Ознака: линиски

Локалната самоуправа од Охрид објави јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз

Post Views: 4 Станува збор за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници за: релација 1/2-Охрид-село Горно Лакочереј-Охрид – за период од пет години, сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз. При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку две возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, додека за докажување на вработени...

Continue reading

За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид

Post Views: 6 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани. Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места....

Continue reading

liniski prevoznik

Учениците од Лабуништа поради проблеми со бесплатниот превоз ги пропуштија часовите

Post Views: 4 Родителите најавија, доколку не се реши овој проблем ќе ги испишат своите деца од училиштата. Средношколците од прва година од руралните средини  и денес ги испуштија првите часови, поради проблемите со бесплатниот превоз. За овој проблем јавно прозбореа родителите на учениците од село Лабуништа. Родителите крајно изреволтирани, кажуваат дека бесплатниот превоз воопшто не функционира. Сенада Башкими, родител на ученик од прва година кажува дека превозникот кој има лиценца за вршење таков превоз ги однел децата во училиште но не ги вратил дома. „Децата губат часови...

Continue reading

Измени во општинскиот автобуски линиски превоз

Post Views: 0 Се известуваат сите корисници на Општинскиот линиски превоз кои го користат Возниот ред 3/1 – линија Охрид – Косел – Охрид , дека од понеделник (12.05.2019 година) првото поаѓање од овој возен ред ќе биде во 4.55 часот од станица Булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре, а не во 5.00 часот како што беше досега. Ова значи дека за 5 минути понапред ќе има поаѓање од станиците кои се однесуваат на оваа линија. Исто така првото поаѓање од Возниот ред 5/1 за линијата Охрид – Ливоишта – Охрид кое е од станицата на булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре се поместува за пет минути...

Continue reading

avtobus

Оглас на МТСП за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници

Post Views: 17 Министерството за транспорт и врски утре (1 октомври 2014 година) ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани...

Continue reading

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Post Views: 0 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена од општинскиот Совет на ден 11.06.2015 година, објавен е јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид. Подетални информации на следниот линк:  https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-03-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%bb%d0%b0/

Continue reading

Галеб

АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз

Post Views: 2 Во Охрид сите општински  линии во моментов се возат без дозволи , а по  6 децении  АД Галеб е претворена во див автобуски превозник, ја обвинува директорот на претпријатието  Димитар Василевски  Локалната самоуправа .  Од претријатието укажуваат на целосен хаос во автобускиот општински линиски превоз во Охрид. Од 24 јуни нити еден превозник во Охрид нема решение за возење на линиски превоз, а во моментов сите општински линиски превозници  возат без дозволи,  потенцира Васислевски. „ Нови дозволи немаме. Јавно кажувам дека Галеб на сите линии на теритроија на општина...

Continue reading

brezani

Една година нема автобус до Брежани

Post Views: 17 Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник. „Бараме како прво да има барем еден...

Continue reading

liniski prevoz

Минибуси – спас за линискиот превоз

Post Views: 0 Дефиниран линискиот превоз во Струга. Минибус 16+1 конечна варијанта. Не е лесен патот за добивање на лиценци. Согласно новите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, за да се добие потребната лиценца за вршење превоз на патници, потенцијалните превозници мора да имаат минибус, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски. Тој потенцираше дека Советот на општината, во рамките на истиот закон, има право да донесува одлука за ридско планинските подрачја, каде покрај возило 16+1 седиште, превоз ќе може да се врши и со комбе со 8+1 седиште.„Дозвола за вршење...

Continue reading

liniski prevoz

ВМРО НП го поздравува отпочнувањето на градскиот линиски превоз за кој велат бил нивна идеја

Post Views: 5 Од Народна велат дека уште во 2012 година тие поднеле иницијатива во Советот на Општина Охрид по што била донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на Охрид. Додаваат дека истиот краток период во 2013 година функционирал но набрзо потоа бил прекинат. Од ВМРО Народна велат дека го поздравуваат тоа што Локалната конечно реализира една иницијатива од минатото. Тие додаваат дека позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се, како и тоа дека благодарение на нивната иницијатива, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ населбите...

Continue reading

kombe

Новини во линискиот превоз

Post Views: 2 Ќе се користат само две комбиња осум плус еден и тоа во ридско планинските предели. За останатите линии еден од условите за добивање лиценца се комбиња за превоз на шеснаесет патници плус еден. Таа одлука согласно законот, има право да ја донесе Советот на општина Струга, вели секретарот на општината Зоран Гулицоски. Новините за линискиот превоз воглавно се однесуваат на условите кои што треба да се исполнат за добивање лиценца. Досега комбињата 8+1 возеа на редовните линии низ струшките села и приградски населби. Според проценка на стручните тимови на локалната самоуправа...

Continue reading

avtobus

Доцни долго најавуваниот линиски превоз

Post Views: 0 Доцни долго најавуваниот линиски превоз. Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира прашувајќи во што е проблемот. Од АД „Галеб“, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа. –Во техничкиот дел доцнат работите. Линијата ќе почне да се вози многу скоро само треба некои технички детали да се дозавршат како поставување  информативни табли за доаѓање и поаѓање и...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top