Ознака: изградба

Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Post Views: 2 Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и друго. Од проектот досега е реализирано: -зафаќање и регулација на атмосферските води на две улици во село Мешеишта,-премостување со армирано бетонски цевки на...

Continue reading

Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца

Post Views: 2 Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.„Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот...

Continue reading

Проектната документација за изградба на катна гаража отстапува од Планот за управување со светското природно и културно наследство

Post Views: 0 Планската документација за проектот за изградба на катната гаража во Охрид е првиот објект од јавен интерес на градот кој има отстапување од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Проектот за изградбата на катната гаража е завршен уште пред да се донесат измените во новиот план, информира градоначалникот Константин Георгиески за текот на изготвувањњто на проектната документација за овој важен објект за градот. „Согласно планот за Управување сега висината на објектот е П + 2, а со изводот од планот тука имаме катна гаража...

Continue reading

ЕУ ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија

Post Views: 0 Европската унија ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион. Иако во Македонија постојат стотина диви депонии, последните настани со опожарувањето на Струшката дива депонија и нејзината близина до градот, ја истакнуваат потребата од поактивно учество на ЕУ во решавањето на овој проблем, истакна Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. „Токму поради тоа ја финансираме изработката на студијата за целиот Југозападен регион, моментално се подготвуваат документите за финансирање, за изработка на тендерите...

Continue reading

Дебрчани на референдум против изградба на депонија

Post Views: 1 Да се распише референдум за изјаснување на граѓаните на општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија за одлагање на цврст отпад, предлага Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски. „Ги повикувам советниците без разлика на политичката припадност да дадат целосна подршка за дадениот предлог и да донесат позитивна одлука за распишување на референдум. Воедно барам седницата за расправа да биде закажана по итна постапка согласно законот“ рече Игор Трајкоски – Градоначалник Општина Дебрца. Жителите на Дебрца посебно револтирани од...

Continue reading

ploshtad

Резултати од анкетата за изградба на верски објекти на плоштад

Post Views: 0 Резултатите од нарачаното истражување на јавното мислење во однос на изградбата на верски објекти на плоштадот Македонија ќе бидат соопштени денеска. На прес конференцијата во културниот центар „Точка“, здруженијата „Плоштад Слобода“ и „Граѓани за Европска Македонија“ ќе ги образложат и идните планови за акции. Истражувањето беше нарачано со цел да се испита пулсот на граѓаните околу идеите за изградба на црква и џамија на плоштадот Македонија. {loadposition content9}

Continue reading

obikolnica

Почнува изградбата на обиколницата кај Охрид

Post Views: 5 Со поставување камен-темелник денеска ќе почне изградбата на обиколницата на Охрид, кај улица Железничка на влезот на градот од страната на населбата Косел. На поставувањето камен-темелник, најавено за 15:30 часот, ќе присуствува премиерот Никола Груевски.       {loadposition content9}

Continue reading

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 1 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем...

Continue reading

Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза

Post Views: 6   Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај. „Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти...

Continue reading

Поставени се повеќе прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба

Post Views: 3 Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици. „Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да не...

Continue reading

Струга има потреба од изградба на нова градинка

Post Views: 4   Стружани ќе почекаат за изградба на нова градинка. Такви се прогнозите на одговорните лица во Секторот за образование при општина Струга. Сурија Рушити раководителот на овој сектор вели дека за проблемот во постоечките објекти за згрижување на деца зборуваат бројките. Во моментов биле пријавени вкупно 580 деца, од кои 480 биле примени а 100 биле на листа на чекање. „Ако се има предвид дека и овие 480 примени се над норматив и според стандардите, а пред мене стои и извештајот од градинката, овие објекти се димензионирани за 310 деца, значи имаме 170 деца над норматив...

Continue reading

сонце

Општина Струга има потреба од изградба на нова градинка

Post Views: 4 Во Струга околу 140 деца се на листа  на чекање за упис во еден од двата постоечки објекти на граддинакта 8 -ми Март. Во момтов се згрижени 480 деца , а потребата од изградба на нов онбјект е повеќе од потребна. Слух за изградба на нова градинка има и од Локалната самоуправа и од владата, напоменува директорот  Сашо Клечкароски.   „ Цело време работиме на овој случај. Во контакт сме со локалната самоуправа и со министерството сите колку можат помагаат. Од друга страна финансискиот долг кој го наследивме со тимот го анулиравме и не должиме никому. Работиме чесно и домаќински,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top