Post Views: 1
По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.–Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал .
И годинава на...
Post Views: 2
Повеќето жени подобро би се одлучиле за шопинг отколку секс со партнерот, а научниците откриле дека исто ќе постапат и оние кои имаат добар секс со партнерот и оние кои имаат лош секс. Истражувањето кое го потпишуваат тимот на сексолози од Оксфорд, а кое траело четири години и вклучило 1300 жени, покажало дека дури 62% од жените кога морале да бираат помеѓу сексот и шопингот, тие одбрале шопинг.
“Не зачудија резултатите, затоа што повеќето жени внесуваат многу повеќе емоции во сексот отколку мажите, што значи заклучокот сам се наметнува дека жените купуваат со...
Post Views: 6
Како што телевизија ТВМ информираше пред десеттина дена, сепак ќе се уредува дворното место на болничките цркви Св Богордица и Св. Никола. Поттикнати од бројните забелешки на граѓаните кои постојано укажуваа на грдата слика од разурнатиот ѕид, ја продолжуваме сторијата за болничките цркви. Првиот човек на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска открива дека есенва ќе се уредува дворнотo место на овие две цркви.
„Ќе се регулира во теков на есенскиот период, моментално изработуваме заштитно конзерваторски основи потребни за урбанизација на тој простор и се надевам дека...
Post Views: 7
Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот.
–Она што е иновативно за ова издание на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени...
Post Views: 8
Текстот не се однесува на секс. Оние кои и после оваа забелешка ќе продолжат да читаат (сите тројца) ќе дознаат дека алфа мажите се враќаат во мода. Поради економската криза господата ги игнорираат помадите и маникирот, соопшти весникот “Дејли експрес”.
Мажите се откажуваат од метросексуалниот идеал и се насочуваат кон брадата и грубиот изглед. Новиот маж е “ретросексуален”.
Неговo олицетворениe е актерoт Хју Лори. Минатиот месец Лори стана лице на серија козметички производи за мажи на “L’Oreal”. Тој призна дека улогата на...
Post Views: 4
„Купувајќи го списанието „Лице в лице“ им помагате на многумина, читајќи го „Лице в лице“ си помагате себеси.“ Ова е слоганот на првото македонско улично списание „Лице в лице“ кое од денес конечно може да се купи и низ охридските улици. Ова списание обработува најразлични теми, од екологија, социјала, здравство, култура, но сите тие видени од гледна точка на граѓанинот. „Лице в лице“ ќе го продаваат граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, и кои со продажбата на истото чесно ќе заработуваат.
„Она што го прави специфично „Лице в Лице е тоа што се обидува да го помести...
Post Views: 8
Дали посмртните останки и гробовите на значајните лица кои придонеле за Охрид ќе завршат во заедничка гробница? Недостатокот на гробни места, и немањето средства за нивно одржување е причината поради која ЈП Градски гробишта, гробните места кои немаат старател ќе ги сместува во заедничка гробница.
Ова прашање деновиве станува актуелно имајќи го предвид фактот дека Охрид, односно во рамките на градските гробишта не постои алеја на заслужни граѓани во која би можеле да се сместат посмртните останки на граѓани заслужни за Охрид. Засега непознато е каква ќе биде судбината...
Post Views: 5
Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.
{loadposition conten...
Post Views: 4
Патувањата на Марко Поло во Кина и Далечниот Исток го промовираа како еден од најголемите истражувачи на сите времиња, но сега италијанските археолози тврдат дека тој воопшто не заминал никаде, пренесува Дејли Телеграф. Археолозите сметаат дека Поло “собирал“ приказни за Кина, Јапонија, Монголската империја и тоа најверојатно од персиски трговци кои ги среќавал на бреговите на Црното море. На тој начин трговецот од Венеција ја напишал “Милион“ (Патувањата на Марко Поло), во кои се опишуваат неговите авантури од 1271 до 1295 година.
Особено се нагласуваат големите недоследности...
Post Views: 6
Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование.
–Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво....
Post Views: 2
Џенгис Пател е единствениот туристички водич во Охрид кој организира бесплатни разгледи на градот. Ова не е нова работа во светот, во Европа постои околу 15 години, а слободни разгледи има во сите поголеми светски градови Барселона, Лондон , Брелин, Париз Белград , Њујорк, кажува Пател. Покрај редовните разгледи, тој веќе 3 години е дел од клубот кој го применуваат новиот тренд. Овој начин на работа потекнува од Германија, поточно од Берлин од туристичкиот водич Сандеман, раскажува Пател. Додава дека е штета да се дојде во Охрид и градот да не се разгледа со водич,...
Post Views: 1
Во Босна и Херцеговина околу 500 куќи се под вода на подрачјето на Босанска Градишка, а 250 во Приједор. Околу илјада куќи под вода се и во Словенија.
Околу 1000 куќи во Словенија се под вода а поплавите однесоа и два животи. По 17 годишната актерка, пронајдено е и телото на нејзиниот 30 годишен роднина по кого се трагало откако со службениот автомобил на националниот автоклуб паднале во надојден ендек со вода.
Евакуирани се многу луѓе а на терен се 2000 пожарникари и 60 припадници на цивилната заштита, а на помош е дојдена и словенечката армија. Големи количини на вода...