Ознака: истражувања

Четири пијалоци за здраво срце

Post Views: 2 Болестите на срцето во еден дел се генетски условени, но исто така во голема мерка се превентабилни и можат да влијаат до нив да не дојде. Ова се пијалоците кои можат да придонесат за здравјето на срцето. Сок од калинка Антиоксидантната моќ на калинката е навистина голема. Новите истражувања покажале дека редовното конзумирање на овој вкусен сок може да го заштити срцето така што ќе се намали нивото на холестеролот во крвта и ќе го зголеми протокот на крвта во срцето. Пијте го свеж и без додатни засладувања. Црн чај Докажано е дека конзумирањето на црн чај го намалува...

Continue reading

САД ја укинаа забраната на „BP”

Post Views: 6 Забраната за склопување договори, која беше на снага од 2010 година, со британската компанија British Petroleum (BP) е укината. Забраната беше воведена по експлозијата на нафтена платформа во Мексиканскиот залив каде загинаа 11 лица и дојде до најголемото излевање на нафта во американската историја. Американската агенција за заштита на животната средина (ЕРА) соопштила дека ВР се согласил на „Безбедносни и етички подобрувања“ во замена за укинување на забраната за негови учества на федералните тендери, пренесува Frans Press. Петгодишниот договор со ЕРА ќе му овозможи...

Continue reading

Mark Zuckerberg

Цукерберг замина во политика?

Post Views: 7 Основачот и претседател на Фејсбук Марк Цукерберг официјално формираше политичка рупа, која ќе лобира во сферите како имиграциската политика, образованието и инвестициите во научните истражувања. Цукерберг го прогласи формирањето на Fwd.us (што е кратенка од forward us), во статија во весникот „Вашингтон пост“. Тој нагласува дека САД имаат потреба од нов пристап кон тие прашања, доколку сакаат да станат поконкурентноспособни на светската сцена. Според Цукерберг сегашната имиграциска политика на САД не е адаптирана кон современиот свет и тие треба да отворат можности...

Continue reading

einstein arhiva

Алберт Ајнштајн онлајн

Post Views: 4 Комплетната архива на Алберт Ајштајн од лични писма до љубовниците до записи од револуционерни истражувања првпат во целост ќе биде објавен на интернет. Хербејскиот универзитет во Ерусалим, сопственик на документацијата на овој германски физичар од еврејско потекло, ќе ги објави записите за контрола на климатските услови. Записите ќе се фотографираат во висока резолуција и ќе се постават на интернет. Со тоа јавноста ќе може да стекне целосна слика за Ајнштајн. Од 2003 година на интернет поставени се само 900 снимки оригинален ракопис, што е околу половина од архивата...

Continue reading

stud Evropa

Научниците ја открија причината за поларните температури во Европа

Post Views: 1 Поларните температури во централна Европа се последица на дебалансираните механизми на “временската кујна“ над Атлантикот, кои се предизвикани од намалување на ледената површина на Арктикот, тврдат научниците. Според податоците на научниците од Институтот за поларни истражувања “Алфред Вегенер“ и Центарот за истражување на Земјата, загревањето на воздухот во водите на Северно ледениот океан ги зголемува вертикалните циркулации, бидејќи топлите воздушни маси се подигнуваат мешајќи се со студените. Како резултат на тој процес долните атмосферски слоеви ја губат стабилноста...

Continue reading

Eдна деценија не се направени никакви истражувања и анализи на состојбата со трската

Post Views: 2 Со години немилосрдно се уништува појасот на  трската во Охридското езеро. Доколку тоа не  запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите. Но,   на нивните повици несовесните граѓани  останаа глуви. Глуви се и институциите кои цели  осум години немаат  извршено никакви истражувања, испитувања и анализи на состојбата со трската вдолж охридското  крајбрежје.Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби,  а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите, ...

Continue reading

strugamuzej

Музејот на вода во Струга, ќе почека

Post Views: 0 Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека  на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но...

Continue reading

Започнaа систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела

Post Views: 8 Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела. По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, од НУ Завод и Музеј Охрид информираат дека започнаа со доистражување на остатоците од објектот од XIX век кој најверојатно е еден од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег. Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудоски, виш кустос од Завод и Музеј – Охрид.

Continue reading

aleksandar makedonski

Продолжува потрагата по гробот на Александар Македонски

Post Views: 41 Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле. Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата....

Continue reading

sserija

Младите македонци „асимилирани“ од турските серии

Post Views: 6 Младите следат турски и англоамерикански серии, покажа истражувањето кое го спроведоа студенти од Центарот за правни и политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Омилена серија им е „Аси”, a омилен лик е Демир. Центарот за правни и политички истражувања заедно со студентите направи истражување на тема „Влијанието на сериските филмови врз младите”. Истражувањето е спроведено во текот на 2013 година. На прашањето „Каков медиум користите за гледање на ТВ сериите?”, 61% од испитаниците одговориле дека сериите ги гледаат на интернет,...

Continue reading

mazi

Мажите се поголеми чашитки од жените

Post Views: 6 Иако жените важат за пол кој повеќе сака да озборува, според најновите истражувања, изгледа оваа титула сега ја освоија мажите! Спротивно од општоприфатеното мислење дека жените се најголеми озборувачки, ако може да им се верува на резултатите од последното истражување, изгледа дека мажите сепак се оние кои што повеќе озборуваат. Така, мажите ја добиваат титулата за поголеми “тетки” и се разоткриени дека воопшто не знаат да чуваат тајни, туку веднаш откако ќе им кажете нешто во доверба, тие заминуваат и истото го споделуваат со некој друг, објавува “Daily...

Continue reading

fotografija

Носталгијата, не е толку лоша работа

Post Views: 2 Носталгијата се сметала за нарушување долго време. Но, сега многубројните истражувања покажале дека носталгијата е добра за многу работи. Носталгијата можеби предизвикува тажни чувства кај повеќемината, но таа всушност е добра за осаменоста, здодевноста и анксиозноста. Докажано е дека носталгијата предизвикува да бидете подарежливи кон непознатите луѓе и потолерантни со луѓето кои не ни се блиски.Паровите се чувствувале поблиски и посреќни кога споделувале носталгични спомени. Во студентите денови, луѓето може да ја искористат носталгијата за да се чувствуваат потопло,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top