Ознака: изборна

Избори во Северна Кореја, излезност до 14 часот 91%

Post Views: 5 Гласањето за избор на претставници на Врховнато народно собрание се одвива според планот, објавила севернокорејската агенција KCNA, додавајќи дека одзивот до 14 часот по локално време изнесува 91%, пренесува агенцијата AFP. Освен тоа што граѓаните физички ќе гласаат, во овие избори нема ништо демократско бидејќи во секоја од 687 изборни единици има само по еден кандидат., наведува AFP. Како и неговиот татко пред него, Ким ЈонгИл е кандидат во единицата со број 111, во планинскиот реон Паект. Севернокорејците на таа планина и припишуваат боговски статус, бидејќи на падините...

Continue reading

kampanja

Почна изборната кампања

Post Views: 8 Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат на 22 март. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите во наредните дваесет дена ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните. Кампањата ќе трае до 20 март на полноќ. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 22 март ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните...

Continue reading

ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ВО ОХРИД, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ ИЗВРШИ ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИИТЕ НА НЕКОЛКУ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

Post Views: 4 ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ВО ОХРИД,СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ ИЗВРШИ ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА: 1. ИМ 1250 –кое се наоѓаше во Капетанија е преместено и ке се гласа во ДОМ НА КУЛТУРА2. ИМ 1251-кое се наоѓаше во наплатен центар на ВОДОВОД Е ПРЕМЕСТЕНО И ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО ОУ С.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ3. ИМ 1254 И 1254/1 ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО ГРАДСКИ ПАЗАР НОВ ОБЈЕКТ4. ИМ 1260 ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО ПРИВАТЕН ОБЈЕКТ НА УЛ ДАМЕ ГРУЕВ БР.166 5. ИМ 1261 –кое се наоѓаше во СИЗ ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО ОУ :ГРИГОР ПРЛИЧЕВ„6. ИМ 1262- кое се наоѓаше во СИЗ – СЕГА ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО...

Continue reading

Од денес ТВМ започнува со емитување на интервјуа со кадидати за пратеници од 5тата изборна единица

Post Views: 4 Регионална ТелевизијА ТВМ – Охрид во интерес на подобро информирање на јавноста за програмите на партиите учесници на предвремените парламентарни избори 2020 год во рамки на медиумското покривање на изборната кампања реализира интервјуа со кадидати за пратеници од 5тата изборна единица. Интервјуата ќе се емитуваат почнувајќи од денес после првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.

Continue reading

ДИК утрово од печатницата „Киро Дандаро“ Битола го презеде избирачкиот материјал

Post Views: 1 Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори 2021. Во печатницата АД „Киро Дандаро“- Битола за една недела овој пат се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денот ќе го преземат општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање.„ Печатницата го изработи материјалот за првиот круг без никаква грешка, и избирачките ливчиња беа дистрибуирани во најкус можен рок. За вториот круг...

Continue reading

На охриѓани им претстои политичка изборна пролет

Post Views: 1 Двете најголеми политички партии почнаа со осмислување на стратегијата за тоа како да се направи вистинскиот избор за кандидат за иден градоначалник на Охрид. И додека се чека објавување на датумот за одржување на предвремените локални избори, влегуваме во период на партиски консултации, анализи и анкети. Од редовите на СДСМ најчесто споменувано име е она на актуелниот в.д градоначалник, Константин Георгиески. Георгиески кој по професија е лекар, вели дека станува збор за сериозна и одговорна одлука, за која треба добро да се размисли. Мислењето на членството на партијата...

Continue reading

DIK

СДСМ не ги подигна уверенијата за пратенички места

Post Views: 2 Опозициската СДСМ денеска не се појави во Државната изборна комисија за да ги подигне уверенијата за пратенички места. Пратениците на опозицијата требаше во 11 часот лично од ДИК да ги земат мандатите, но никој од нив не се појави по најавата дека ќе ги вратат пратеничките мандати. Во Државната изборна комисија не се присутни ниту претседателот Никола Рилковски, ниту претставникот нивни во Комисијата, Виолета Дума. При врачувањето на пратеничките мандати Имер Алиу од ДПА одби да се ракува со потпретседателот Супхи Јакупи и обвини за изборен фалсификат во Чаир. Пратеничките...

Continue reading

markiranje

Во недела ќе се „маркира“ палецот од левата рака

Post Views: 2 Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака. За непречена реализација на изборите, ова упатство е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство, соопштува ДИК. {loadposition con...

Continue reading

kandidati

Иванов најдобар во првиот круг од претседателските избори

Post Views: 2 Ѓорге Иванов со освоени 51,63% или 447,123 гласови од 99,46% процесирани избирачки места, победи во првиот круг од претседателските избори. Тој освои околу 120.000 гласови повеќе од кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски, за кого гласаа 325.132 избирачи или 37,54%. Иљаз Халими освои 4,49% од гласовите или 38.893, а Зоран Попоски 3,61% или 31.293 гласа. Ова го покажуваат последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија. На претседателските избори излезноста беше 48,86% односно вкупно гласале 865.995 граѓани. Вториот круг од гласањето...

Continue reading

logo

ДИК го подигна целокупниот избирачки материјал

Post Views: 0 Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори. Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори што ќе се одржат во недела на тринаесетти април. Битолските печатари иако имаа кратки рокови, за само шест работни дена...

Continue reading

kandidati

Заклучен избирачкиот список за претседателските избори

Post Views: 0 За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица. Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена...

Continue reading

otisoci

Освен гласачко ливче, на изборите ќе оставаме и отпечаток од прст?

Post Views: 1 Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“. Освен тоа, како што објави весникот, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници. Ова, како што дознава „Дневник“ од извори во Министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top