Ознака: кражби

21-годишен охриѓанец и четворица малолетници вршеле тешки кражби низ Охрид

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнен дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид. Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени, а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли. На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари – информираат...

Continue reading

Уапсен член на “Пинк Пантер”

Post Views: 3 Уапсен е член на познатата банда “Пинк Пантер”, по потекло Србин, во близина на Мадрид, соопшти шпанската полиција. Борко Илинчиќ (33) учествувал во кражбата на накит во трговскиот центар во Дубаи 2007 година, што е една од најпознатите кражби во историјата, додава полицијата во соопштението. Шпанската полиција објавила снимки на кои се гледа маскиран маж како го крши излогот од продавницата, го собира пленот и со двајца соучесници бега во луксузен автомобил. По Илинчиќ е распишана меѓународна потерница. Во Емиратите тој е осуден во отсуство на доживотен затвор за таа...

Continue reading

Дискусија за превенција од кражби на струшките плажи

Post Views: 10 Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денеска во 11 часот ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.

Continue reading

Во Охрид во пораст е бројот на кражби на велосипеди

Post Views: 3 Во Охрид мета на крадците се поскапи, но и постари велосипеди. Не е мал бројот на охриѓани кои деновиве останале непријано изненадени по кражбата на нивниот велосипед. Некои граѓани кражбите ги пријавуваат во полиција, некои не, други пак, бараат помош со објави на социјалните мрежи. Кражбите на велосипедите се случувале најчесто од јавните површини, помал дел од дворовите и влезовите од станбените згради, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година. Во таа насока, може да кажеме,...

Continue reading

Еуропол предупредува на зголемени кражби по пат на банкомати

Post Views: 0 Еуропол објави соопштение во кое наведува дека е забележан пораст на malware во банкоматите кои се често мета на напади. Имено, во светот постојат околу 3 милиони банкомати кои нудат подигнување на пари. Во просек корисниците подигаат околу 8,6 милијарди евра годишно, што е интересно за напаѓачите кои бараат нови начини како да дојдат до парите на корисниците. Ова е прво документирано соопштение кое длабоко задира во проблематиката на банкоматите и зголеменото софистицирање на сајбер криминалот, а начинот на кој тие напади се планирани е со нови методи и техники од оние...

Continue reading

Кривична пријава за осомничен за кражби

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид. Тој, казнените дела ги сторил во периодот јули-ноември оваа година во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369 121,оо денари.

Continue reading

ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал

Post Views: 1 Вработените од ЈП Охридски комуналец интензивно работат на уредување на парковите површини. При тоа во континуитет претрпуваат штети од кражби на цвеќиња и декоративни садници од страна на несовесни граѓани.Таквото уништување го нарушува изгледот на парковите површини, информира Трајан Љаткоски. „Секојдневно се справуваме со тие работи. Дополнуваме, пресадуваме и заменуваме цвеќиња и садници, но трендот на крадење продолжува од несовесни граѓани. Се надеваме со овие изјави, со интервенција на полицијата и на нашите служби таа појава да се намали“, вели Љаткоски.   Во...

Continue reading

Во Охрид за време на продолжениот празничен викенд се случиле четири тешки кражби

Post Views: 3 Празниците одлична можност за крадците. Тогаш кога граѓаните најчесто не се дома тие гледаат одлична прилика за реализација на својот крими-план. Златен накит, кеш пари, велосипеди, лаптопи, скапи мобилни телефони, крадците не се многу избирливи кога станува збор за пленот, важно им е да им донесе добра заработка штом ќе го препродадат. Во Охрид за време на Велигденските празници се случиле четири тешки кражби и тоа две во станови, една во маркет и една во автомобил. Украдена е техничка стока, злато, колонијални производи и акумулатор од автомобилот.На местото на настанот...

Continue reading

Повторно кражби на цвеќе од јавните поворшини

Post Views: 6 Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот “Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува. Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот “Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.

Continue reading

ikonostas

Украдени икони стари пет века

Post Views: 1 Крадците, незабележани од никого, успеале да го однесат цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Свештените лица од Манастирот св. Јован Бигорски на официјалната веб страна први објавија за оставениот пустош во храмот: „Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа организирана...

Continue reading

Во охридско-струшкиот регион откриени се 70 кражби на струја

Post Views: 3   Зголемен бројот на кражби на струја во 2015 година во споредба со претходната. Тоа го покажуваат статистичките податоци на ЕВН Македонија. Според нив во 2015 год откриени се 1136 кражби за неовластено користење на електрична енергија. Околу 70 кражби од нив се територијата на охридско-струшкиот регион, за ТВМ обелодени портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески. Над 80% од кражбите биле откриени кај домаќинствата но голем е бројот на кражби и кај бизнис корисниците, додава Ковачевски. Додека пак за тековнава година за месец јануари во Охрид се откриени 10 кражби а во соседна...

Continue reading

svr

Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници

Post Views: 8 „Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници“  е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на општина Охрид.  На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златари и менувачници од градот.   Средбата има превентивен и едукативен карактер а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top