Ознака: изолација

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Post Views: 10 Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...

Continue reading

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација

Post Views: 3 Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот...

Continue reading

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ

Post Views: 2 Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.   Оваа измена се воведува поради зголемениот...

Continue reading

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА

Post Views: 3 Министерството за здравство информира дека, по информација дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, е позитивен на Ковид-19, министерот Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација. За време на состанокот, министерот Филипче ги почитуваше сите протоколи за заштита и носеше соодветна заштитна опрема, исто како и останатите присутни. Во текот на денот епидемиолозите од Институтот за јавно здравје ќе направат епидемиолошки анкети...

Continue reading

Учителка позитивна на Ковид 19 во Охрид, 14 деца од одделението во изолација

Post Views: 3 Рекорден брјој на заболени од корона вирусот во Охрид. Во вчерашниот ковид боланс на министерството за здравство се запишаа 23 новозаболени од охридско. Една  учителка е  позитивна на корона вирусот,  а  14 ученици  се во изолација.  Дел  од новозаболените  се од познатите кластери маркети,  фабрики, но дел се  изолирани  случаи. Бројот на заболени и натаму се очекува да расти. „Во таква фаза сме се повеќе и повеќе престојувае во затворени простории започна и перидот на грипот каде доста симптоми имаме кои се слични. Така да не секоја кашлица е поврзана со ковид но затоа...

Continue reading

МОН: Во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници

Post Views: 5 Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници. Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Во овој момент дополнително се истакнува потребата од учење од далечина, односно од комбиниран модел на настава кој се применува во училиштата. Имено, шест од вкупно осум наставници...

Continue reading

Гласаат лицата во задолжителна изолација, самоизолација и болни од Квид 19

Post Views: 4 38 лица во Охрид пријавени во ОИК дека се во самоизлоација, задолжителна изолација или болни од Ковид 19 гласаат денес. Гласањето започна утринава под посебни здравствени протоколи. „Формирани се посебни тимови од ДИК, посебни два одбори кои се составени од тројца здравствени работници и партиски набљудувачи кои одат кај пријавените гласачи кои имаат Ковид 19 и се во изолација и самоизолација. “ – вели Климент Камнароски – претседател на ОИК Охрид. Членовите на одборите опремени со скафандери, визири, маски и ракавици со избирачкиот материјал ги посетуваа лицата...

Continue reading

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат

Post Views: 3 Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот...

Continue reading

Регистрирани 2.169 прекршоци поради неносење заштитна опрема, издадени 1.145 решенија за изолација

Post Views: 1 Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, од нив во изминатото деноноќие извршени се 212 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата. На територијата на целата држава за време на викендот издадени се вкупно 1145...

Continue reading

Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица во изолација

Post Views: 1 Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица се во изолација. Вчера се дијагностицираа уште два нови случаи, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Еден од случаите е поврзан со погон од фабриката во струшкиот дел и лицето е од Охрид. Другото лице сеуште се истражуваат контактите, не било подолго време надвор било дома и се надеваме дека нема да е голем  бројот на контакти“, вели Точков. „Ние го избегнуваме  да го користиме  зборот кластер, но ако има 3 лица од ОДВ може да го дефинираме како кластер. Но другите лица од таа фабрика кои се во изолација...

Continue reading

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“

Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот...

Continue reading

Директорот на охридскиот дом смирува нема место за паника

Post Views: 8 Паника внесе кај студентите и родителите вчерашната информација од работната средба во охридската локална самоуправа дека во случај на потреба студенскиот и училишниот дом ќе бидат пренаменети во центри за карантин за изолација и лекување на лесни случаи заболени од Ковид-19 во општина Охрид. Веднаш почнаа јавувања од родителите кои загрижени прашуваа како се ќе се одвива, информира директорот м-р Жарко Куциноски од СД Никола Карев. „ Апелирам да нема паника да не се создава страв кај студентите и родителите, домот нормално функционира, нема заболени нити некој сместен...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top