Ознака: канализација

Нефункционална атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски

Post Views: 6 Наши сограѓани за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека овој проблем со нефункционалноста на атмосферската канализација трае долги години. Апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи ова е навистина лоша слика за туристите кои го посетуваат овој дел од градот, а ги има во голем број. Еве го нивниот коментар: –Затната повеќе години атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски. Иако сме во екот на туристичката сезона, а овој дел на градот е преполн со туристи, надлежните јавни претпријатија сеуште не преземаат ништо за да го решат проблемот. После...

Continue reading

НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ „БУДВА“ И „ВИНКОВАЧКА“

Post Views: 7 Екипи на ЈП „Нискоградба“, работат на поставување нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“. Увид на градежните зафати направи градоначалникот Кирил Пецаков. Според проектот, на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри, а се поставуваат Ф200 цевки. Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари.

Continue reading

села

Можностсо грант неколку струшки села да изградат водовдна и фекална канализација

Post Views: 5 Можност со грант неколку струшки села да изградат  водовдна и фекална канализација Зелено светло дадоа струшките советници за аплицирање до  грант во висина од околу 500 илјади евра за изградба на водоводна и фекална канализација во неколку села. Корошишта, Ливада, Ложани и останатите села од регионот конечно добиваат можност да го решат горливиот проблем со вода за пиење и со одведување на отпадните води. Околу 15000 жителите со овој грант ќе имаат голема комунална продобивка, напоменува претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски. „Сигруно ќе биде подобро .Ќе...

Continue reading

Во селото Горенци се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација

Post Views: 2 Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека изведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе има слух и за проектите што не се ветени, каков што претставува изградбата на Фекалната канализација во с.Горенци,...

Continue reading

Откриени голем број диви приклучоци на фекалната и водоводната канализација при реконструкцијата на улицата Абас Емин

Post Views: 3 Во тек е првата од 4 фази на реконструкција на улицата Абас Емин. Темпото на градежните зафати се забавува затоа што на терен службите од ЈП се соочуваат со голем број проблеми, информира градоначалникот Константин Георгиески. „Исклучително е тешка работата, има многу диви приклучоци , многу подземни инсталации кои не знаеме дека се тука и ние нужна потребата од подземен катастар што планираме да го направиме заедно со Југозападен плански регион да го направиме. Се надевам дека од 2 фаза натака ќе имаме помалку проблеми со подземените инсталации кои ни одземаат време“. Во...

Continue reading

НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ

Post Views: 6 Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ работат на поставување фекална канализација на еден крак од улицата „Илинденска“во село Лескоец во должина од 84 метри. Во активноста е вклучена и изградбата на четири шахти. Проектот е финансиски подржан од Општина Охрид , а реализацијата завршува денес. Со финансиска поддршка на локалната самоуправа ова охридско претпријатие утре започнува со поставување фекална канализација и на крак од улицата „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 65 метри , а е предвидено да се изградат и три шахти.

Continue reading

НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА КАЈ ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ

Post Views: 0 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти. Доколку дозволат временските услови проектот се очекува да заврши за 10-ина дена. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид и е вреден 356 239 денари. Екипи на ова охридско претпријатие деновиве вршат дислокација на канализациона мрежа на улица „Славеј Планина“. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф 160 во должина од 10 метри. И оваа активност е поддржана од локалната самоуправа...

Continue reading

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА „15-ТИ КОРПУС“

Post Views: 10 Започна изградбата на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до влезот на село Лескоец. За градежните активности од кружниот тек кај Здружение на возачи до мостот кај некогашната фабрика „Езерка“ се ангажирани екипи на ЈП „Нискоградба“, а за останатиот дел од улицата ќе биде распишан тендер по новогодишните празници . Наредниов период , Општина Охрид и ЈП „Државни патишта“ ќе започнат со целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа покрај изградбата на атмосферска канализација ќе биде задолжена и за изградба и уредување...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“

Post Views: 5 Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици извршува градежни активности на ул. „Момчило Јорданоски“ (болнички комплекс). Се изведува реконструкција на улицата при што се заменуваат цефки за одведување на фекална канализација при што се поставуваат нови со пречник Ф300 mm во должина од 90 метри и реконструкција на 9 собирни шахти и изведба на 6 нови. Со Ова се решава еден проблем кој граѓаните го имаа подолго време, а со тоа се подобрува и нфраструктурата и квалитетот на живеење на граѓаните...

Continue reading

Се поставува фекална канализација во делови на Лескоец

Post Views: 7 Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба. „Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.„КОСТА АБРАШ“

Post Views: 1 Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта. Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи. Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Continue reading

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ РАШАНЕЦ“ ВО С.ЛЕСКОЕЦ

Post Views: 5 Јавното претпријатие „ Нискоградба“ изведува градежни работи на крак од улицата „ Рашанец“ во с. Лескоец. Се изведува канализациона линија во должина од 135 метри со најголема длабочина од 3.75 метри. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф-200 и изработка на шест ревизиони шахти. Теренот е подложен на ерозија и бара посебни мерки на претпазливост.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top