Ознака: матура

Договорот за модифицирање на државната матура на два екстерни предмети останува, дијалогот продолжува за изнаоѓање концепт за изведување на интерните предмети

Post Views: 1 Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура. На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски беше посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање...

Continue reading

maturanti

Втор испитен термин од државната матура

Post Views: 8 Вториот ден од полагањето во вториот испитен термин од државната матура се одржува денеска во училиштата низ Македонија. Матурантите денеска ќе полагаат математика или странски јазик. За предметот математика пријавени се вкупно 730 матуранти, додека за англиски, француски, германски и руски јазик, пријавени се 1.294 ученици Учениците во четвртокот го полагаа предметот мајчин јазик. Министерството за образование и наука соопшти дека од пријавените 837 ученици, македонски јазик полагаа 411, албански јазик полагале 414 матуранти, а 12 ученици полагаа турски јазик. Државната...

Continue reading

maturanti

Матурантите полагаат матура

Post Views: 2 Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен предмет, математика или странски јазик, во рамки на задолжителната државна матура. Според податоците, од околу 21.000 матуранти кои се запишале во учебната 2008/2009 година, 17.528 се пријавиле за полагање на државната матура, која што се спроведува по втор пат во средните училишта низ државата. Од нив, 4.627 матуранти денеска ќе полагаат математика, а 12.728 се пријавиле за странски јазик (англиски, француски, германски и руски јазик). Матурантите во четвртокот го полагаа испитот по мајчин јазик, што е првиот екстерен...

Continue reading

Државна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни

Post Views: 2 Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети. Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел. До крајот на годинава матурантите треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат...

Continue reading

protest

И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието

Post Views: 0 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија. „Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...

Continue reading

matura

Од утре се полага државната матура

Post Views: 0 Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. ДИЦ соопшти дека Државната матура ќе се имплементира...

Continue reading

matura

Државната матура ќе се полага на …

Post Views: 2 Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок. Според утврдената динамика, мајчин јазик и литература ќе се полага на 4-ти јуни 2016 година, математика на 9-ти јуни 2016 година, странски јазик на 13-ти јуни 2016 година и физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15-ти јуни 2016 година. Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат...

Continue reading

matura

Државната матура започнува утре

Post Views: 10 Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието и упис на некоја од високо образовните установи во земјата и надвор од неа.Тие ќе полагаат согласно новиот концепт за државна матура 1+2, кој предвидува полагање на 3 екстерни и 1 интерен предмет. Интересен е фактот што во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика и на основно и на напредно ниво, што можеби е еден показател и за зголемениот...

Continue reading

soobrakajka

„Не си фраер ако загинеш на матура“

Post Views: 9 Денеска со почеток во 11. часот, во просториите на РСБСП Скопје, во организација на Републичкиот Совет за Безбедност наСообраќајот на Патиштата, ќе биде одржана Прес конференција на тема: Кампања за поголемна безбедност во сообраќајот на матурантите во деновите на матурските прослави, од 15 мај до крајот на мај „Не си фраер ако загинеш на матура“. Целта на оваа активност во организација на РСБСП е да биде промовирана едукативната кампања наменета за матурантите и подигнување на нивната свест за некористење на автомобил на прославата на матурската вечер. Исто така РСБСП...

Continue reading

55 години од матура

Post Views: 9 Генерацијата 1959-1963 од првата и последна учителска школа „Андон Дуков“ од Охрид, денес се собра да одбележат 55 години од матура. Тие се потсетија дека на овој ден пред повеќе од половина век својата матурска вечер ја прославиле во депандансот на хотелот Палас со што завршиле едно поглавје од својот живот. После тоа сите се распрскале на различни страни, следејќи ги своите желби и мечти за денес оние кои сеуште се борат со животните предизвици повторно да се соберат на заедничка средба. Важно е што се гледаме здрави и живи колку што можеме да бидеме, важно е да ги...

Continue reading

Државната матура и годинава ќе се полага како лани

Post Views: 6 Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година. Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година затоа што ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп и иако...

Continue reading

ucenici

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Post Views: 0 Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука. “Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top