Ознака: кои

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 3 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници....

Continue reading

topol dom

Продолжува акцијата „Се грижиме за топол дом“

Post Views: 6 Со цел задоволување на потребите на граѓаните од земјава на кои им е потребна помош од покуќнина, мебел, бела техника, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и др, МТСП продолжува со акцијата „Се грижиме за топол дом“. Првиот човек на Регионалниот Центар за Социјални работи Екрем Каљоши, вели дека Министерството преку имплементирање на социјалните политики континуирано оди во насока да се намали социјалниот ризик кај корисниците во државата, а во исто време да превенира од евентуален ризик на социјално исклучување кај загрозените категории. „Првенствено целта,...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Советниците на ДПМНЕ дигнаа два прсти за урбанистичките планови кои ги критикуваа

Post Views: 5 СДСМ не е против урбанизацијата во градов, реагираат од оваа политичка партија после вчерашната седница на охридскиот совет. Координаторот на опозицијата проф. Јован Стојановски, јавно прашува која е разликата помеѓу новиот концепт на урбанизација кој што се спроведува сега и оној стар концепт на урбанизација за кој жестоко беше критикувана СДСМ и претходната локална власт. „За сите тие Урбанистички планови беше жестоко критикувана претходната власт, беа остварувани политички поени, се додека беа на опозиција на локално ниво, урбанизацијата за нив беше нецивилизациска...

Continue reading

kaneo fest 2014

13ти Канео фест

Post Views: 1 13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи. Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат...

Continue reading

Еве зошто е лесно да се хакираат славните личности

Post Views: 0 Од Apple  веќе одговорија дека фотографиите не се украдени со искористување на пропустот на нивниот iCloud, туку хакерите ги искористиле информациите за корисничките имиња, лозинки и сигурносни прашања, а некои новинари ги обвинија самите корисници за користење на лоши лозинки. Имено, токму тие сигурносни прашања на кои е потребно да се одговори кога корисниците ќе ја заборават лозинката се голем проблем на iCloud и на бројни други интернет сервиси, при што се најчесто загрозени славните личности. Huffington Post пишува дека одговорите на некои од тие сигурносни прашања,...

Continue reading

parking Kapetanija

Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи

Post Views: 12 Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест. „Апсолутно поведени од нивната иницијатива,...

Continue reading

leten rezim

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Post Views: 5 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...

Continue reading

Плаосшник

На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти

Post Views: 2 На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид  ги  најави Министерката за култура  Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на  возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. „Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие  објекти  да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме , паралелно,...

Continue reading

gimnazija

Светски познати архитекти во Охрид

Post Views: 1 Од денеска во Охрид започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн во што во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн веќе втора година се одржува во рамките на активностите на Охридско лето. Во рамките на Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ предвирени се повеќе активности. Врвни светски експерти од областа на архитектурата ќе дебатираат на тема ,,Преобмислување на метаболизмот ,, . Меѓу нив и познатите хрватски архитекти Винко Пенезиќ и...

Continue reading

Нови книги во охридската библиотека кои ќе го привлечат вашето внимание

Post Views: 0 Неделната понуда од нови наслови ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнуваме со книгата за деца „Мојот свет“ во издание на Панили од познатиот македонски автор Киро Донев, омилен на генерации читатели. Овој преглед содржи дела претежно од домашни автори. Премостени соништа од Ана Рингачева Витанова во издание на Силсонс, Клучот на Ивана од Ленка Попоска Гогоска, издавач Ѕвезда. Ви предлагаме да ги прочитате и следните наслови: Снегот добро пазеше да не падне од Дарко Цвјетиќ во издание на Израз, Драми од Маја Стевановиќ – МИ-АН и драмата Животот е краток...

Continue reading

Сите полуделе по овој телефон

Post Views: 2 Во продажба биле пуштени 40.000 апарати кои биле распродадени за 4,2 секунди, а вкупната побарувачка за овој Redmi 1S на Xiaomi била околу 250.000 апарати. Xiaomi за кратко време премина пат од “само една од многуте кинески компании” до еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во светот. Поради копирањето на апаратите од Apple оваа компанија е наречена кинески Apple, а нејзиниот шеф, кој новите производи ги претставува во сини фармерки и црна маичка, го нарекуваат кинески Steve Jobs. Нивните телефони наголемо се популарни во Кина а следниот чекор на Xiaomi...

Continue reading

belo leto 2014

Три дена „Бело лето“ во Охрид, главна атракција, групата Нокаут

Post Views: 4 Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор пат,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top