здравје и среќа.   Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата. Дежурниот тим на Гинеколошкото одделение во Охрид со желби за добро здравје и зголемување на наталитетот во Охрид ја дочека 2021 година. Во првиот ден од новата година тие донесоа на свет две бебиња.   ” Како...

Continue reading

Една минута по полноќ во Македонија се роди машко бебе

Post Views: 9 Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар. Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете. Универзитетската клиника објави фотографии од тимот што дежураше на новогодишната ноќ и го донесе на свет првото бебе. Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК.

Continue reading

milka

Кравата Милка се отели во Чачак

Post Views: 0 Во семејството на Радмила Главоњиќ во селото Јездина во Чачак, Србија, кравата Ѓурѓа отелила машко виолетово теле.Телето, кое како да е потомок од кравата на најпознатите чоколади “Милка“, стана главна атракција во селото. “Дури кога кравата го излижа телето, видовме дека има необична боја, но мислевме дека со времето таа боја ќе премине во вообичаената. Но кога го видовме телето на дневна светлина наредниот ден, тоа навистина беше виолетово, исто како на рекламата“, раскажала Радмила Главоњиќ. Таа додала дека кравата ја купила во Нов Варош и дека до сега се отелила...

Continue reading

pol x

Трет пол стана официјален во Австралија

Post Views: 0 Австралијанските власти донеле одлука да воведат нова ознака за лица кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Во пасошите на Австралија од неодамна стои X на местото на ознаката кај полот. Лицата кои го промениле полот мора да се определат за опцијата “машко“ или “женско“. Австралијанскиот сенатор Луис Прет, чиј партнер е роден како жена, но сега живее како маж, ја истакнал важноста од овој потег.“Постојат луѓе на кои полот им е наметнат од раѓање, а кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Заради тоа X е навистина погоден“, рекол тој. Организациите...

Continue reading

Првото бебе во оваа година е машко

Post Views: 4 Синчето  е  втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво  бебе, родено  со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид,  предводено од гинеколог  д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и  неонаталогот д-р Зорица Стрезоска. Традиционално, се очекува мајката  и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин  Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци. 

Continue reading

Здраво машко бебе е првото новороденче во Охрид

Post Views: 1 Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид. Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек. Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован...

Continue reading

Во Охрид на пладне се роди машко бебе новиот жител во 2018 година

Post Views: 1 Во  11 часот и 49 минути на одделението на гинекологија на свет дојде првиот жител на Охрид во 2018 година. Мајката Катерина Глигороска роди машко бебе. Бебето е трето дете во семејството Глигороски. За текот на породувањето се погрижи медицинската екипа на чело со д-р Мимоза Влаши. „Првото бебе во 2018 е машко од мајка третородка спонтано породена со телесна тежина од 3520 грама и должина 51 цм. И бебето и мајката се во добра состојба. Има и второ новороденче женско од мајка третородка со царски рез. И двете родилки се во добра состојба“ кажа д-р Влаши. Два часа по...

Continue reading

Прво па машко во Охрид

Post Views: 2 Гическа Марија од Ресен го роди првото бебе во Охрид во Новата 2016 год. Бебето е машко и тежи 3 кгр 550, а долго е 52 см. Мајката се чуствува одлично, бидејќи поминало се како што треба. Таа изрази голема благодарност до целиот медицински тим на гинеколошкото одделение при општа болница Охрид, за како што изјави, големата професионалност и добрите услови кои ги нуди ова одделение. За неа ова е прва рожба. „Прво и многу лесно се породив задоволна сум од целиот тим“ Дежурната докторка Охридија Филева, рече  дека се чуствува задоволство кај персоналот за гестот кој го...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top