Ознака: кои

zena

Досадата ќе ве убие?

Post Views: 5 Научниците спровеле истражување кое ја потврдило тезата дека здодевноста навистина убива.Имено, испитаниците кои тврделе дека во животот им било здодевно, имале дури 40% повеќе шанси да починат побрзо од оние чијшто живот бил исполнет. Научниците веруваат дека причина за тоа е фактот што незадоволството од животот се манифестира преку нездрави навики, како што се пушењето и алкохолот, кои знчително го скусуваат животниот век. Резултатите уште покажале дека на жените им е здодевно повеќе од мажите, а склони кон здодевност се и младите луѓе кои извршуваат сервилни работи....

Continue reading

Porta Makedonija

Грција упати протестна нота за “Порта Македонија“

Post Views: 1 Грција упати протестна нота до македонското Министерство за внатрешни работи заради симболите на “Порта Македонија“, за кои, како што наведува, биле со иредентистичка содржина.Шефицата на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, Александра Пападополу, во нотата која ја упатила до македонското МНР протестирала “поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“. Официјална Атина предупредува дека ваквите постапки се опасни и претставуваат закана...

Continue reading

pumpa

Изгоре електро опремата на пумпната станица „Струга 3“

Post Views: 6 Пумпната станица „Струга 3“, деновиве претрпе голема хаварија. Два дена оваа пумпа беше вон функција поради оштетување на електроопремата и апаратурата на овој објект заради висок напон. Имено, се работи за објектот во општина Струга кој работи во рамките на МЈП „Проаква“, Р.Е. Колектор. Директорот на овој дел, Ваит Ајро, вината ја лоцира кај ЕВН Скопје. Тој рече дека поради нефункционирање на овој објект постои сериозна закана од еколошка катастрофа на езерото, поради дирекно влевање на големи количини фекалии во него. Ајро додаде дека во денешно време недозволиво...

Continue reading

Откриени детали од црната кутија на авионот на AirAsia

Post Views: 3 Истражителите на авионски несреќи кои работат на трагичниот случај на летот на AirAsia 8051 потврдиле што открила црната кутија. Имено, снимките прикажале дека во кокпитот имало бројни аларми додека пилотите се бореле со авионот, а помеѓу другото бил вклучен и алармот кој укажувал на нагло зголемување на висината. Истражителите ја исклучиле можноста за саботажа, откако ги прегледале податоците од црните кутиии. Индонезијскиот министер за сообраќај Ignasius Jonan рекол дека авионот добивал на висина, неверојатно брзо околу 2000 метри во минута, а потоа нагло паднал и...

Continue reading

mrtv

Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами

Post Views: 1 Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија. Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста. Опозицијата смета дека со предложените измени се создава нелојална...

Continue reading

IMF

ММФ во Македонија, ако затреба

Post Views: 2 Паднаа во вода изјавите на Вицегувернерот на НБ на Р. Македонија Димитар Богов. Имено, пред нецели шест месеци Богов во Охрид, на Меѓународната конференција на ЕФСЕ, изјави дека македонската економија е силна и стабилна и не и треба аранжман на Меѓународниот Монетарен Фонд. Владата сепак одлучи да склучи договор со ММФ и да земе пари за недај боже. Првите пари од ММФ земјата ќе може да ги повлече од средината на јануари следната година. Кредитната линија за претпазливост според изјавите на претставниците на ММФ е достапна само за земјите-членки на ММФ кои имаат здрави...

Continue reading

Објавени хотелите во кои ќе се користат ваучерите за туризам

Post Views: 1 Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември годинава. Целосната листа можете да ја видите на овој линк.

Continue reading

farmerki

Сексистичко перење фармерки

Post Views: 6 „Како да ги исперете фармерките? Дајте и ги на жената. Тоа е нејзина работа!“Ова се зборовите кои се нашле на една етикета на фармерки од британската модна куќа „Madhouse“. Сексистичката порака на упатсвото за перење на фармерките, се судрила со бројни негодувања од страна на светските корисници на социјалната мрежа Твитер, особено зато што фирмата на овој начин сакала да дојде до бесплатна реклама. Меѓутоа, има и такви за кои овој потег претставува добра шеговита досетка, која е интересна за припадниците на двата пола. Но ова не е прв пат компанијата да прави вакви...

Continue reading

Kocani

Кочани е “Град на културата 2012“

Post Views: 8 На конкурсот за организирање на оваа манифестација, која годинава се одржува по деветти пат, се пријавиле повеќе градови и општини, меѓу кои, Кочани, Крушево, Крива Паланка, Тетово, Струмица, општина Чаир, Ресен, Неготино и Битола. Стручната комисија на Министерството за култура донесе одлука Кочани да биде годинашниот организатор на “Град на културата“.Како што соопшти Министерството за култура, проектот на Општина Кочани содржи конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата. Во рамки на манифестацијата, анимирани се сите установи...

Continue reading

liturgija

Света литургија по повод „Св. Богородица Пречиста“

Post Views: 8 „Св. Богородица Пречиста“, одбележана во Струга. Во непосредна близина на „Женска плажа“ каде што неодамна при ископ за билборд назреа темелите на некогашната Црква Св. Богородица Пречиста, се одржа света литургија. И годинава традиционално, на посната трпеза по повод празникот се најде проскура, пченица и вино. Претседателот на „Наша Струга“, Др. Јосиф Беле, истакна дека одбележувањето на овој верски празник од година во година е се помасовен и оти стружани се покажаа како големи верници. Претседателот на „Наша Струга“ верува дека до година на ова место стружани ќе...

Continue reading

Сладок сувенир за гостите кои ќе го посетат Охрид

Post Views: 0 Слаткото од охридски цреши ќе им се нуди како сувенир на туристите. Убаво спакувано во мали теглички со убав дизајн во кои ќе има по неколку цреши, ќе биде слатко задоволство за гостите кои ќе го посетат градов. Ова е убава замисла на професори од земјоделскиот факултет. Охридската цреша која има прекрасен вкус и која зрее подоцна од останатите и е специфична по многу нешта мора да се брендира и да стане препознатлив производ за Охрид, вели Др Илија Цанев од Факултетот за земјоделски науки и храна. Традиционалното производство ние мораме да го зачуваме во Македонија....

Continue reading

finalen festival

Сработеното на дело

Post Views: 10 Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост. Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top