Ознака: кои

книга

Охриѓани се помалку купуваат книги

Post Views: 1 Охриѓани се поретко можат да ги подноват своите домашни библиотеки со некое ново издание. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Вработените во книжарниците низ градов велат дека само мал број на граѓани можат да си купат книга бидејќи во денешно време тоа станува луксуз. Најчесто ги чекаат попустите на саемот на книгата кој се одржува во месец април во Скопје. „Но, оваа година и на саемот книгите не беа баш евтини“, објаснува Димитар Саков раководител на книжарата „Алби“. Попустот бил само за 10 до 20%, а не како изминатите години...

Continue reading

ftu

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Post Views: 3 Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...

Continue reading

socijalni sredbi

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Post Views: 2 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид. „Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но...

Continue reading

gomleze

„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно

Post Views: 8   „Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно. Екипата на емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација „Охридска софра“. Што е уште поинтересно на Алачки асистент во готвењето на еден познат охридски специјалитет ќе и биде градоначалникот Никола Бакрачески. Ова е една од новините кои годинава организаторот ги внесе со цел што повеќе да се испромовираат охридските специјалитети пред гостите. –Главната иницијатива и идеја потекна од соработката со организаторот на...

Continue reading

socijalno

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Post Views: 0 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе...

Continue reading

fries

Помфритот и диетите

Post Views: 2 Досега важеше правилото дека помфритот е најголем непријател на вашата „тенка линија“. Сепак, новото истражување покажува дека помфритот може да се конзумира и за време на диетата. Научниците од Универзитетот во Калифорнија потенцираат дека ова јадење може да биде дел од здравата исхрана. Се разбира не е се така едноставно, бидејќи тука има една финта, имено важно е да се подготви на одреден начин. “Идеалната температура за пржењето на помфит е помеѓу 170 и 180 степени„ велат научниците кои додаваат дека компирот не треба да биде целосно потопен во зејтин. На крајот...

Continue reading

ludorii

Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“

Post Views: 6 Екипата „Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“ кои вчера се одржаа на охридскиот базен „Атина Бојаџи“. Нејзините десет членови беа најбрзи, најиздржливи, најдобро сконцентрирани, а и најсреќни па во седумте игри успеаја да постигнат добри резултата што накрај им ја донесе победата. -Можам да кажам дека беше доста забавно и интересно, се надевам дека и другата година ќе има исто вакви игри и дека ќе се пријават повеќе екипи од годинава, рече Теодор Андоноски натпреварувач од „Делфина 2012“. На водените лудории учествуваа уште три екипи. Второ место освои тимот...

Continue reading

kamen temelnik

Ставен камен темелникот на новата индустриска зона кај Струга

Post Views: 1 Денес со поставување на камен темелникот свечено се означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона лоцирана во струшко-охридскиот регион. Ова беше долгогодишна заложба на Владата на РМ и се реализира многу побрзо од очекуваното. –Она на што сум посебно горд е што цел овој процес се скрати за една година заради одредени измени кои ги направивме во Законот за јавни набавки на едно автентично толкување кое јас го поднесов, а кое овозможи убрзување на сите постапки. Тоа се случи на крајот на јули, а еве сега на крајот на...

Continue reading

пуштање во употреба пат

Премиерот Никола Груевски во Охрид

Post Views: 0   Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј. –Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот...

Continue reading

Листа на чекање за есенските нијанси на Chanel

Post Views: 8 Бојата на лакот е показател на добриот вкус исто како и гардеробата која ја носите. Во претстојната сезона апсолутен хит ќе бидат нијансите кои ги лансира Chanel.Веќе неколку години Chanel диктира трендови кога се во прашање боите на лакови за нокти. Жените посебно беа воодушевени од нијанситеJ ade, Particulaire и Mimosa. Креативниот директор на Chanel, Питер Филипс за сезоната есен/зима 2011 исфрли на пазарот три нови бои.  Се викаат Graphite, Peridot и Quartz а инспирирани се од накитот со металик сјај и мешавина на златна, зелена, бронзена и пинк нијанса. {loadposition...

Continue reading

promo Ohrid

Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид

Post Views: 1 Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа. Од утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата  Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат  Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн...

Continue reading

strujomeri

Граѓаните со голем интерес за кампањата на ЕВН и ЕЛЕМ

Post Views: 7 Како што информираат  од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје.Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја.Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top