Ознака: крстаноски

Откриено спомен обележје на херојот од Ливоишта Благојче Крстаноски

Post Views: 10 Откриено спомен обележје на Благојче Крстаноски, херојот од Ливоишта, кој подмолно беше убиен на караулата Блаце, вршејќи ја својата должност, на 8 ми април 1999 год. Одбележувајќи ја 18 годишнината од неговиот прерано згаснат живот, денес во Ливоишта истакната личности и делегации го воздигнаа неговото име, на почесно и заслужено место во историјата на Македонија. Свое обраќање на овој чин имаше првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој истакна дека Благојче ќе го имаме секогаш меѓу нас, во нашите спомени кој како херој кој на олтарот на одбраната и слободата го...

Continue reading

Проф. Крстаноски: Велосипедската инфраструктура треба да се планира со ГУП овите

Post Views: 5   На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола. „Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка ов делот...

Continue reading

emo

Вработените во Емо на нов принуден платен одмор

Post Views: 10 Вработените во Емо денес не се вратија на работа. Тие добија известување дека се упатуваат до 19 јуни на нов  принуден одмор. За вработените што туку заврши принудниот три месечен одмор ,а новиот раководен тим на ЕМО ги пушта на нов принуден платен одмор.   „Принудниот одмор во законските рамки од 3 месеци максимално  заврши. Но со оглед дека нема обезбедено работа, ни работни услови за работниците, нема струја од 2014, нема греење побарано беше од наша страна да дадеме согласност за упатување на вработените на 70 посто , но синдикатот не е надележен да донесува одлуки...

Continue reading

emo protest

Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 0 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа. „На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно...

Continue reading

болница

Охридските пациенти три месеци немаат реагенси за проверка на тироксин

Post Views: 2   Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во  лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го  зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година. „ За конкретната...

Continue reading

emo

Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник

Post Views: 5 Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и  да не им се пресметуваат камати.  Станува збор за  членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој  во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба.  Ова барање  следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на  вработените, напоменува Миле...

Continue reading

Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски

Post Views: 2 Синдикатот на АД ЕМО  за 26 јануари побарало средба со премиерот Никола Груевски. Од претседателот на Владата ќе бараат решавање на нивните три основни барања, исплата на заостанатите плати и придонеси, решавање на статусот на работниците што понатака со компанијата, како и  исплата на придонесите за стечајните работници за остварување на право на надоместок. Трите основни барања според нив се остварливи доколку има волја на власта , вели претседателот на синдикатот на АД Емо  Миле Крстаноски. Се надеваат дека ќе дојде до  средбата и ќе се најде излез за нивната агонија...

Continue reading

емо

Работниците од Емо повторно со демонстративен марш низ охридските улици

Post Views: 21 Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите  барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од  владата да го  реши нивниот егзистенцијален  проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој  се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се  оглушуваат  сите институции па дури и национални  медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше  дел од штрајкувачите.   „30 години имам...

Continue reading

Miladin Krstanoski

IN MEMORIAM – Проф. д-р Миладин Крстаноски

Post Views: 7 Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор. Дипломира на универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ Правен факултет- Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипл. правник , 1980 година го положил Правосудниот испит.  Последипломски студии: магистрира на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ Правен факултет –Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки;  Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет...

Continue reading

fzom

Невработените кои не се пререгистрирале избришани од ФЗОМ

Post Views: 7 Од вкупно 5370  невработени корисници на бесплатна здравствена заштита, до 31март годинава до кога беше и последниот рок за пререгистрација, оваа обврска ја завршиле 3300 корисници. Како што изјави раководителот на Подрачната единица на ФЗОМ од Охрид, Славе Крстаноски пререгистрација извршиле 61 % од корисниците, што е добар процент во споредба со оној од републичко ниво кој изнесува 56%. Крстаноски нагласи дека 2070 невработени корисници останале без бесплатното здравствено осигурување и истите на 2 април биле одјавени од системот. Сега тие ќе треба повторно да ја подготвуваат...

Continue reading

fzom

Само 45% од невработените се пререгистрирале за здравствено осигурување

Post Views: 4 Во тек е пререгистрацијата на невработени во Охрид. Во општинава има околу 5500 невработени носители на право на здравствена заштита или заедно со осигурениците на нивно име тоа е околу 10 000. Досега над 2400 илјади или 45% од осигурениците од Охрид извршиле пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување. Рокот изминува на 31 март. 6000 илјади осигуреници можат да останат без здравствено осигурување доколку не извршат пререгистрација во тој рок, предупредува првиот човек на Фондот Славе Крстаноски. „Морам да кажам дека одзивот е прилично слаб на ниво на Македонија,...

Continue reading

fzom

Пререгистрација за невработените охриѓани во ФЗОМ

Post Views: 9 Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Сите невработени охриѓани кои во текот на изминатата година не оствариле приходи или пак оствариле приход кој не ја надминува законската рамка, треба лично да ги посетат подрачните одделенија на Фондот и да извршат пререгистрација, а за таа цел потребна им е само лична карта и изјава за остварени приходи која ќе ја добијат на шалтерите во Фондот. „Во текот на оваа пререгистрација се потребни само пополнување на изјава,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top