Ознака: италијанскиот

Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал

Post Views: 4 Државното обвинителство на Италија покрена истрага против 64 лица и повеќе од 30 клубови во Италија од Серија А и Серија Б поради затајување на данок во склоп на аферата Fuorigioco (офсајд). Како што наведуваат италијанските медиуми под истрага се наоѓаат челниците на Милан, Наполи, Палермо и Лацио, како и низа од поранешни, но и сегашни фудбалери. Обвинителството во Неапол веќе издало наредба за заплена на имот во вредност од 12 милиони евра. Под сомнение за затајување на данок се потпретседателот на Милан, Адриано Галиани, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис,...

Continue reading

Нов скандал во Италијанскиот фудбал

Post Views: 3 Само неколку дена пред квалификацискиот натпревар со Хрватска, тамошниот фудбалски сојуз го тресе нов скандал. Италијанската полиција упадна во седиштето на фудбалскиот сојуз, а на мета е потпретседателот Claudio Lotito кој се сомничи за изнуда и илегално финансирање на клубови, пишуваат италијанските медиуми.Lotito е претседател на Лацио, а неговите малверзации се само продолжение на акцијата на италијанската полиција која десет дена пред Еуро 2012 година упадна во кампот на репрезентацијата. Една година подоцна беа претресени просториите на 41 клуб на Серија А и Б.Секако,...

Continue reading

Etna

Нова ерупција на Етна

Post Views: 1 Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија. Како што соопштуваат од аеродромот, откажани биле 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион. Компанијата која управува со аеродромот во Катанија соопшти дека денеска ќе направи нова анализа на состојбата. Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните...

Continue reading

tunel

Започна изградбата на тунелот Лион – Торино

Post Views: 6 Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте. Последната фаза на овој проект претрпе низа одлагања, а известени се само италијанските и француските власти, како и медиумите, за да се избегнат насилни демонстрации. „Влеговме во фазата на пробивање и сега нема враќање”, вели Пјеро Фазино, градоначалник на Торино. Локалните жители и активистите за заштита на околината се противат на овој тунел, нарекувајќи го...

Continue reading

Genova

Инцидент во Џенова

Post Views: 7 Најмалку три лица загинаа, а шестмина се ранети во судар на брод во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова. Судбината на седум лица се уште не е позната.Двајца од загинатите се вработени во пристаништето, а третиот е еден од капетаните. Според локален весник во несреќата загинале двајца мажи и една жена.Огромната, над 50 метри висока кула, е разурната од сударот. Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното.Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби...

Continue reading

etna

Ново огнено шоу на вулканот Етна

Post Views: 2 Според податоците на италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија, вулканот исфрлил пепел на висина од дури пет километри надморска височина. Етна се наоѓа на источниот брег на Сицилија и е највисок вулкан во Европа, кој с еиздигнува на 3.320 метри надморска височина. Висината на вулканот варира поради ерупциите, па денес Етна е пониска за 51 метар отколку што била во 1865. Овој вулкан е еден од најактивните во светот и речиси постојано е во фаза на ерупција. {loadposition content9}

Continue reading

Tadic vi Fiat L zero

Тадиќ се повози во крагуевачки “Фиат”

Post Views: 1 Претставници на државното раководство на Србија присуствуваа во Крагуевац на претставувањето на првиот модел „L zero“ на италијанскиот „Фиат“, произведен во Крагуевац. Со новиот модел на крагуевачкиот Фиат се повозија српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ кои изразија задоволство од проектот од кој очекуваат пораст на извозот од милијарда ипол до две милијарди евра кога ќе се подигне капацитетот на производството како и намалување на минусот во платниот биланс во Србија. Новиот модел се очекува да биде претставен пред јавноста на претстојниот саем...

Continue reading

Berluskoni

ФОТО: Берлускони ја избриша пудрата, па одлучи да дремне

Post Views: 1 Италијанскиот премиер Силвио Берлускони на една организирана свеченост, најверојатно поради високата температура во просторијата, зел марамче за да си го избрише лицето со кое извадил дебел слој пудра. На свеченоста на која се доделувале одликувања, контроверзниот Берлускони бил забележан како спие, најверојатно изморен од судењето во Милано, каде судот го одби обвинението против него за измама и проневера на пари од неговата компанија „Медијасет“. {loadposition content9}

Continue reading

gay

Објавен списокот со геј политичари во Италија – половината му се соработници на Берлускони

Post Views: 6 Аурелио Манкузо, претседател на „Equality Italia“, ги објави, како што најави, првите десет имиња од италијанскиот јавен живот кој во јавноста се противат за правата на ЛГБТ заедницата, а всушност, како што тврди тој и самите тие се хомосексуалци.Иако Манкузо тврди дека има докази за нивната сексуална ориентација, на страницата listaouting.wordpress.com се објавени само имињата на Фердинандо Адорнато, Марио Бачини, Паоло Бонаиути, Роберто Калдероли, Масимо Корсаро, Роберто Формиџони, Маурицио Гаспари, Џани Лета, Марко Миланезе, Лука Волонте, без било какви докази. Како...

Continue reading

43 милиони бегалци во светот

Post Views: 0 Извештајот на УНХЦР, Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, за состојбата со бегалците во 2010 година е шокантен: над 43 милиони лица ширум светот ги напуштиле своите домови, што претставува рекорд во изминатите петнаесет години. Главната причина се кризни жаришта, каде немирите траат веќе со децении: „Има појава на уште повеќе нови жаришта. Од почетокот на годинава тоа е случај со Брегот на Слоновата Коска, Либија, Сирија, Јемен. Во исто време старите кризи не се завршени. На пример, Авганистан, каде се војува веќе дваесет години, а ист...

Continue reading

Rim

Од Нова година во Рим ќе се наплатува такса за престој

Post Views: 1 Градските власти во Рим одлучија од 1 јануари да воведат такса за престој од едно до три евра за секој ден престој во италијанскиот главен град. Висината на таксата ќе зависи од категорија на хотел, апартман или камп и ќе им се наплатува не само на странски туку и на туристи од други италијански региони со тоа што ќе бидат изземени деца до десет години. Во Рим годишно престојуваат околу 12 милиони туристи. Властите се убедени дека новата такса нема да ја намали заинтересираноста за „вечниот град“. Проценките се дека во градската каса ќе влезат годишно околу 80 милиони...

Continue reading

wikileaks

Викиликс: Путин се замислува дека е Бетмен а Медведев е Робин

Post Views: 8 Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот. Така, италијанскиот премиер Силвио Берлускони е опишан дека има “блиска врска“ со рускиот колега, која ги мачи САД. Берлускони и Путин се пријатели веќе пет години, честопати се состануваат и се гостуваат на празници. САД ги мачело договорот на италијанската енергетска компанија ЕНИ и рускиот “Газпром“, за јужниот гасовод. Се потенцира “мекиот“ став на Берлускони кон Русија за време на воениот конфликт со Грузија. Италијанскиот...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top