Ознака: локалитет

Расчистен градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле кај археолошкиот локалитет “Горна Порта”

Post Views: 5 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на „Горна Порта“. „Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура“, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. На археолошкиот локалитет „Горна...

Continue reading

Несовесни граѓани фрлиле градежен шут на археолошки локалитет Горна Порта

Post Views: 0 Археолошкиот локалитет  Горна Порта  затрупан во  градежен шут. Несовесни граѓани деновиве  расфрлале тули и земја  на местото каде во минатото е пронајден еден од највредните археолошки артефакти во земјава. Просторот е обраснат со трње, а се користи и како паркинг за локалното  население. Во  моментов нема археолошки истражувања,  но локалитетот е незаштитен.„Овој археолошки локалитет служи како паркинг и како депонија за локалното население. Државата не води никаква грижа се е оставено така. Ова се случува со сите археолошки локатитети во Охрид и Плаошник, максимално...

Continue reading

Атрактивниот локалитет Корита на Галичица и оваа зима е без посетители

Post Views: 1  И оваа сезона изостана зимското одржување на патот кој води низ НП Галичица до Преспа. Атрактивниот локалитет Корита на Галичица, кој е на 9 км од главниот пат, и оваа зима остана празен без посетители. Регионалниот пат од трета категорија е запоставен и нема зимско одржување за кое е задолжено ЈП Државни патишта. Со години останува забрана за одвивање на сообраќај во зимски услови, а патниот правец е мошне значаен за националиот парк, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. „Ние побаравме од ЈП Државни патишта да се одржува патниот правец , да интервенираат. Главно се два...

Continue reading

Продолжуваат истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет во Дебрца, „Требенишко Кале“

Post Views: 11 Филозофскиот факултет од Скопје минатата година спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжуваат истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет, Требенишкото Кале. Деновиве градоначалникот Зоран Ногачески ги прими Проф.Др.Виктор Лилчиќ Адамсен и неговиот тим, кои го информираа за сознанијата од нивната работа на терен. Според нив, сознанијата од истражувањата илустрираат околу 1800 години живот во континуитет и ако се додаде архајскиот период, или како што вели почитуваниот професор Лилчиќ “периодот...

Continue reading

muzej struga

Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани

Post Views: 2 Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан. „Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот...

Continue reading

strugamuzej

Музејот на вода во Струга, ќе почека

Post Views: 0 Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека  на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но...

Continue reading

megalopolis

Ќе ѕирне ли антички Мегалополис од Враништа

Post Views: 1 После 30 години се отвора поле за истражување на т.н. локалитет „Црквени ливади“, во струшкото село Враништа. Експертите по археологија очекуваат дека тука лежат клучните информации за конечно решавање на кубикацијата на античкиот Мегалополис за кој досега се сметаше дека е во Враништа, но неговата позиција била нејасна. Директорот на НУ Музеј Др Никола Незлобински, Сашо Цветкоски, рече дека во моментов на локалитетот Црквени ливади се изведуваат контролни истражувања каде во седумдесетите години веќе била завршена археолошка кампања и биле пронајдени одредени предмети,...

Continue reading

Pаsko Kuzman

Започна судењето на Паско Кузман

Post Views: 6 Денеска во скопскиот Кривичен суд започна судскиот процес против сега поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево. Според обвинителниот акт, Кузман спротивно на своите надлежности ги издал согласностите за ископувања, а едното го добило лице кое било обвинето за нелегално ископување во рамките на акцијата “Фаланга”. Првиот локалитет бил кај местото Драмски Рид...

Continue reading

Lokalitet Tashmarunishta

Струшкиот регион открива тајни од железното доба

Post Views: 1 Нови откритија во струшкото село Ташмаруништа. Пронајдени стари предмети во ископана некропола која датира од времето на 7 и 6 век пред новата ера. Според првичните изјави на стручните лица станува збор за гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајски период. Др. Сашо Цветкоски, директорот на НУ Др. Никола Незлобински, вели дека карактеристично за овој период е начинот на погребување, со тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник. Археолошките истражувања продолжуваат и понатаму...

Continue reading

rajca

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона

Post Views: 13 Локалитетот Рајца во Љубанишко поле  е  во заштитена зона. Направени се  зафати како што се утврдување на границите на локалитетот, неговата контактна  зона и режимот кој треба да го има секоја заштитена зона. Со тој режим ќе се наложи конзервација на локалитетот, напоменува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. На тој локалитет не е дозволена  урбанизација, а  сеуште не е утвредна површината  на која се протега.„ Се уште се работи елаборатите и не можам да кажам точна површина. Граници ќе има самиот локалитет, а  ќе се утврди и негова  контактна зона...

Continue reading

flaer

Двоен аршин за сличен локалитет

Post Views: 3 Минималната афирмација на локалитетот „Врбник“ пресудна за имиџот на ова „Наколно живеалиште“. Немаше пари за истражувања на ова пронаоѓалиште,  затоа вредните предмети останаа на дното од езерото, вели дректорот на струшкиот музеј. Наколното живеалиште „Врбник“ запоставено. На стушкиот локалитет веќе 5-та година не се превземаат никакви активности. Локалитетот е делумно истражуван во 1998, 2001 и 2003 година. Од тогаш до денес на „Врбник“ не е продолжено истражувањето. Вредните предмети останаа под вода, нема финансиски средства да се превземаат било какви активности...

Continue reading

антички

Антички и Долни Сарај ќе добијат кров

Post Views: 4 Антички театар  и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив. Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени  летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната  е изработката на тие покривни конструкции кои ќе  бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до  месец мај  проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе програмата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top