Ознака: име

vesnici

Медиумите и решението за името

Post Views: 1 Медиумите во Македонија по објавувањето на Извештајот на Европската комисија и препораката за добивање датум за почеток на преговори притискаат за што е можно побрзо решавање на спорот со името. Ова е заклучок од редовниот месечен мониторинг на медиумите, чиј фокус во октомври беше ставен врз на информирањето за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2009 година. Деталите од мониторингот на медиумите ќе бидат објавени во вторник претпладне на прес конференција во НВО Инфоцентарот. Мониторингот „Медиумско огледало“ го спроведуваат НВО Инфоцентарот...

Continue reading

Gernot Erler

Германија повика на итно решавање на спорот за името

Post Views: 0 Македонија и Грција треба итно да го решат прашањето за името, порача државниот министер во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер. – Политичарите во двете земји треба да создадат услови за заеднички прифатливо компромисно решение, рече германскиот дипломат и ги охрабри Скопје и Атина да се стремат кон решение, јавува Макфакс. Ерлер коментарите за името ги даде во контекст на македонското приближување кон Европската унија на конференција за релациите меѓу Унијата и Западниот Балкан во вторникот во Берлин. Тој потсети дека Македонија се стреми...

Continue reading

Zoran Jolevski

Брифинг на Јолески врска преговорите за името

Post Views: 6 Специјалниот пратеник во спорот за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска ќе ги запознае лидерите на поголемите партии за последната рунда преговори во Женева. Според најавите, Јолевски треба да ги запознае политичките лидери со позициите на двете страни и реално да им ја претстави позицијата на Република Грција. Македонскиот преговарач синоќа имаше средба со државниот врв, при што не беа изнесени детали. „Бевме запознати со текот на разговорите во Женева, не би навлегувал во подробности бидејќи тоа би можело да не биде во полза на целиот процес, но во секој случај,...

Continue reading

Dora Bakojani

Бакојани со нови барања

Post Views: 4 Ова го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, откако во понеделникот се одржа нова рудна преговори за името. „Тие добија пораки од сите влади на Европските земји и на членките на НАТО. Се надевам дека ќе пристапат кон преговорите со поинаква политичка логика“, рече Бакојани. Од друга страна македонскиот премиер деновиве повтори дека предложеното име ќе оди на референдум. Преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се сретнаа во понеделникот во Женева со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој на почетокот на...

Continue reading

Mathew Nimitz

Решение за името да се бара поинтензивно

Post Views: 6 Дојдено е времето решението во спорот за името да се бара поинтензивно, изјави посредникот на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц. Нимиц, за време на вчерашната прес конференција во Женева, рече дека двете земји се подготвени да најдат решение за спорот за името, што ќе имплицира поголема безбедност во регионот, а ќе овозможи и зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија. Посредникот на ОН вчера со преговарачите од двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис разговарал за областите кои досега го кочеа преговарачкиот процес. Македонскиот преговарач Зоран...

Continue reading

Zoran Jolevski

Денес продолжуваат преговорите за името

Post Views: 3 Македонија и Грција денеска со посредство на ОН ги продолжуваат разговорите за разликите околу името, коишто мируваа четири месеци поради изборите во двете држави. Посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц ја закажа средбата со преговарачите, македонскиот и грчкиот амбасадор, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, во европското седиште на ОН во Женева. Ова е прва рунда разговори околу името по одржаните претседателски и локални избори во Македонија, како и изборите за Европскиот парламент во Грција. Од ниту една страна во разговорите нема најава дали денеска...

Continue reading

Sobranie na Makedonija

Македонското собрание денес расправа за стартегија за името

Post Views: 2 Македонското Собрание денеска треба да расправа за „Предлог – Државна стратегија за решавање на разликите со Грција во врска со името на Македонија“. Во текстот на документот се посочува дека предмет на разговорите со Грција е само изнаоѓање решение за име кое ќе ја замени привремената референца, без какви и да е измени на Уставот. „Уставот на Македонија не треба повторно да биде предмет на измени во контекст на процесот околу името…Македонија треба да инсистира на ставот на Советот за безбедност на ОН содржан во Резолуцијата 917 договореното решение да биде користено...

Continue reading

Nikola Gruevski

Македонија сака решение за спорот со името

Post Views: 8 Доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум на кој народот ќе го каже последниот збор, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на синоќешното одбележување 18 години од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. – Република Македонија прави се што е во нејзина моќ тоа да се постигне, да се најде решение кое нема да биде на штета на државните и националните интереси, рече Груевски. За евентуалниот компромис, посочи, ќе се изјаснат граѓаните на Република Македонија на референдум. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на актуелниот...

Continue reading

Ivanov i Gruevski

Државниот врв подготвува стратегија за спорот со името

Post Views: 0 Македонскиот државен врв денеска ќе одржи прва консултативна средба за преговорите за спорот со името што Македонија и Грција го водат под покровителство на Обединетите нации. Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, македонскиот преговарач во спорот амбасадорот Зоран Јолевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски состанокот ќе го одржат во новиот Кабинет на Иванов, во вилата „Анекс“ на Водно. Преговорите кои ги води посредникот Метју Нимиц веќе подолг период се во мирување. Се очекува средбите да се активираат по јунските избори за европскиот...

Continue reading

Alexandros Maljas

Конечно име прифатливо за Грција?

Post Views: 0 Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје. Со ваква оценка грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас, додавајќи дека станува збор за „разумен предлог“ за кој Грција е подготвена на компромис. „Мислам дека сега е вистинско време да најдеме решение врз основа на предлогот на Нимиц. Тоа е разумен предлог. Грција за прв пат во својата историја прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името за меѓународна употреба.Ова е многу важно. Луѓето можеби...

Continue reading

karta

Грција оптимист за решавањето на спорот со името

Post Views: 1 Грција се надева дека новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов ќе работи на решавање на прашањето за уставното име на Македонија, во согласност со одлуките на НАТО и ЕУ. Претседателските избори во Македонија направија “чекор напред за приближување кон европските изборни норми“, изјави синоќа портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос. Сепак, тој додаде дека “мора да продолжат реформските напори за да се овозможи исполнување на критериумите за приближување на државата кон евроатлантските институции“. Кумуцакос ја пренесе и оценката...

Continue reading

Obama i Kramanlis

Караманлис и Обама денес разговарат за името

Post Views: 1 Грчкиот премиер Костас Караманлис на средбата што денеска треба да ја има со американскиот претседател Барак Обама сака да стави „особен акцент” на прашањето за спорот за името на Македонија. Грчките медиуми пренесоа во петокот дека Караманлис успеал да ја добие долго бараната средба со Обама. Средбата е предвидена во францускиот град Стразбур, каде Обама и Караманлис присуствуваат на самитот на НАТО. На средбата ќе стане збор и за грчко-турските односи и за кипарското прашење, објави атинскиот весник „Катимерини“.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top