Ознака: маски

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено

Post Views: 7 Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања: Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане...

Continue reading

Oбезбедени се 12 респиратори и 5.000 маски во рамки на помошта од ЕУ

Post Views: 0 Во рамки на помошта од Европската унија обезбедени се 12 респиратори и 5.000 „N95“ маски, објави  министерот за здравство Венко Филипче. Тој за емисијата „Топ тема“ изјави дека маичните ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и за болницата „8 Септември“. Во однос на респираторите што треба да ги набави Владата, Филипче информираше дека набавката е завршена и оти договорите се склучени.

Continue reading

Кликбејт наслов за укинување на забраната за носење маски во Црна Гора, дезинформира во Македонија

Post Views: 0 Овој наслов што се споделува на Фејсбук претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види да помисли дека откако ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерката за неносење маска на оторено во Македонија. Но, тоа не е така. Одлуката за која се говори во написот не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со коронавирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора. „ЌЕ СЕ ДИШЕ...

Continue reading

Досегашни фаќачи на крстот донираа вода и заштитни маски

Post Views: 5 Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција. „Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може средства и свој придонес, да ја поттикнеме свеста...

Continue reading

Peking

Како се дише во Пекинг

Post Views: 7 Воздухот во северниот дел на Кина шести ден е многу загаден, што дури и спомениците носат маски. Студент по психологија на Универзитетот во Пекинг и им ставил маски на споменикот на шпанскиот писател Мигел де Сервантес и на коосновач на Комунистичката партија Ли Дажао. Пекинг и денеска е во смог и покрај престанокот со работа или ограничувањето на производството во 147 фабрики во градот. Во Пекинг утрово се измерени 444 микрограми на честиците ПМ2.5 на метар кубен. Според Светската здраствена организација 25 микрограми се безопасни за здравјето. {loadposition conten...

Continue reading

Во Црна Гора укината забраната за маски на отворено

Post Views: 1 Во Црна Гора од утре ќе биде укината обврската да се носи маска на отворено, онаму каде што е можно да се обезбеди дистанца од два метра, според новите епидемиолошки мерки на Министерството за здравство. Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 лица на истото место.

Continue reading

Marsh na milion maski

„Марш на милиони маски“

Post Views: 4 Демонстранти во повеќе стотици граѓани ширум светот излегоа синоќа на улиците на „Марш на милион маски“, насочен против корпоративната алчност и репресијата на власта. Маршеви се одржани од Сао Паоло до Мелбурн, а меѓу 450-те градови во кои се маршираше се Лондон, Ванкувер, Њујорк, Белград, Токио, Прага, Париз, Даблин, Тел Авив. Демонстрантите носеа маски со главното обележје на „хакерското“ движење „Анонимуси“ и движењето „Окупирај“. „Запомнете кои ви се непријатели: милијардерите кои се сопственици на банки и корпорации, кои ги плаќаат на корумпираните политичари,...

Continue reading

За мерките за задолжително носење маски на отворено, за забрана за групирање на прослави ќе се носат законски измени за нивно уредување

Post Views: 6 Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко...

Continue reading

Туристите кои летуваат на охридско струшкото крајбрежје не носат заштитни маски

Post Views: 0 На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки. „Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните прописи...

Continue reading

v for vendetta

Кој го смисли В-маскирањето на демонстрантите?

Post Views: 5 Од Њујорк до Лондон, од Сиднеј до Келн и Букурешт, страшните маски од филмот „В како Вендета“, станаа амблем на протестите против естаблишментот. Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж неодамна се појави на протестот на групата „Окупирајте ја лондонската берза“ со таква маска. Наводно ја симнал на инсистирање на полицијата. Секој кој ги гледал демонстрациите против политичарите, банките или финансиските институции ширум светот го забележал деталот кој се повторува – стилизираната маска според ликот на Гај Фокс со бркови и шилеста брада. Како што пренесува Би-Би-Си,...

Continue reading

432 прекршоци за неносење заштитни маски

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (04/05.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 432 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Continue reading

672 прекршоци за неносење заштитни маски

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (25/26.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД -19.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top