Ознака: конференција

DZeljal Bajrami

Министерот Бајрами на конференција за глуви и наглуви лица

Post Views: 4 Mинистерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска ќе ја отвори Интернационалната конференција под наслов „Знакот е глас“ во организација на Детскиот театар центар-Скопје, а во соработка со Туст театарот од Стокхолм, Шведска.   Главна цел на конференцијата, која ќе се одржи во Детскиот театар центар во Старата Чаршија, е започнување процес за развој на театарската култура и пракса со и за заедницата на глуви и наглуви на Балканот, со посебно значење во Македонија. Долгорочниот план на проектот е воспоставување основа за градење одржлива инфраструктура за поддршка...

Continue reading

Nikola Todorov

Министерот за образование на конференција во Љубљана

Post Views: 3 Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан. Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан, која е дел од програмата на словенечкото претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа. – Целта е да се развие длабока дискусија за минатиот и иден развој на Болоњскиот процес во земјите од Западен Балкан....

Continue reading

Елизабета Канческа-Милеска

Министерката за култура на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Post Views: 2 Министерката за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре  ќе има обраќања на 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, која се одржува  од 6 до 23 октомври. Канческа-Милевска, која е и шеф на делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи, за образование и наука и за животна средина и просторно планирање, денеска во името на Република Македонија ќе се обрати на главната пленарна седница на 35-та Генерална конференција, а утре ќе се обрати на Пленарниот форум...

Continue reading

zname

Конференција за македонското партнерство со Шпанија

Post Views: 21 Конференцијата „Шпанија-Македонија: Стратегиско партнерство за пристапување во Европската унија“, се одржува денеска во Скопје. Конференцијата, фокусирана на претстојното шпанско претседателство со Европската унија (1 јануари – 30 јуни 2010 година), ја организираат Центарот за Меѓународни студии од Барселона (CIDOB) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО). На конференцијата ќе учествуваат седуммина експерти, претставници од повеќе шпански тинк-тенк организации, медиуми, како и еден пратеник од Парламентот на Кралството Шпанија. {loadposition conten...

Continue reading

logo

Конференција ЕТАИ во Охрид

Post Views: 4 Националната конференција со меѓународно учество, ЕТАИ 2009, од областите на електроника, телекомуникации, автоматика и информатика денеска свечено ќе биде отворена во Охрид. Годинешнава ЕТАИ 2009 е деветта од серијата конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија. Нејзината намена, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. Оваа година ЕТАИ 2009 има мулти-конференциско издание, заедно со неа ќе се одржат...

Continue reading

Balcan

Конференција за иднината на Балканот

Post Views: 1 Преосмислување на дијалогот и иднината на Балканот се тема на конференцијата што денеска во хотелот Стоун Бриџ во Скопје се одржува во организација на Советот за глобална соработка. На конференцијата ќе учествуваат припадници на невладиниот сектор и влијателни тинк-тенкови, експерти за надворешна политика од сите балкански земји. Македонскиот совет за глобална соработка изготви и нон пејпер во смила на препорака до македонските институции, за промовирање на дијалогот и добрососедството на Балканот и посветеност на евро-атлантската иднина на Македонија. {loadposition...

Continue reading

Gordana Jankulovska

Министерката за внатрешни работи на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција

Post Views: 1 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам. На конференцијата ќе се изврши преглед на ситуацијата во областа на визната либерализација, а ќе стане збор и за понатамошен развој на полициската соработка во Југоисточна Европа и размена на добрите пракси во борбата против тероризмот во Југоисточна Европа. Министрите ќе потпишат и Меморандум за разбирање во врска со поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна...

Continue reading

Ohrid

Шеста Конференција за борба против корупција

Post Views: 3 Претставници на повеќе од 45 земји од Европа и Централна Азија ќе учествуваат на шестата Конференција за борба против корупција – предизвиците за проширувањето на ЕУ, што во организација на Владата на Република Македонија и Министерството за правда, во соработка со Transparency International и Транспарентност нулта корупција Македонија, се одржува денеска во Охрид.Конференцијата свечено ќе ја отвори премиерот Никола Груевски, а обраќања ќе имаат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски, министрите за надворешни работи и за правда, Антонио Милошоски...

Continue reading

Светската интелектуална елита на On-line Конференција во Македонија

Post Views: 9 На 19 јануари, вторник, верскиот христијански православен празник Водици – Богојављение, со обраќање – говор на претседателот Стево Пендаровски, со почеток од 12:00 часот (15:00 часот по средноевропско време, ќе се одржи Интернационална онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам – од средновековната доба до денес, во Европа и светот“. Истовремено и церемонијата на прогласување на академик Абдулах Шарчевиќ, за добитник на Светската награда на хуманизмот, за 2021 година. Градот Охрид, традиционално, на славодобитникот, како награда, му дарува статуетка...

Continue reading

Нова прес конференција на СЈО

Post Views: 9 Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за денес напладне, објави обвинителството на Фејсбук, без дополнителни детали за темата на пресот. Нема дополнителни информации за денешната прес-конференција. Досега СЈО има поднесено три обвиненија до судот, а се водат истраги за над 15 случаи. Во тек се повеќе од 60 предистражни постапки.

Continue reading

znaminja

Конференција „Македонија кон ЕУ и НАТО”

Post Views: 1 Конференција „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО”, започнува денеска во Охрид, со учество на владини претставници и видни личности од општествено политичкиот живот на Балканот. Оваа 11-та меѓународна конференција на Балканскиот политички клуб, претпладнево ќе ја отвори македонскиот премиер Никола Груевски. Меѓу учесниците се и поранешните претседатели на Македонија, Турција и Романија, Киро Глигоров, Сулејман Демирел и Емил Константинеску. Цел на тридневната конференција е поддршка и афирмација на надворешната политика на Македонија кон остварување на стратешката цел,...

Continue reading

лого

45-та Минхенска безбедносна конференција

Post Views: 1 Македонскиот премиер Никола Груевски, кој заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски присуствува на 45. Минхенска безбедносна конференција, денеска ќе има обраќање на една од панел дискусиите. Главната панел дискусија, која се одржува денеска е под мотото „НАТО, Русија, природен гас и Блискиот Исток: Иднината на европската безбедност“. Покрај оваа, денеска ќе се одржат панел дискусии и на тема „Глобалните предизвици и кризата на меѓународниот поредок“ и „Регионални нестабилности Кавказот и Балканот“.Според агендата, в недела ќе се одржи пленарна седница...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top