Ознака: измени

Законските измени за недела неработен ден во матичната собраниска комисија

Post Views: 2 Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес. –Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да...

Continue reading

Мерки против мито на пратениците

Post Views: 0 Со мнозинство гласови си овозможија зголемување на платата, за околу 830 евра месечно или поточно на 9.082 евра, во германскиот Бундестаг. Овие законски измени, за кои гласале 464 од 589 пратеници, а 115 против и 10 воздржани, се предвидува на половина на овој мандат од актуелните 8.252 евра да си ја зголемат платата на 9.082 евра. Германската опозиција е незадоволна со тоа што овие законски измени се усвоени со брзо темпо од 10-ти февруари, кога за прв пат овие планови на владеачката коалиција беа за прв пат изнесени, а аналитичарите велат дека ова е најповолен момент...

Continue reading

Нови правила во фудбалот?

Post Views: 6 Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон. Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок. Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две измени,...

Continue reading

protesti SSM

Синдикални протести низ Македонија

Post Views: 0 Протести за подобри услови на работниците, подобрување на условите за пензионирање и утврдување на минимална плата денеска ќе се одржат во Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово. Организатор на протестите е Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а вклучени се и регионалните синдикални совети и синдикални канцеларии. Барањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално...

Continue reading

За мерките за задолжително носење маски на отворено, за забрана за групирање на прослави ќе се носат законски измени за нивно уредување

Post Views: 6 Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко...

Continue reading

protesti

Во Индија, смртна казна за силувачите

Post Views: 6 Индискиот претседател Пранаб Мукерџи одоби построги казни за силување, вклучувајќи ја и смртната казна, бидејќи последниот случај на групно силување на студентката која почина од повредите, предизвика гнев кај јавноста. Претседателот го одобри предлогот на владата, која пред два дена предложи измени во законот за да се подобри сигурноста на жената. – Индискиот претседател ги одобри измените на законот, против злоставување на жените. Тој веднаш стапува на сила, но ќе биде поднесе и на усвојување од парламентот, изјавија од кабинетот на претседателот.Со овие измени,...

Continue reading

Капетанија ќе иницира измени во Законот за внатрешна пловидба

Post Views: 0 Измени во Законот за внатрешна пловидба ќе бараат од Капетанија на Пристаништата на РМ. Сите недостоци кои се евидентирани на терен и во претходниот Закон, а праксата бара брзо реагирање ќе биде регулирано, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристанишата на РМ. Имаме појави кои мора да се регулираат. Меѓу измените кои се најавуваат и се размилсува да се воведат е издавање на лиценци за управување на такси чамците, но и за лицата кои ги возат такси чамците, вели Устијаноски. „Потребно е да се воведат критериуми за возраста на оние кои управуваат такси...

Continue reading

ДИК бара измени во изборниот законик

Post Views: 8 ДИК ќе побара од спикерот Трајко Вељаноски измени во Изборниот законик, поради несразмерност. Бројот на избирачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два. Во согласност со Законот за избори, бројот на избирачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист, односно бројот на гласачи не смее да отстапува со повеќе од 5% помеѓу две изборни единици.Не му сугерираат ништо на Вељаноски, освен што го повикуваат да постапи според законот. Со тоа, сепак, му даваат можност, да го свика веќе распуштеното Собрание...

Continue reading

ИЗМЕНИ ВО ДЕЛ ОД СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ ВО ОХРИД

Post Views: 33 Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид дека од 26.11 2019 година (вторник) ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје по барање на СВР Охрид – Одделение за полиција и тоа: На делот од улицата „ Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители“ до пресек со ул. „Абас Емин“ ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока д ул. „Абас Емин“ спрема улицата „ Македонски Просветители“; На делот од ул. „Македонски Просветители“ кај Пожарна ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока спрема улицата „Абас Емин “ .Се...

Continue reading

ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот

Post Views: 0 Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5% данок,...

Continue reading

Развој на малите винарии со измени на законот

Post Views: 2 Охридскиот регион има идеални услови за развој на винскиот туризам. Охридските вина се специфични и единствени бидејќи имаат висок процент на винска киселина поради близината на езерото затоа странците ги бараат и се воодушевуваат од нивниот вкус. Но, за да може виното да се продава производителот мора да е регистриран согласно Законот за вино. Во тек се измени на Законот за вино со што ќе се стимулираат сите оние кои сакаат да се занимаваат со производство на овај пијалок на боговите. Меѓу другото зголемен е прагот на  дозволената количина на произведено вино која...

Continue reading

vitro

Со измени на закон, бесплатно in vitro

Post Views: 0 Вчера Владата на Република Македонија поминаа Предлог измените за Законот за здравствено осигурување, со што на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно Ин витро оплодување за трето и четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски. -Со измените на Законот, како што објави премиерот се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните кои што ќе добијат право да остварат Ин витро постапка, со што ги ослободуваме од плаќање на шест илјади денари. Ова ќе важи за сите оние лица кои што ќе се обидат да добијат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top