Ознака: кучиња

kuce

Кучињата скитници повторно се ноќна мора за стружани

Post Views: 21 Директорот на Јавното претпријатие Комунално се жали оти зголемениот број на кучиња скитници се должи на тоа што истите во Струга се носеле од  други градови. Струга сеуште е преплавена со кучиња скитници. Во градот, ги има на секаде. Како што велат граѓаните, опасните зони се повеќе се множат. Глутници кучиња се шетаат по целиот град. Граѓаните укажуваат на опасноста која би можеле  да ја предизвикаат  кучињата скитници. Советот на општина Струга уште минатата година донесе одлука за решавање на овој проблем. Советниците едногласно ја прифатија истата со цел заедничко...

Continue reading

Девет работи кои можеби не сте ги знаеле за Путин

Post Views: 2 World Post овозможува увид во изненадувачкото минато на рускиот лидер. 1. Владимир Путин израснал во Санкт Петерсбург, во стан кои го споделувале три фамилии. Во една прилика изјавил дека се сеќава како бркал стаорци по скалите. 2. Дедо му бил кувар во вилата на Ленин, а подоцна повеќе пати готвел и за Сталин. 3. Црниот појас во џудо го стекнал од 18 години, а тренира боречки вештини и ден денес, кои за него претставуваат животна филозофија. 4. Со уживање чита шпиунски романи, а во една прилика приметил дека „најмногу од се го фасцинира кога еден човек сам со својот...

Continue reading

Драмското студио „Миладин“ ви ја претставува „Кучиња“

Post Views: 5 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во недела, со почеток во 20:00 часот, Драмското студио „Миладин“ ќе ја изведе репризaта на театарска претстава „Кучиња“ од Миодраг Илиќ. Драматизацијата, режијата и улогата на Кузман се на Ристе Миладинов, а во претставата покрај него играат: Христијан Миладинов, Илија Ќосески, Љубица Дуноска (Бубе), Наталија Смаќоска, Бојан Крстески, Мартина Kочоска и Петар Шипинкаровски. Сценската и ликовната изведба на претставата се на Јованчо Угреновиќ, а музиката и светлото на Аца Наумовски. Билетите ќе се продаваат по цена...

Continue reading

Прифатен центар за кучиња скитници, приоритет на Југозападен плански регион

Post Views: 1 Општина Струга е подготвена да избере локација за изградба на регионален прифатен центар на бездомни кучиња. Но, според градоначалникот на Струга, Зијадин Села, прво треба да почне да работи полицијата и да го спречи нелегалното транспортирање на кучињата скитници од град на град, бидејќи досега како што истакна Села, нема официјален податок за регистрирање и санкционирање на таква појава. Откако тоа би се решило, локалните самоуправи од Југозападниот плански регион ќе можат да пристапат кон долгорочно надминување на овој горлив проблем. „Јас како градоначалник на општина...

Continue reading

Труењето на бездомни кучиња во строгиот центар на Охрид ја бранува јавноста

Post Views: 8 Епилогот од труењето бездомни кучиња на градскиот плоштад е три затруени кучиња од кои едно угина а две се спасени со интервенција на активисти за заштита на животните. Активистите информираа дека од страна на ветеринарите кои биле повикани на местото на немилиот настан било утврдено дека животните се отруени со  „Ланате“, високо токсичен отров кој го нема во слободна продажба и за чија набавка постои строга процедура. Масовното труење кучиња ја згрози охридската но и пошироката јавност во државава. Денеска, на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид ги повикаа СВР...

Continue reading

Масовно труење на напуштени кучиња се случи на градскиот плоштад

Post Views: 6 Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем. „ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме и...

Continue reading

Стационарот за бездомни кучиња ќе профункционира кога ќе престане мораториумот за градба

Post Views: 2 Започнувањето со работа на  стационарот  за згрижување на  бездомни кучиња  тапка во место заради административни  процедури. Проблем е изработката на локална  урбанистичката документација,  која  е стопирана поради воведениот мораториум  за издавање дозволи за градба. Според диркеторот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски  единствено се чека дозволата за отпочнување со работа,  која ја издава Агенцијата за ветеринарство  за што е  потребен  документ дека земјиштето е во сопственост на Комуналец. Останатото е се` подготвено. Набавени се возила, обезбедени вакцини...

Continue reading

kuce skitnik

Стружанец искасан од кучиња скитници

Post Views: 4   Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај  Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило едно куче кое агресивно тргнало кон него.  „Јас во моментов станав и почнав да се враќам наназад демек земам камен да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа беше агресивно многу и ми се фрлаше во нозете да ме касни. И додека бев навален да земам камења секундарно се затрчаа 7-8 кучиња и му бувнаа и така сите почнаа да ме т6ргаат и касаат. Не дај Боже...

Continue reading

Општините од југозападниот регион ќе градат на три локации шелтер центри за бездомни кучиња

Post Views: 10 Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид, но и за Кичево и Центар Жупа. Во микростационарот на Мауцкер ќе бидат згрижувани кучиња од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца. Згрижувањето на бездомните кучиња во прифатни центри е мошне скапа инвестиција која според проценките чини околу 100 евра по куче без додатните...

Continue reading

Масовно труење кучиња во Охрид, се засилија редарските служби

Post Views: 0 Општина Охрид со осуда за поединечните случаи на труења на кучиња скитници по охридските улици кои беа евидентирани во текот на изминатиот период. Апелираат до несовесните граѓани да не ги повторуваат ваквите постапки со што ќе придонесат за хуман теретман кон овие животни. За таа цел општината ќе ги засили редарските служби кои е планирано да работат во три смени, во текот на летниот период. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ до сега презеде низа конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња согласно сите позитивни законски...

Continue reading

Повторно труење на кучиња во стариот дел на градов

Post Views: 7 Викендов повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. ЗА среќа со брза интервенција на активистите за заштита на животните и ветеринар беа спасени. Оваа појава во Варош е толку зачесетена што мештаните стравуваат да ги шетаат своите миленичиња. Крајно изреволтирани велат инспекторите конечно да преземат некакви мерки. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината. Она што е алармантно е што институциите не ја сфаќаат сериозно оваа проблематика....

Continue reading

БРИТАНСКИ ИСКУСТВА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА

Post Views: 5 Во рамките на реализација на Планот и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, денеска започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација за превентива на суровоста кон животните од Велика Британија. Денешните предавања и показни вежби на кои присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, ЈП „ Охридски комуналец“ кој ја имплементира програмата и претставници на невладиниот сектор, беа посветени на препознавање на карактеристиките на бездомните кучиња и техниките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top