Ознака: кои

drven most

Завршена реконструкцијата на Дрвениот мост – Струга

Post Views: 1 АД „Електрани на Македонија“ во соработка со својата струшка подружница ХЕ „Глобочица“, ја завршија реконструкцијата на дрвениот регулациски објект лоциран на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим. Со реализацијата на оваа инвестицијата вредна околу 2, 7 милиони денари беше извршена замена на дрвените носивни елементи на објектот кои се заменети со армиран бетон со што значително се зајакна стабилноста, а истовремено е задржан автентичен изглед на објектотот што изминатите пет  децении беше користен како пешачки мост за минувачите. Стручните лица велат дека објаснуваат...

Continue reading

Путин: Прекинот на огнот стапува на сила на 15 февруари

Post Views: 6 Рускиот претседател Владимир Путин рекол на самитот во Минск дека е договорен прекин на огнот во Украина кој стапува на сила на 15 февруари. Исто така е договорено и повлекување на тешката артилерија, додал Путин. Лидерите на четири држави кои учествуваа во преговорите се договориле да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, јавуваат од Кремљ. {loadposition content9}

Continue reading

фејсбук досаден

Фејсбук стана предосаден

Post Views: 7 Според најновата анкета на “Ројтерс“ и истражувачката компанија “Ипсос“, околу една третина од корисниците на “Фејсбук“ се прилично рамнодушни кон социјалната мрежа овие денови, а се чини дека чувството на незаинтересираност расте. Истражувањето најмногу било концентрирано на потенцијалната заработка од сегашните навики на корисниците на социјалната мрежа. Според анкетата спроведена на повеќе од 1.000 Американци, 80 отсто од корисниците на “Фејсбук“ никогаш не купиле производ или услуга која ја виделе на било која страница на “Фејсбук“, што значи дека без оглед на рекламните...

Continue reading

ucilnica

Во сабота на училиште

Post Views: 1 Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците. -Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под закуп

Post Views: 2 Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница. – Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Закупците кои ќе ги добијат плажите се должни...

Continue reading

Struga vo mrak

Струга во мрак

Post Views: 0 Внимавајте темница! Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен. Како дел од осветлувањето во градот...

Continue reading

vozacka

Возачката на 16 години ги дискриминира послабите ученици?!

Post Views: 1 Комисијата за заштита од дискриминација денес упати Мислење до Собранието на Република Македонија по однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Комисијата укажа дека законската одредба која предвидува одличен успех како услов за оспособување за управување со возила е дискриминаторска и е на мислење дека успехот постигнат во училиштата не влијае врз развојот на моторните вештини кај малолетниците со наполнети 16 години, кои се неопходни за совладување на техниките за управување со моторно возило. Со оваа...

Continue reading

zashtita na rab.

Безбедност и здравје на вработените, обврска на работодавците

Post Views: 3 СТОЛАР СИ ГИ ИСЕКОЛ ПРСТИТЕ , ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ , РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ПРИ ОДРОН НА ЗЕМЈА , ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР, РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА се само некои од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите, а ја пресликуваат поразувачката слика која се однесува на безбедноста на работа. Безбедноста и здравјето на вработените претставува не само законска обврска, туку и суштинска потреба за подобрување на продуктивноста и економскиот прогрес на секоја фирма.Од Македонското здружение за заштита при работа, потенцираат дека мора да се воспостави комуникација...

Continue reading

Продолжуваат кражбите на иконите во струшко

Post Views: 1 Ако во изминатиот период мета на крадците беа иконите од црквите во руралните средини, пред два дена крадците направија крајно изненадувачки потег и ги осквернавија храмот Св. Ѓоргија и Музејот  Др. Никола Незлобински, кои се наоѓаат во самото срце на Струга. Директорот на Музејот, Сашо Цветкоски вели дека ситуацијата е сериозна. Тој потенцира дека како установа, од нивна страна се направени сите обиди во сферата на заштита на овие сахрални предмети, но дека вистинската надлежност за нивната заштита е во рацете на Заводите за заштита на споменици на културата. Потребна...

Continue reading

Toyota повторно повлекува автомобили поради проблем

Post Views: 4 Причина за најновото повлекување на еден од автомобилите на Toyota, Yaris Hybrid, е проблемот со изработката на сопирачките. Имено, забележано е дека наведениот проблем може да предизвика оштетување на сопирачкиот клип а последица би била истекување на течноста за сопирање. Какви би биле последиците на истекување на сопирачката течност и доаѓањето во контакт со сопирачкиот диск, воопшто не е за споменување. Но, и кога не би дошло до контакт на дискот со течноста, истекувањето на течноста постепено ќе предизвика намалување на ефектот на сопирање. Како и да е сепак станува...

Continue reading

logo

Кроација осигурување најголем раст на пазарот за осигурување

Post Views: 12 Кроација осигурување – Друштвото за неживотно осигурување ги објави резултатите од работењето во 2011 година и ревидираните финансиски извештаи за 2011 год. Во деловната 2011 година Друштвото забележа раст на премијата од 82% во однос на претходната 2010 година, со склучени над 50.000 договори или 64% повеќе од 2010 година.Во втората година од работењето, оствари добивка пред оданочување од 12.241.495,00 денари, како резултат на раст на приходите во 2011 година за 97% повеќе во однос на 2010 година.  Исплатени се штети во износ од 57 мил денари, а техничките резерви...

Continue reading

gin

Бесплатни ПАП тестови

Post Views: 11 Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години. – Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top