Ознака: им

Бочварски на средба со охридските бродари

Post Views: 3 Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите. Ова беше договорено на денешната средба која во Охрид се оддржа...

Continue reading

На македонците не им недостига самодоверба

Post Views: 8 Викендов во Охрид пред 250 присутни гости, своите животни искуства преку кои стекнале висок степен на самодоверба ги споделија хирургот, д-р Мирко Лекоски, Сефер Цаноски од Универзитетот ФОН и домаќинот на семинарот за самодоверба и сопственик на Европскиот институт за менаџмент право и дипломатија, проф. д-р Зендел Абедин Шехи. Македонија е вистински расадник на интелегентни млади луѓе, луѓе со совршена визија за нивната иднина. Но потребна е работа. Младите македонци треба да се соочат со своите стравови и никогаш ама баш никогаш да не се сомневаат во сопствените сништа,...

Continue reading

Владата им ги одзеде лиценците за одгледување канабис на две компании

Post Views: 10 Одземени се лиценците за одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра. Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.Одземањето на лиценците е на предлог на Министерството за здравство кое вчера доставило...

Continue reading

Манипулација е дека делта сојот не им може ништо на одредени луѓе

Post Views: 0 Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен. Сè почеста тема на пишување во медиумите и на...

Continue reading

Со вакцината на луѓето не им се инјектира отров

Post Views: 8 На луѓето со вакцинацијата не им се инјектира отров, затоа што спајк протенот по вакцинацијата не е ист со виралниот и се содржи во исклучително мали дози кои брзо по вакцинацијата се чистат од телото. Спајк протеинот што се создава во организмот по вакцинацијата не е ист со оној на коронавирусот. А, дури и кога би бил ист, тој е во многу, многу помали дози отколку оној на коронавирусот. Студијата што ја цитира доктор Бирам Бридл во своето контроверзно интервју, кое се споделува на Фејсбук, е спроведена на глувци, а не на луѓе. Иако Бридл се обидува да дезинформира дека...

Continue reading

Facebook влијае на самодовербата

Post Views: 0 Бројни истражувања за најпопуларната мрежа на светот покажале дека може да има големо негативно влијание за некои свои корисници и дека влијае на намалување на нивната самодоверба. Имено, со оглед на тоа дека голем број на луѓе на оваа мрежа објавуваат статуси и фотографии со кои се фалат и покажуваат колку им е добро во животот, односно објавуваат фотографии од излегувања, патувања, дружења и слично, дел од корисниците, гледајќи како нивните пријатели од Facebook добро се проведуваат, сметаат дека водат поприлично досаден живот и дека ништо не им се случува, а тоа влијае...

Continue reading

Султанот на удар на јавноста

Post Views: 3 Султанот од Брунеи, во југоисточна Азија, неодамна дошол на удар на светската јавност поради воведувањето на шеријатскиот закон спрема кој хомосексуалците се каменуваат а на арамиите им се сече рака. Воведување на смртна казна е следниот неизбежен чекор, пишува Business Insider. Таа кралска фамилија е најбогата на светот, а богатството на султанот се проценува на 20 милијарди долари. За каков раскошен живот се работи, говори податокот дека султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила! Неговата палата е втора најголема во светот,  зад кинескиот забранет град....

Continue reading

Зависност од интернет и социјалните мрежи

Post Views: 0 Родителите ги учат децата како да бидат здрави и да се чуваат во реалниот живот, но не се еднакво успешни кога е во прашање интернетот. Неодамна големото истражување Digital Lives кое е спроведено во Велика Британија, покажало дека голем број на тинејџери воопшто не прават разлика од виртуелниот со реалниот свет. Ова истражување го нарачале Google и Vodafon, а резултатите предупредуваат дека училиштата не превземаат доволно активности за да ги заштитат младите од бројните опасности кои претат на интернет, и исто така предупредува дека преминувањето од основно во средно...

Continue reading

Имплант за мозок, етички прифатлив?

Post Views: 0 Лицата кои патат од губење на памтењето, помош би можеле да најдат во имплант за мозокот кој го развива една американска агенција. Но, за која цена? Американските научници во февруари соопштиле дека работат на усовршување на имлантот за мозокот кој ќе помогне да им се врати помнењето на лицата кои боледуваат од Алцхајмеровата  болест. Иако точни детали околу ова откритие ќе се знаат за неколку месеци, во јавноста се расправа за етичката прифатливост на таков имплант. Противниците на оваа пракса велат дека имплантот би можел да влијае на идентитетот на лицето во кој е...

Continue reading

Слугинката на Хитлер открила тајни

Post Views: 6 Слугинката Елизабета Каламер (89) од Австрија била една од 22 девојки кои работеле за познатиот диктатор Адолф Хитлер, а решила по 71 година да проговори за тајните на животот од резиденцијата во Бергоф каде била вработена. Елизабета се потсетува дека далечната 1943 година случајно видела оглас во весниците каде се бара слугинка. Она што е интересно, нигде не било наведено дека нејзиниот иден газда ќе биде токму Хитлер, бидејќи во огласот не било напишано дека токму тој е оној на кого му треба помош во резиденцијата. Познато е дека малку се знае за начинот на живот кој...

Continue reading

Приказна која дава надеж за верба во луѓето

Post Views: 2 Кога келнерката Кристина С. служела еден брачен пар во ресторан во Њу Џерси, не ни сонувала дека само по неколку разменети реченици толку ќе и ја разубави вечерта на начин со која се враќа вербата во луѓето. Додека парот нарачувал вечера, на зглобот од келнерката забележале дека има истетовирано шепа од куче. Ја прашале дали има милениче. Одговорот кој им го дала, толку ги разнежил што решиле да и помогнат. Имено, кучето од Кристина во тој момент се наоѓало во болница каде го оперирале бидејќи проголтало пластично топче. Хируршкиот зафат бил единствен начин да му се...

Continue reading

Реките во БиХ излегоа од коритата

Post Views: 2 По последните податоци од хидрометеоролошките станици во Босна и Херцеговина, дозволената кота е премината на реките Уна, Сана, Врбас и Босна. Водостоите на реката Врбас и Врбања се во опаѓање во однос на вчерашните мерења, додека на останатите реки е во пораст. Уна и Сана се излеале од коритата па во Нови Град се на сила редовни мерки за одбрана од поплави. Спрема податоците од центарот за известување во изминатите неколку дена наврнале 91 литри дожд на метар квадратен. Надојдените реки предизвикале големи проблеми во населените места околу Бања Лука, Градишка и други...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top