Ознака: идеја

Млади луѓе со идеја за бизнис.

Post Views: 4 Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари. Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина. Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку...

Continue reading

Нови правила во фудбалот?

Post Views: 6 Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон. Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок. Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две измени,...

Continue reading

Bil Gates

Гејтс дава 100.000 долари за „суперкондом“

Post Views: 0 Бил Гејтс со својата фондација се бори против ширењето на сидата. Но основачот на Мајкрософт е незадоволен со сегашните кондоми, поради што и отвори конкурс. Тој смета дека кондомите би можеле да се користат на поедноставен начин и дека им недостасува подобра амбалажа. Неговата фондација Gates Foundation нуди 100.000 долари за оној кој ќе смисли подобро решение. Доколку некој има идеја, условите на конкурсот може да ги види на веб страната на Grand Challanges in Global Health. {loadposition content9}

Continue reading

debelo

Дебелите деца да добиваат послаби оценки

Post Views: 1 Дебелите ученици треба да бидат казнувани со послаби оценки,  предложил  светски познатиот нутриционист, Пјер Дукан.Оваа своја идеја, Дукан му ја претставил на претседателот на Франција, Никола Саркози, кој сè уште се нема огласено со службена изјава. Француските медиуми остро го критикуваа нутриционистот, велејќи дека таквата пракса би резултирала со лош однос на младите кон храната. “Мојата идеја не би променила ништо кај оние кои не треба да ослабнат, но затоа кај оние кои треба да симнат некој килограм, би створила дополнителна мотивација”, се брани Дукан,...

Continue reading

no sex

Нема влада – нема секс

Post Views: 8 Белгиската сенаторка Марлен Темерман предлага апстиненција од секс се додека не се состави новата влада во земјата. Нејзината идеја доби главно место на првите страници на печатените и електронските медиум и во земјата, а е прва вест и на националните вечерни телевизиски дневници. Ваквиот аргумент, оценет како штрајк од секс, неодамна даде резултат во Кенија. Додека преговорите за нова влада се наоѓаат во последната фаза, во која беше определен новиот посредник меѓу партиите, оваа идеја се чини го забавува аудиториумот. Темерман прецизира дека додека работела во Кенија,...

Continue reading

„Таа може“ преку обука и идеја до сопствен бизнис

Post Views: 5   Жените од Југозападниот плански регион успешно ги поминаа обуките за развој на женското претприемништво. Тие на пет дневната обука ги презентираа нивните идеи кои во иднина ќе им овозможат да основаат свој бизнис. Како што пренесе директорката на центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, жените имаат голема потреба од ваков тип на обуки преку кои го зголемуваат нивното знаење, им ги отвора видиците за нивно учество во бизнисот, како и да ги поттикне да основат старт – ап компании. „Очекуваме после овие квалитетни обуки, дека навистина ќе...

Continue reading

Приказна за една идеја

Post Views: 7 Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која 18 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит...

Continue reading

amerikansko katce

Секој може сам да си испечати маица

Post Views: 0 Ново искуство пред средношколците во Струга. Денес во Американското катче, целна група од 20 ученици од двете струшки гимназии сами си изработија маица на еден нов, лесен и интересен начин. Со техниката ги запозна Џеси Робертс креативниот диртектор Rise up international. „Денес се фокусиравме на печатењето на маиците сега втората сесија ќе биде сито печат и најлесно печатење на маици и постери. Јас многу едноставно почнав во Америка правејќи модели на хартија па со спреј бои ги прскав на маиците и така заработував. Значи идејата на ворк шопот е всушност користење на...

Continue reading

gimnazii struga

Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите

Post Views: 0 Нема да дозволиме политичките тензии на партиите во предизборието да создадат проблеми меѓу средношколците во Струга, велат првите луѓе на струшките средношколски установи. За време на изминатите изборни циклуси имаше голем број инциденти меѓу средношколците со политичка конотација, токму затоа ТВМ се обиде да дознае дали превентивно се делува и што се превзема во очи на двојните избори пролетва. Марија Коваческа директорката на „Нико Нестор“, вели дека непопуларната етикета која ја носи училиштето мора да се тргне. Додава дека за тоа ангажиран е  целиот наставен кадар...

Continue reading

Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар

Post Views: 2 Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор. „За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“. Доколку се реализира...

Continue reading

Struga

Стружани велат: Не е време за менување на имињата на улиците

Post Views: 6 Размислувањата на локалната од Струга за менување на називите на улиците плоштадите и мостовите, ја разбранува струшката јавност. Стружани генерално против. Како што велат, нив повеќе ги мачат комуналните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Велат дека на улиците во Струга повеќе им треба асфалт,атмосферска канализација,тротоари и решавање на хаосот. Во врска оваа идеја се огласија и политичките фактори од Струга. Перо Петкоски, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Струга вели дека градоначалникот на Општина Струга нема право  да ги менува имињата на улиците по...

Continue reading

“Најглупавата идеја на светот” некому носи богатство

Post Views: 3 Кога Alex Craig ѝ го објаснил својот бизнис план на својата девојка, таа му рекла дека тоа е најглупавата идеја за која некогаш чула. Меѓутоа Craig сакал да ризикува. Овој млад човек заработува повеќе од 10.000 долари месечно од продажба на компири кој ги испраќа по пошта. Тој на корисниците им наплаќа помеѓу осум и десет долари за еден компир во кој е напишана некоја убава порака, кој им ги испраќа по пошта на адреса по нивна желба, пишува Newser. “Мислам дека сите луѓе на патот кон успехот ги блокира стравот и сомнежот”, рекол тој. “Стравот од неуспехот и стравот дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top