Ознака: матуранти

maturanti

Матурантите полагаат матура

Post Views: 2 Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен предмет, математика или странски јазик, во рамки на задолжителната државна матура. Според податоците, од околу 21.000 матуранти кои се запишале во учебната 2008/2009 година, 17.528 се пријавиле за полагање на државната матура, која што се спроведува по втор пат во средните училишта низ државата. Од нив, 4.627 матуранти денеска ќе полагаат математика, а 12.728 се пријавиле за странски јазик (англиски, француски, германски и руски јазик). Матурантите во четвртокот го полагаа испитот по мајчин јазик, што е првиот екстерен...

Continue reading

srednoskolка

Екстерно тестирање и за матурантите

Post Views: 3 И покрај најавите на почетокот на годината дека тие ќе бидат изземени од тестирањето поради полагањето државна матура, сепак од Министерството за образование најавуваат дека екстерното тестирање ќе важи и за нив и ќе се спроведе од 11 до 20. мај. Од Министерството за образование соопштуваат дека Законот е донесен во јуни 2008. година и дека таму децидно било кажано кој треба да полага. Скопските матуранти вчера попладне се собраа пред Министерството за образование, за да го изразат својот протест поради воведувањето на екстерното тестирање. Според матурантите, на почетокот...

Continue reading

Матуранти подгответе се, августовскиот испитен рок е тука

Post Views: 2 Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. На 15 август ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. На 16 август кандидатите ќе полагаат математика. На 17 август ќе се полага странски јазик. На 18 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Испитниот материјал истиот...

Continue reading

Gimnazija Niko Nestor

Струшките матуранти ќе покажат што можат, знаат и сакаат

Post Views: 7 Почнувајќи од денес 05.05.2014 год. во рамки на проектот Денови на матурантите од СОУ Нико Нестор – Струга, започнуваат еднонеделни активности преку кои учениците, матуранти, во соработка со своите наставници, родители, локалната самоуправа, бизнис секторот и други субјекти значајни за образовниот процес, ќе покажат што можат, што сакаат и што знаат како генерација која ги почитува различностите и го промовира заедништвото. Преку реализација на различни активности матурантите ќе ја покажат својата хуманост, креативност, желбата за дружење преку игра, песна и спортување....

Continue reading

eksterno testiranje

Матурантите денес полагаат екстерно тестирање

Post Views: 0 Околу 20.000 матуранти денеска и во петок полагаат екстерен тест, а комбинацијата од два предмети што ги полагаат беше објавена на 19 јануари, во неделата. Покрај учениците ќе бидат проверени и 3.000 професори. Претходно беа објавени околу 60.000 прашања во база на податоци, од кои денеска ќе се паднат прашања на тестирањето. Министерството за образование објави дека до крајот на месецот ќе се објави ранг листа на професорите чии оценки за учениците најмногу отстапувале од оние на екстерното тестирање. {loadposition content9}  

Continue reading

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА ОХРИДСКИТЕ МАТУРАНТИ

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески синоќа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ присуствуваше на доделување на дипломите на матурантите од оваа образовна институција од генерацијата 2020 -21 година. Во своето обраќање градоначалникот укажа на значењето на образованието и образовниот процес.Емоциите се големи затоа што вечерашново случување ме врати 25 години порано кога и јас бев на ваше место и ја чекав сопствената диплома. Можеби сега не, но подоцна сигурно ќе осознаете дека оваа диплома што вечерва ви се врачува е главниот билет кој ќе одреди...

Continue reading

Првата генерација матуранти од Охридската гимназија, „Св. Климент Охридски“, денес одбележуваат 60 години од матурата

Post Views: 0 Со многу емоции и денес се сеќаваат на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва, без учебници жедта за наука успеала да победи. Тие се и првите матуранти кои образованието го започнале и завршиле на македонски јазик. Од оваа генерација излегле, голем број доктори, правници, просветни работници, а голем број од нив својата кариера ја реализирале и во странство. Мира Кепеска, денес веќе професорка во пензија, се сеќава на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва,...

Continue reading

tanc

Охридските матуранти во петок ќе го играат Квадрилот по петнаесетти пат

Post Views: 2 Овој петок точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни училишта во градот ОСУ„Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус. Матурската парада годинава се одржува по 15-ти пат и од 2001 година до денес на манифестацијата учествувале над 300.000 матуранти од 100 града во 10 европски држави меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Украина.

Continue reading

Шеста генерација матуранти од колеџот „Јахја Кемал“

Post Views: 1 Уште една адиција на образовани кадри која излегува од колеџот „Јахја Ќемал“-Струга. На вкупно четириесет и шест млади матуранти им беа врачени дипломите како доказ за нивното успешно завршено средно образование. Ова е веќе шестата генерација на матуранти кои излегуваат од клупите на колеџот Јахја Ќемал. Свеченоста започна со предавањето на знамето на колеџот на идната генерација на матуранти. Воедно учениците, професорите и присутните гости го прославија и својот патронен празник. Пред присутните свој говор имаше и овогодинешната првенка на генерација која напомна колку...

Continue reading

Струшките гимназијалци подготвени за матурската гала

Post Views: 1 После четири години поминати во училишната клупа струшките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, потполно подготвени за исполнување на годинешната програма на генерацијата матуранти. Директорот на „Нико Нестор“, Васил Максимоски, вели дека за годинешнава генерација матуранти максимално се ангажирал со се што било во негова надлежност. Директорот на „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека годинава ќе се збогува со една примерна генерација матуранти. И во нивната гимназија се е во знак на реализациаја...

Continue reading

Забава за паметење на охридските матуранти

Post Views: 1 На почетокот од настанот градоначалникот Георгиески ги поздрави присутните, а на матурантите им посака понатамошен успех на секое поле во животот. – После напорното учење во изминатиов четиригодишен период и надминување на сите препреки со кои сте се соочувале, завршивте една етапа од својот живот носејќи со себе убави спомени. Веќе сте подготвени за многу поголеми животни предизвици кои ве очекуваат. Јас сум сигурен дека во вас се поставени цврсти темели на знаењето со кои сигурно ќе зачекорите во наредните етапи  од животното патување. Вечерва ми е чест да го изразам...

Continue reading

kvadril

Охридските матуранти го одиграа традиционалниот квадрил

Post Views: 1  Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите. „Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто така.“ „Ние...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top