Ознака: кои

свр

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 3 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално...

Continue reading

fakjac na krst

Осветено спомен обележјето Фаќач на крст

Post Views: 23 Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите. „Нешто што се пренесувало од...

Continue reading

Pojadok na most

„Појадокот на мост“ покажа колку е народот гладен

Post Views: 5 Најновиот изум на моменталната власт, “Појадокот на мостот”, уште еднаш покажа колку народот е гладен и сиромашен. Илјадници луѓе буквлано се “бореа” за парче леб и чаша сок!Иако беше предвидено појадокот да биде за 2.000, пред мостот се појавија можеби двојно повеќе луѓе. Обезбедувањето кое се наоѓаше на двете страни од Камениот мост беше немоќно да го воспостави редот, бидејќи имаше луѓе кои сакаа по секоја цена да појадуваат и буквално грабаа од послужавниците на келнерите и ставаа во ќеси.Мотивирани од стомакот, гладните гости не ни ги забележаа...

Continue reading

ohrid

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 5 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција. -Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка. -Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец. -Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Continue reading

logo

Почнува манифестацијата „Бело лето“

Post Views: 8 Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи. Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка. И...

Continue reading

bikini

7 милиони жени гладуваат поради бикини

Post Views: 7 Жените се подготвени да направат баш се за да изгледаат убаво во летната сезона. Доказ за тоа е фактот дека 7 милиони жени годинава гладувале за да изгледаат убаво во бикини на плажа. Оваа импресивна бројка е вистински доказ за тесната поврзаност меѓу жените и различни диети кои ветуваат чуда. 7 милиони жени во светот признале дека периодов се на диета за да изгледаат подобро на плажа, а оние кои што сеуште не се на годишен одмор планираат да бидат на строга диета пред истиот. Причината е  костимот за капење. Истражувањето било спроведено во Велика Британија и истото...

Continue reading

med

Во Прилеп за првпат ќе се одржи фестивал на медот

Post Views: 1 Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот. Пчеларите...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 2 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален...

Continue reading

тоалет

Охрид на прагот од новата туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети

Post Views: 2 Охрид на прагот од  новата  туристичка сезона  сеуште е без јавни тоалети. Туристичкиот центар никако да  добие  современи јавни тоалети.  Градските влaсти со години наназад  не  го решават најосновниот комунален проблем на кој укажуваат и туристите и охриѓани. Стефан Каневче, туристички водич кој е секојденвно во конаткт со туристите, со жалење констатира дека тоалетите се последна грижа во туризмот. Недозволиво е да се запостави изградбата на вакви санитарни објекти  како што е сегашната ситуација на која паѓаме во туризмот, вели Каневче. „Прво што треба да се почне...

Continue reading

sheherezad

Поради турски серии немало кој да преведува учебници

Post Views: 15 Учениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии. Така, фирмите што биле ангажирани да ги подготват книгите му се пожалиле на министерот за образование Никола Тодоров. Сепак, како што истакна Тодоров на вчерашната прес-конференција, учебниците биле готови на почетокот на училишната година и им се поделени на учениците. Но, според министерот, родителите му забележувале дека преводите се многу лоши поради што децата имаат потешкотии да го разберат материјалот.Што се однесува...

Continue reading

arhitekti

Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид

Post Views: 6 33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина. Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top