Post Views: 4
Денес, Петер Соренсен ја посети општина Струга. Тој оствари работна средба со градоначалниците на двете општини Охрид и Струга. Евроамбасадорот беше информиран за локалните проблеми на двата града, кои потекнуваат од лошата корелација со централната власт, вели Рамиз Мерко. Градоначалникот на Струга, исто така пред Соренсен, ги потенцира меѓуетничките односи, кои според него се на извонредно добро ниво. Мерко, го замоли евроамбасадорот да се заангажира и да помогне да се средат работите во образовниот процес во Струга, каде биле наталожени бројни проблеми.
Александар...
Post Views: 4
Водата во градскиот водовод во Охрид е квалитетна за пиење, ддоека во руралните средини водата за пиење е со променлив квалитет, вели Сашо Точков , броматолог, специјалист по санитарна хемија. Тоа се должи на недостаток од дезинфекциони средства проблем присутен подолго време па водата микробиолошки и бактериолошки е загадена.
Нашиот град и држвата не може да се пофалат со висока свест кон водните ресурси со кои располагаме. Додава дека граѓаните и институциите сеуште имаат ниска свест за значењето на езерото како басен со квалитетна вода за пиење. Мал е бројот...
Post Views: 8
Осум француски државјани, вклучувајќи ги и славната едриличарка Florence Arthaud, олимпијската пливачка Camille Muffat и боксерот Alexis Vastine, се наоѓаат меѓу десетте загинати лица кога во Аргентина за време на снимање на реално шоу се судрија два хеликоптери.
До несреќата дошло во западната провинција La Rioja, во близина на планинскиот венец Анди, соопштиле локалните власти, додавајќи дека причината за несреќата на двете летала засега не е позната.
Меѓу загинатите се и неколку членови на продукциската куќа ALP TV кои учествувале во снимањето на авантуристичката...
Post Views: 9
Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема.
Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...
Post Views: 27
Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство.
– Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот...
Post Views: 5
На пазарот на паметни телефони сѐ популарни се кинеските компании чии телефони се многу поевтини во однос на познатите компании како што се Samsung, Apple и Sony, а имаат одличен хардвер со кој можат да бидат конкурентни со споменатите компании.
Безбедносната компанија Bluebox неодамна тестирала еден од нив (станува збор за Xiaomi Mi4) и непријатно се изненадиле со тоа што го пронашле внатре. Имено, телефонот кои го имале на тестирање имал неколку прединсталациони малициозни апликации, вклучувајќи го и adware кој бил прикриен како легитимна апликација на Google, тројанци...
Post Views: 3
Во Орегон се гради огромен центар за база на податоци кој е дизајниран со цел да ги намали трошоците за складирање на стариот и помалку популарниот материјал на Фејсбук.
Според податоците на оваа компанија, само 8% од милијардите фотографии кои се наоѓаат на мрежата влечат околу 85% посетеност во секој момент, останатите 92% се постари фотографии кои ретко ги гледаме. Со цел тој материјал да биде брзо достапен, Фејсбук планира да ги намали енергетските трошоци. Новиот “фрижидер” ќе ги обедини двата постоечки центри за складирање на податоци во Prinvil од...
Post Views: 7
Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа комисија...
Post Views: 0
Ова беше кажано во експресната реакција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, а во врска вчерашните обвинувања од страна струшкиот огранок на СДСМ. „Нема никаков таен договор, ни скриени намери помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Надица Николовска претседателканата на О.К НА ВМРО од Струга. Лицемерието е заштитен знак на СДСМ, додава таа.
„Времето ќе покаже дека ваквата наша одлука и активностите кои во иднина ќе ги превземеме, ќе се само во интерес на граѓаните на Струга. НА последната седница на Советот на Општина Струга, покажавте дека вашата соработка со струшкиот градоначалник...
Post Views: 7
Британските научници предупредуваат дека бојата за коса која што ја користат милиони жени ширум светот, всушност содржи хемикалии кои што можат да доведат до заболување од рак.
Како што е наведено, без оглед на тоа дали станува збор за фарба за коса која што се употребува во рамките на домот или пак за оние кои што се користат во фризерските салони, нивното влијание врз здравјето е исто.Според пишувањата на еден угледен научен магазин, боите за коса можат да реагираат со димот од цигарите и другите загадувачи на воздухот, создавајќи една од најмоќните комбинации кои...
Post Views: 2
Apple за 9-ти март најави конференција за новинари на која најмногу ќе се зборува за нивниот паметен часовник кој во продажба би требало да се појави во април. Иако Tim Cook часовникот го претстави во септември, од оваа компанија до денес не објавија додатни информации за нивниот нов гаџет, но како што се ближи времето за почетокот на продажбата на некои портали се објавени гласини околу опциите кои ќе ги има овој уред. Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори, објавиле дека Apple веќе некое време во својата тајна соба во која нема мобилен сигнал и е забрането...
Post Views: 10
Пожарот што избувна на скопски Бит пазар започнал од колонијална продавница и се проширил на другите дуќани.
Во продавницата каде што избувнал пожарот можеа да се видат остатоци кои доста лесно горат.Огнот го забележале лицата кои го обезбедуваат пазарот и веднаш пријавиле во противпожарната служба.Утрово местото на пожарот беше обележано со полициски ленти, а истражните органи вршеа увид на самото место.Дел од пазарот утрово немаше струја, но тезги има како и секој ден, а пазарџиите работат.Трговецот Џафир Четовиќ, кој изнајмувал еден од дуќаните што изгореа во пожарот,...