Ознака: кислород

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 1 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем...

Continue reading

seriski ubiec

Најстрашниот сериски убиец во историјата

Post Views: 0 Раководителката на една бразилска болница била обвинета за смртта на најмалку седум, а постои сомнежот и дека е виновна за смртта на околу 300 пациенти, на кои, со помош на останатиот медицински персонал, ги исклучувала апаратите за кислород. Светот веројатно ќе заборави на Џек Трбосјек, Тед Бундиј и сите останати познати сериски убијци затоа што, според информациите кои што пристигнуваат од Бразил, сите тие би можеле да останат во сенката на докторка која, засега се товари за убиството на седум свои пациенти, а под истрага е за смртта на уште најмалку 300 лица. Раководителката...

Continue reading

tenk

Тенк за по дома

Post Views: 1 Кинезот Хао Јинџи потрошил седум месеци и 90.000 евра за изработка на копија на рускиот тенк Т62. Тенкот, што го изградил во неговата куќа, е исфарбан во маскирни бои, има реалистична цевка за истрелување проектили и дебели гасеници, а може да се движи со брзина од 16 километри на час. Неговата цевка, сепак, не истрелува приектили, туку мешавина од етан и кислород. -Огнената моќ на овој тенк не е опасна за луѓето. Тој е направен само за забава, рече Хао. Хао води компанија за производство на туристички возови. Тој сега се надева дека овие тенкови во иднина ќе бидат профитабилни....

Continue reading

Зголемени потребите од кислород во болниците во Охрид и Струга

Post Views: 3 Зголемени се потребите од кислород за лекување на пациенти болни од Ковид 19 во двете општи болници во Охрид и Струга. Лекувањето во охридската болница сега е на задоволително ниво, информира д-р Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Мојата заложба беше болницата да е во целосна функција. Покрај, пациенти од Ковид 19, мора да се лекуваат и пациентите на останатите оддели. Во болницата, на специјалистите инфектолози на помош им доаѓаат со ротација колегите интернисти и сестри од хируршкиот оддел. На одделот каде што се третираат пациенти позитивни на Ковид...

Continue reading

covek

Луѓето како мечките

Post Views: 11 Мечките не се единствените животни кои се способни за хибернација. Верувале или не, дури и луѓето може да го прават тоа. Пред неколку години, шведските чистачи на снег пронашле човек кој бил заглавен под снегот во својот автомобил во период од два месеци речиси без храна. Откако бил спасен, докторите претпоставиле дека тој преживеал со прилагодување на својата телесна температура на приближно 30 целзиусови степени и седел во мирна положба. Истиот процес го користат мечките кога хибернираат.  Овој човек „влегол“ влегол во состојба на хибернација без намера да го стори...

Continue reading

Подводното дишење би можело да стане реалност

Post Views: 1 Група научници од универзитетот во Данска развиле кристални материи кои можат да се поврзат и да складираат висока концентрација на кислород. “Неколку зрна содржат доволно кислород за еден здив, а бидејќи материјалот може да апсорбира кислород од водата и да го снабдува нуркачот, така што тој не ќе мора да носи со себе повеќе од неколку зрна”, објаснила професорката Christine McKenzie, пишува mic.com “Кога супстанцијата е заситена со кислород, може да се спореди со боца кислород под притисок – разликата е во тоа што овој материјал може да содржи три пати повеќе кислород”,...

Continue reading

singing

Инстант добро расположение

Post Views: 2 Оваа терапија е едноставна за употреба, дејствува брзо и нема несакани ефекти. По само 15 минути ќе се подобри вашето расположение и зајакне имунитетот, а мозокот ќе го добие неопходниот кислород за подобро функционирање.Едно истражување во Австралија покажало дека во тек на 15 минути пеење во организмот се ослободува иста количина на ендорфини колку во тек на еден оргазам. При тоа не е важно дали ќе пееме тивко под туш или “оперски арии” на некое друго место. Една до две минути пеење ќе придонесат да се чувствуваме подобро и до три часа подоцна, додека...

Continue reading

man vs. robot

Попаментни од ова не биваме

Post Views: 10 Дали човечката интелигенција и способноста за откривање нови работи и понатаму ќе се развива, или ја достигнавме крајната точка во нашиот интелектуален развој?Навистина, го откривме пеницилинот, ракетите, компјутерите, вештачки срца и многу други чуда кои пред неколку децении изгледаа како невозможни. Луѓето ја достигнаа границата на своите ментални способности и физички е невозможно да станеме попаметни од тоа што веќе сме, тврдат научниците. Според тврдењето на многу научници, во понатамошниот човечки развој повеќе нема да има револуционерни откритија бидејќи нашиот...

Continue reading

drilon

Испуштениот фосфор во близина на Поградец не е еколошки инцидент, велат од албанската страна

Post Views: 0  Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри  до граничниот премин „Св. Наум“. Првичните информации  укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент. Објаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да се...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

pomor

Помор на плашица во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.   „ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше...

Continue reading

sorabotka

Охридското езеро интересно и за Австралиските научни работници

Post Views: 9 Австралија ќе помага во решавањето на проблемите со Охридското Езеро. Станува збор за појавата на евентуален недостаток на кислород во долните слоеви од езерото. Заедничката соработка беше договорена при посетата на австралиската амбасадорка Хелена Студерт на Хидробиолошкиот институт од Охрид. На ваков начин се отвораат нови можности за соработка со сродни светски институти, вели Зоран Спирковски, раководител на Одделот за применето рибарство и аквакултура. За таа цел остварен е и контакт со професорот Јорк Инбергер од Научниот истражувачки центар во Западна Австралија. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top