Ознака: купи

Познати добитниците на наградите од „Напишти стих – купи кафе“

Post Views: 10 Марина Икономова – Шокева, Лидија Стефановска и Доника Елмази се авторите на најдобрите три наградени творби од настанот „Напиши стих – купи кафе“. По втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“, кафетеријата „Аквариус“ од Охрид и ФОН универзитетот по повод 21 Март – светскиот ден на поезијата го организираа овој настан кој предизвика лавина од позитивни коментари кај вљубениците во пишувањето. Од големиот број стихови жирито ги одбра творбите на погоре споменатите авторки и реши да ги награди, се разбира со книги од богатата продукција на библиотеката и од автори кои се...

Continue reading

Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио

Post Views: 5 Играта може да се нарече директен клон на Fortnite, но во VR средина. Аквизицијата беше направена во петокот, но како што често се случува во такви ситуации, финансиските детали не беа објавени во јавноста.Не е невообичаено сопствениците на хардверската платформа за игри да отворат свои студија за развој на игри кои ќе бидат исклучиво достапни само на таа платформа, но во светот на VR, работите се малку поинакви. Имено, тука нема голема конкуренција, па честите аквизиции на Facebook можат да доведат до монополска позиција на пазарот. Додека многу програмери во студијата...

Continue reading

Skopje

Дворното земјиште ќе може да се купи за едно евро

Post Views: 7 Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на своите куќи и станбените згради по само едно евро, одлучи Владата.„За двор од 500. метри квадратни, до денес, во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир или Аеродром, требаше да се плати околу 5,5 до 6,5 илјади евра. Со намалувањето на цената на само едно евро за метар квадратен, за истиот двор граѓанинот во иднина ќе треба да плати само 500. евра“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата. По едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти...

Continue reading

logo

Телеком Словенија официјално го сака Космофон

Post Views: 3 Телеком Словенија официјално достави понуда за купување на Космофон, вториот по големина мобилен оператор во Македонија. Словенечката компанија соопшти дека е заинтересирана за купување на 100% од акциите на Космофон, не прецизирајќи финансиски детали од понудата. Телеком Словенија е присутен македонскиот пазар преку Он нет, вториот по големина интернет провајдер во државата. „Доколку купувањето на Космофон заврши во корист на Телеком Словенија дејствувањето на македонскиот пазар ќе се комплетира и групацијата ќе може да понуди целосен опсег на телекомуникациски услуги“,...

Continue reading

договор

„Фиат“ официјално ја купи „Застава“

Post Views: 5 Италијанскиот производител на автомобили “Фиат” потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика “Застава”, откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра, соопшти радио Б92. “Фиат” ќе поседува 67 отсто од компанијата, а српската влада – останатите 33 отсто. Фабриката “Застава” се наоѓа во Крагуевац и е со производствен капацитет од 200 илјади автомобили годишно. Се очекува италијанскиот автомобилски гигант да плати уште 100 милиони евра во 2010 година. Договорот во среда го потпишаа потпретседателот...

Continue reading

logo

Фолксваген купи речиси половина од Порше

Post Views: 0 Германскиот производител на автомобили Фолксфаген соопшти дека купил 49.9 % од акциите во неговиот најголем конкурент Порше. Во соопштението од компанијата се вели дека за откупот на акциите издвоиле 3.9 милијарди евра и се надеваат дека во целост ќе ја превземат компанијата во текот на 2011 година. Акционерите во Фолксваген минатата недела го одобрија акциониот план да се издадат дополнителни 135 милиони нови акции, што донесе приход кој помогна да се реализира денешното купување на акциите.{loadposition content9}

Continue reading

Голем интересот за Купи куќа-купи стан, изготвен и нов прирачник

Post Views: 1 За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем. Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес. Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9%, а за третата и четвртата година 3,9%. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4% за цело времетраење од исплатата на кредитот...

Continue reading

„Напиши стих – купи кафе“

Post Views: 16 „Напиши стих – купи кафе“ . Под ова мото денес во Тераса Аквариус љубителите на пишаниот збор го одбележаа Светскиот ден на позеијата. Организаторот Дамјана Видическа вели дека оваа иницијатива е резултат на следење на светските примери каде што ваквите настани се одржуваат години наназад. „Одлучивме да ги натераме граѓаните на Охрид да бидат креативни и да им се приклучиме на ваквите настани и да го одбележиме Светскиот ден на поезијата. Многу сум среќна што дојдоа студентите и повозрасни граѓани и очекуваме и повеќе“ Еден од иницијаторите на денешната активност...

Continue reading

logo

„Дил“ на годината

Post Views: 2 Во 2009-та година Фејсбук не го прими на работа. Денеска му изброи 19 милијарди долари. Тоа е твитот на Брајан Ектон откако ја изгубил работата во Јаху и пробал да се пикне во компанија како Фејсбук, а подоцна и Твитер.Не успеал па решил да се поврзе со други луѓе и да направи нешто свое. Тоа свое штотуку е купено од Фејсбук за 19 милијарди долари. Се вика WhatsApp, масовно користена апликација за праќање пораки која ја води фирма со не повеќе од 50 луѓе. Фејсбук го купи Инстаграм за една милијарда. Леново ја купи Моторола за неполни три. 19 милијарди долари се * 4 пати...

Continue reading

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Post Views: 4 Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште четири...

Continue reading

Сопственикот на брендот Nutella се шири со имот во регионот

Post Views: 3 Италијанскиот кондиторски џин Ferrero, познат по брендот Nutella, купи имот од земјоделското претпријатие Алекса Шантиќ, покрај Сомбор, за 7,95 милиони евра, соопшти Агенцијата за приватизација на Србија. Станува збор за земјоделско земјиште со вкупна површина од 699,5 хектари со пропратни објекти, а купувачот е компанијата Agriser од Белград, чиј сопственик е Ferrero. Спрема наводите на Радиотелевизија Војводина, Agriser понудил во следните две години да инвестира во насади на лешници на сите 700 хектари. Спрема очекувањата на Италијаните на производство на лешници...

Continue reading

Apple купи големо пространство на шума

Post Views: 1 Најверојатно Apple одлучил да му покаже на светот дека е свесен за проблемот со загадување на човековата околина. Имено, компанијата во соработка со Conservation Fund, организација за заштита на човековата околина, купи шума која се простира на дури 36.000 хектари, пишува bgr.com. Спрема пишувањето на официјалниот блог на организацијата, Apple купил шума за да ја зачува за идните генерации, но и за користење за свои потреби. Шумата се наоѓа во американските сојузни држави Северна Каролина и Мејн, а дел од вкупниот појас на приватните шуми кои се простираат на 45 милиони...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top