Ознака: мали

Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација

Post Views: 0 Три мали бизниси од Охрид во сопственост на жени, за филигранство, изработка на дизајнерски накит и рачни изработки од бакар добиваат помош преку обуки за унапредување на работењето преку дигитализација, воведување онлајн продажба и маркетинг. Менторската програма е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени. Целта е да им се помогне на женските бизниси во онлајн трговијата во услови на пандемија кога се соочуваат со намалување на продажбата. Сузана Наумоска од Охрид, која 30 години...

Continue reading

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 1 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот биодиверзитет,...

Continue reading

marko blazevski

Соборен дваесет години стариот рекорд на Александар Маленко

Post Views: 3 Македонските пливачи, Марко Блажевски и Горазд Чепишевски го имаа својот прв настап на Светското првенство во мали 25-метарски базени што се одржува во Доха, Катар. Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски на 200 метри слободно постави нов државен рекорд, притоа уривајќи го нашето најдобро достигнување на Александар Маленко од пред 20—тина години. Најдоброто време на Маленко беше 1;50,35 минути, а сега Блажевски трката во Доха ја исплива за 1;49,80 минути што беше доволно за 48. место во конкуренција на 100 пливачи. На шампионатот во Катар настапи и Чепишевски во...

Continue reading

znaminja

Грција сеуште без влада

Post Views: 1 Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни. Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи. Експлозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе учествуваат...

Continue reading

vatican

Ватикан: Вонземјаните имаат душа

Post Views: 4 Свештеникот Гај Консолмагно кој е главен астроном на Папата рече дека вонземјанските суштества најверојатно постојат некаде во вселената и како на такви тие би им посакале добредојде во црквата, без оглед на тоа колку пипци имаат. Консолмагно не гледа никаков проблем во коегзистенцијата на науката и религијата. Свештеникот вели дека би бил многу воодушевен доколку би имал прилика да се сретне со интелигентни суштества од друг вид и би му било големо задоволство кога тие би сакале тој да ги покрсти. Тој отвора проактивен пристап кој подразбира вселенски мисионери кои...

Continue reading

Нов повик за мали грантови на ГЕФ

Post Views: 3   Во Струга денес за прв пат беше презентирана програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија. Како што открива М-р. Златко Самарџиев, националниот програмски координатор на ГЕФ, постои голем интерес на струшките здруженија за овие грантови. Тој рече дека постојат прашања и проблеми на струшкиот невладин сектор кои би можеле да бидат адресирани на програмата за средства за мали грантови „Правилата на програмата за мали грантови се, дека само здруженијата на граѓани имаат права на овие средства, додека пак средните и големите грантови на ГЕФ се...

Continue reading

gulabi

Најновото тајно оружје на кинезите-гулаб писмоносец

Post Views: 1 Кинеската армија одлучила да се потпре на гулабите – писмоносци, во случај на прекин на работата на масовната комуникација. Во моментов се работи на регрутација на 10 000 гулаби, а потоа ќе следи нивна обука. Тие освен што ќе пренесуваат важни пораки, ќе бидат распоредени и во мисијата за чување на границите. -Во модерното војување, гулабите се навистина потребни. Тие се практично решение за мали и средни растојанија, ако дојде до електромагнетни пречки или пад на нашите комуникациски систем, изјавил воениот експерт Чен Хонг, кој е одговорен за обуката на гулаби. Уште...

Continue reading

Акција на навивачите

Post Views: 3 Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед изнајмиле авион кој во сабота, 15 минути, пред почетокот на натпреварот со Астон Вила од 32-коло од Премиер лигата, ќе го надлетува Олд Трафорд, пренесуваат англиските медиуми. За авионот ќе биде закачен транспарент со кој навивачите на црвените ѓаволи сакат да му порачаат на Дејвид Мојс дека времето му е истечено, односно да го напушти клубот. На транспарентот ќе пишува „Wrong one, Moyes out”. Шкотскиот експерт истакнал дека слушнал за акцијата на навивачите, но и дека е поспрен од кога и да било да истрае во својата битка. Екипата...

Continue reading

frederik kanoute

Фредерик Кануте заврши со професионалниот фудбал

Post Views: 8   Тој последните сезони од кариерата ги мина во Кина, во редовите на Беијинг Гуан, а истакна дека нема намера да го продолжи договорот со овој клуб и дека е подготвен за фудбалско пензионирање. Кануте во 2007 година беше прогласен за најдобар играч на Африка, а во кариерата постигна 232 гола на вкупно 581 одиграни натпревари. Во дресот на репрезентацијата на Мали постигна 23 гола на 39 натпревари, а интересно е дека претходно настапуваше за младата селекција на Франција, со оглед дека кариерата ја почна во Лион. {loadposition content9}

Continue reading

Прогласена епидемија на мали сипаници (Morbilli) на територија на цела држава

Post Views: 1 Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје. Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961. Дополнително веќе 6 центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници, а евидентирани се морбили во 20 градови. Прогласувањето на епидемијата е со цел спроведување на дополнителни мерки како забрана на посета на невакцинирани деца во градинки на ниво на цела држава. Епидемиологот...

Continue reading

Расчистен полигонот за мали спортови и речното корито на р.Сушица

Post Views: 0 По барање на правното лице кое стопанисува со просторот на поранешниот полигон за мали спортови и истиот простор го користи како паркинг-простор, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија истиот од расфрлан ситен комунален отпад и лисја. Се спроведе и акција за чистење на речното корито на р.Сушица од расфрлан комунален отпад и градежен шут до пресекот со ул.„Железничка“.

Continue reading

ОД ДЕНЕС ДОТУР НА РОБА ВО ЧАРШИЈАТА САМО СО МАЛИ ВОЗИЛА

Post Views: 7 Општина Охрид упатува апел до сите  доставувачи на роба во Охридската чаршија истата  да ја реализираат   со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.   Доставувањето на робата  да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и  градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top