Ознака: ли

(ФОТО) Вака ли ќе развиваме туризам?!

Post Views: 4 На една од самонаречените „елитни плажи“ во Охрид, оставена полна корпа со ѓубре во екот на туристичката сезона. До нашата редакција денес пристигнаа слики од наш сограѓан со коментар: -Направиле плажа, средиле со лежалки и маси, а корпата со ѓубре не можат да ја исчистат. Сликите се од сабајлево, кога уште нема луѓе. Значи ѓубрето стои од вчера или завчера.  

Continue reading

Ќе стапат ли во генерален штрајк македонските пазарџии?

Post Views: 2 Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Велат дека не се задоволни со едногодишното одложување на примената на Законот за трговија на зелените пазари и бараат негово укинување. Маја Стојановска, претставничка на пазарџиите вели дека самиот начин како е донесен овој закон е дискутабилен. „Законот е донесен по скратена постапка, а се знае кои закони се носат по скратена постапка, тоа се закони кои не се од големо значење,...

Continue reading

Ќе се најде ли дел од националниот парк Маврово на листата на УНЕСКО?

Post Views: 11 Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО. Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро...

Continue reading

Timoshenko

Можно ли е помилување на Тимошенко?

Post Views: 4 За да се разгледа прашањето за евентуално помилување на поранешниот премиер на Украина Јулија Тимошенко неопходно е разгледувањето на кривичното дело против неа да заврши во сите судски инстанци, за украинската телевизија вчера изјави претседателот Виктор Јанукович, цитиран од руските медиуми. Јанукович потсети дека процесот за нејзиното кривично дело веќе ја мина првичната и апелациската фаза и сега жалбата на одлуката на овие инстанци се разгледува од Касацискиот суд. Освен тоа, со прифаќањето на новиот кривично-процесен кодекс може да се појави можност за обжалување...

Continue reading

гифт

Најскапиот подарок за Св. Валентин

Post Views: 1 Тери Ли од Чикаго го прослави Денот на заљубените дарувајќи и ја на својата девојка Триша Беквит највредната работа која ја поседува на светот. На Триша и била дијагностицирана ретка автоимуна болест која ги напаѓа бубрезите. Таа веднаш помислила дека нејзиното момче Тери ќе ја напушти затоа што „кој сака да живее со жена која оди на дијализа и и`паѓа косата“. Ситуацијата да биде уште подраматична никој од нејзиното пошироко семејство не бил погоден за донатор.Тери не ја оставил својата сакана, на Св. Валентин како подарок и го понудил својот бубрег откако предходното...

Continue reading

Ќе имаме ли влада до крајот на неделава?

Post Views: 1 Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по што беше соопштено дека тој ќе седне на маса и со раководството на Беса и на Алијансата за Албанците. Од СДСМ соопштија дека темите за кои се разговарало на средбата меѓу Заев и Ахмети биле принципите на соработка, реформската Влада и интеграциите во Европската унија и во НАТО. „Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните...

Continue reading

kim dzong il

Почина лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ил

Post Views: 6 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил починал во саботата од физички и умствен премор, соопшти државната телевизија во оваа земја. Средствата за масовно информирање во Северна Кореја денеска Ким Џонг-ун, најмалиот син и наследник на починатиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил, за прв пат го нарекоа „големиот наследник“, соопштија руски медиуми. Овој превод вообичаено се употребува во однос на високите лидери на Северна Кореја, забележуваат агенциите. Се претпоставува дека тоа е потврда дека Ким Џонг-ун веќе ги презел надлежностите на врховен шеф на земјата. Инаку Јужнокорејскиот...

Continue reading

Историска случка на Роланд Гарос

Post Views: 8 Швајцарецот Станислас Вавринка и Кинескињата Ли На, победниците на Австралија опен, се простија од Роланд Гарос веќе во првото коло. Ваква ситуација се случува за прв пат во историјата. Никогаш досега не се случило победниците на Грен Слем турнир, да се простат на следниот уште во првото коло, но во Париз актуелните победници од Мелбурн си одат дома после првата пречка. Станислас Вавринка е поразен од Гиљермо Гарсиа Лопез со 3-1, додека домашната претставничка Кристина Младеновиќ со 2-1 ја елиминира, втората на ВТА листата, Ли На. “Никаде не пишува дека морате да ги...

Continue reading

Ќе биде ли Македонија имуна на епидемијата од Морбили

Post Views: 8 Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените власти и епидемиолозите. Кај нас засега нема случаи на заразени, но болеста се шири во наша близина, а многу лесно се пренесува. Во соседна Бугарија деновиве од овие сипаници почина деветмесечно бебе, а во последниот период бројот на жртви во Романија стаса до 21, пренесува порталот „Факултети“. Во Македонија е опаднат бројот на деца кои ја добиваат вакцината против морбили, рубеола и паротит-МРП, а со зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на не­вак­ци­ни­ра­ни де­ца,...

Continue reading

Ќе влезе ли месото од Бразил во Македонија?

Post Views: 2 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили инспекциските контроли за безбедност и квалитет на увозните пратки со месо кои потекнуваат од Бразил поради аферата за наводен поткуп на официјални ветеринарни власти и издавање дозволи за извоз на небезбедно месо, пренесува Press24. Според АХВ, засилени се и контролите во внатрешниот промет за секоја пратка со потекло од оваа земја, особено за месото кое се користи како суровина во преработувачките капацитети. – Бидејќи истрагата во Бразил се уште е во тек, но и поради фактот што Европската унија чија политика во областа...

Continue reading

Има ли во Македонија превработеност во јавниот сектор?

Post Views: 4 Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во четврток го презентираше вториот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор, кој е за 2016 година. Податоците за првпат се презентирани на начин кој обезбедува транспарентен приказ за обемот и структурата на јавниот сектор во државата, со што се добива прецизна слика за состојбите и трендовите во јавната администрација. Во јавниот сектор на Република Македонија активни се 1.291 институции, во кои работен однос имаат засновано 129.653 лица. Од нив 19.342...

Continue reading

Ќе има ли локални избори во мај?

Post Views: 17 Денеска е последниот рок кога Собранието треба да ги распише локалните избори. Во ситуација кога сѐ уште не е избран претседател на Собранието, тоа значи дека за да се испочитува рокот, денеска би требало да продолжи конститутивната седница, да се избере претседател и тој да ги распише локалните избори за градоначалници и советници кои треба да се одржат во првата половина на мај. Според Изборниот законик од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите не може да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена. Право да распише избори има само претседател...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top