Ознака: летање

British Airways започнува со обновливо гориво

Post Views: 0 Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони. Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад. Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре. Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството...

Continue reading

Нови детали за исчезнатиот Боинг 777

Post Views: 3 Промената на насоката на летот на Боингот 777 на малезиската компанија, е направена 12 минути пред копилотот да се одјави од контролата на летање во Куала Лумпур, пренесува NBC News. Тоа ново откритие ги отвара повторно претпоставките дека мистериозното пренасочување на авионот е однапред планирано и направено од самата пилотска кабина на авионот, пред да се прекине контактот со контролата на летање. Сепак и тоа не сугерира дека авионот е грабнат. „Некои пилоти го програмираат алтернативниот план на летање во случај на итна потреба од тоа“, предупредил Грег Фејт, истражител...

Continue reading

Вознемирувачки моменти за време на лет

Post Views: 2 Патниците на летот 2412 од Орландо за Атланта сведочеле за вознемирувачки моменти среде летот кога се откинало парче од крилото од авионот. Неверојатна среќа имале 185 патници и членови на екипажот на авионот на компанијата Делта, Боинг 757 кој вчера морал принудно да слета поради технички проблеми. Тие настанале кога за време на летот од Орландо за Атланта една плоча од крилото се скршила и од крилото се гледале сплет од кабли и хидраулика оставени на милост и немилост на временските услови. Шокираните патници сето тоа го гледале од прозорците на авионот. Еден од нив...

Continue reading

Исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс – тероризам?

Post Views: 1 Вниманието на истрагата посебно го свртеа четирите патници кои имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај Хишамудин Хусеин рекол дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени. „Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин Во истрагата учествуваат малезиските разузнувачки служби, а во Малезија е пратена и екипа на Федералното истражно биро (FBI). Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето се завртел и тргнал назад кон Куала Лумпур. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките екипи го бараат авионот. Авионот...

Continue reading

kontrolori

Штрајкот на контролорите на летање во мирување

Post Views: 6 Авиосообраќајот денеска нема да биде блокиран и ќе се одвива во согласност со претходно утврдениот ред на летање, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), откако вчера беше постигнат договор со Синдикатот на контролорите на летање да го стави во мирување најавениот штрајк за денеска од 9 до 19 часот. Одлуката за ставање на штрајкот во мирување уследи по решението на Министерството за финансии со кое се уважи жалбата на АЦВ против решението на Управата за јавни приходи, за наплата на поврат на ДДВ и предметот го врати на повторна постапка. Преку штрајкот...

Continue reading

kontrolori

Штрајкот на контролорите на летање два часа ќе го блокира авиосообраќајот

Post Views: 8 Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.   Во тој период на скопскиот и на охридскиот аеродром нема да слетуваат, ниту да полетуваат воздухоплови, а ќе биде овозможен само прелет на авионите над македонска територија. Контролорите на летање преку штрајкот бараат укинување на решението на Управата за јавни приходи со кое има намера да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност....

Continue reading

Usain Bolt

На јупитеровата месечина Титан, Болт би летал!

Post Views: 4 време од 12.27 метри во секунда, а студените од Универзитетот од Лестер утврдиле дека таква брзина му е доволна, со помош на одело за летање, самоицијативно да полета доколку би бил на една од мсечините на Јупитер, Титан. Во теоријата на Болт не би требало никаков погон, доволно би му била сопствената брзина за да се подигне од површината, пресметале студентите на физика кои резултатите од своето истражување ги објавија во годишнита книга која ја издава универзитетскиот во одделот за физика и астономија. „На интернет прочитав доста тврдења дека човек може да полета на...

Continue reading

zmaevi

Македонска екипа за прв пат ќе учествува на светски шампионат во змајарство

Post Views: 12 Македонска екипа од 15 до 30 јули ќе учествува на Светскиот натпревар во змајарство во Италија.  Државниот тим ќе го претставува македонската воздухопловна федерација и клубот за слободно летање од Охрид, а ќе се натпреварува со змаеви во класа 1. Овие летала иако во главно се мешаат со параглајдери, истите сепак драстично се разликуваат во конструкција, перформанси и начинот на летање. Единствена заедничка точка на змејовите и параглајдерите се воздухот и местата за летање. „Опремата со која одиме е наша лично, а се состои од крило и систем на врски. Сето ова ќе го...

Continue reading

Откриени нови детали за кобниот лет на AirAsia

Post Views: 8 Авионот на AirAsia кој во неделата се сруши во Јаванското море во Индонезија со 162 патници и членови на екипажот немал одобрение за лет на коридорот на кој летал пилотот тој ден, објавило министерството за сообраќај на Индонезија. “Не е почитувано одобрението за лет во дадениот термин и тоа било проблем”, рекол директорот за воздушен сообраќај Djoko Murjatmodjo, нешто пред објавувањето на информацијата за пронаоѓањето на два големи делови од авионот на AirAsia во зоната на пребарување. “Привремено  поништеното одобрение  за тој коридор  компанијата не го почитувала...

Continue reading

Сомнителна истрагата за исчезнувањето на MH370

Post Views: 1 Шефот на моќната авиокомпанија Emirates Airlines, Tim Clark, смета дека многу работи во истрагата не се на место околу исчезнувањето на авионот на Malaysia Airlines MH370 и дека е нужно да се пронајде решение за тоа мистериозно исчезнување кое однесе 239 животи. Tim Clark во интервјуто за германскиот Der Spigel ја довел во прашање австралиската истрага, во која заклучокот е дека MH370 се срушил во Индискиот океан западно од брегот на Австралија, по пет часа летање и нeдостаток на гориво. Наместо тоа Clark верува дека Боингот 777 бил под контрола сѐ до самиот крај, со...

Continue reading

paraglajding

Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на НП Галичица

Post Views: 6 Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на Националниот парк Галичица. Реакција стигна и од Министерството за животна средина и просторно планирање на барањето на параглајдеристите да бидат ослободени од плаќање за летање.  Аргументите од ресорното министерство се дека параглејдеристите на туристите им наплаќаат високи цени за летање, а  ништо  не плаќаат за тоа што ги користат убавините на  националниот парк кој се самофинансира. „ Националните паркови се посебни институции. Владата  донесе правилници и подзаконски акти кои се во контекст за управување на НП по...

Continue reading

параглајдер

Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица

Post Views: 10 Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е  дека  високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам.  Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а  цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините  Огнен Достиноски од НП Галичица. Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top