Ознака: култури

Се забранува извоз на житни култури, брашно и зејтин

Post Views: 1 Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончоглед и сончогледови масла. Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. Одлуката се носи превентивно за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови...

Continue reading

Снегот и ниските температури добредојдени за земјоделските култури

Post Views: 2 За земјоделските и овошните култури добредојдени се снегот и температурата под нула степени во ова време од годината. Мразот може да ги подгори градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, како што се спанаќот, марулата и кромидот, но нема да претрпат трајни оштетувања, укажува охридскиот агроном Мирослав Трајчески. Ниските температури нема да имаат негативно влијание и врз земјоделските култури и овошките. Во глобала е сеуште право време за ниските температури. Тоа е добро за да се одложи за подоцна почетокот на вегетацијата на растенијата. Штетата од мраз...

Continue reading

Градинари стравуваат за насадите поради ограниченото движење за викенд

Post Views: 2 Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење за да...

Continue reading

jahja kemal

Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации

Post Views: 0 Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа  дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска. „ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа  и културите кои ги претставуваат...

Continue reading

yahya kemal

Саем на науки и култури во „Јахја Кемал“ колеџот во Струга

Post Views: 8 Средното училиште, колеџот „Јахја Кемал“  во соработка со општинските училишта од Струга и Охрид организира Саем на Науки и Култури на кој ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од нивните ученици. На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти  и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика,хемија,биологија,информатика,англиски јазик, македонски јазик, албански јазик ,турски јазик, историја и географија. {loadposition content9}

Continue reading

Во охридско од град се уништени градинарски и овошни култури

Post Views: 9 Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците. „ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите се...

Continue reading

Охридскиот завод и музеј ги прави завршните подготовки за учество на „Форум на словенските култури“ во Блед

Post Views: 6 Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески. „Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко е од...

Continue reading

Раноградинарските култури ќе поскапат

Post Views: 7 Ниските температури, мразот и снегот кои го зафатија нашиот регион ги вознемирија земјоделците. Стравуваат каков ќе биде приносот на земјоделските производи, а и колкава ќе биде штетата врз овошките. На ниските темпаратури најотпорни се житните култури. Од нив  најиздржлива е пченицата потоа, ржта па на крај доаѓа јачменот. Пченицата може да издржи и до -25 степен, а јачменот до -10, но само кога станува збор за сертифициран семенски материјал кој што не е селектиран за отпорност на ниски температури. Позитивно е тоа што имавме една релативно добра снежна пшокривка...

Continue reading

Традиционални танци, носии и јадења на Денот на култури 2016

Post Views: 5 Народни носии, претставување на националните кујни и колоритните национални песни и танци. Денес студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ги славеа различностите преку веќе традиционалниот „Ден на култури“. Годинава истиот беше организиран на градскиот  плоштад како би можело што е можно поголем број на посетители да вкусат дел од традиционалните кујни на земјите од каде доаѓаат студентите, но и да се фотографираат со нив во нивните традиционални носии. „Ќе танцуваме, ќе ја покажеме нашата традиционална храна, ќе покажеме и еден наш културен церемонијален танц...

Continue reading

ghana culture day

Звуци на национални инструменти, традиционални танци, јадења на „Ден на култури 2015“

Post Views: 5 Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив. „Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е навистина...

Continue reading

nasadi creshi

Снегот и ниските температури позитивно ќе влијаат на земјоделските култури во нашиот регион

Post Views: 3 Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести...

Continue reading

organska hrana

Промовирана интернет страницата “Органска Македонија“

Post Views: 10 Министерството за земјоделство во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско производство. Страницата  www.organicmacedonia.org.mk е алатка која ќе ги даде основните информации за органската храна и на полесен начин, непосредно или директно, ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите. Страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи. Македонија располага со 3.000 хекатри органски житарици, околу 1.000 хектари фуражни култури, 350 хектари овоштарници, 245 хектари...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top